Ајтос (село)

Координати: 40°39.38′N 21°33.15′E / 40.65633° СГШ; 21.55250° ИГД / 40.65633; 21.55250
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Аетос)
За градот Ајтос во Бугарија, видите Ајтос.
Ајтос
Αετός
Ајтос is located in Грција
Ајтос
Ајтос
Местоположба во областа
Ајтос во рамките на Суровичево (општина)
Ајтос
Местоположба на Ајтос во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°39.38′N 21°33.15′E / 40.65633° СГШ; 21.55250° ИГД / 40.65633; 21.55250
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000612000000612 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно759
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Ајтос за време на Првата светска војна

Ајтос или Аетос (грчки: Αετός) — село во Леринско, Егејска Македонија. Тоа е исто така центар на Општина Суровичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ајтос е оддалечено 12 км југозападно од Суровичево. Сместено е на надморска височина од 640 метри[2]. Атарот опфаќа 16 км2и се наоѓа во полето, а веднаш над него се издига планината Радож, која е разгранок на Вичо планина. Според записите на Ѓорче Петров селото Ајтос се наоѓа 4 часа на југ од градот Лерин, и е расположено на јужната падина на разгранокот којшто се испушта од Невешката Планина на исток кон Островското Езеро[3]. Тоа е едно од високите планински села во Леринската каза. Од него се гледа целиот Сариѓол. Граничи со селата Горицко, Невеска и Зелениче на запад, Негован на север, Љубетино на исток[3]. На југ се граничи со Врапчанското и Зазерското Езеро и селата кои се расположени крај нив, имено: Свето Тодори и Инско[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Името го добило од некој бег Аеги, кој живеел во соседното село Горицко, а Ајтос бил неговиот чифлик. Селото Ајтос се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде е запишано дека вкупно имало 59 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 69 товари, јачмен до 16 товари, 'рж до 13 товари, граор до 3 товари, бостан, овошје, лен, просо, леќа, обработувале лозја, чувлае свињи, кожурци и имало оревови дрвја и 10 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 6839 акчиња[4]. Ајтос била и сè до денес останала чисто македонска населба[2]. Се претпоставува дека селото е формирано од пребегнати македонски семејства од напуштеното село Бегна (Островско) и други села. На основа на податоци според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото имало 125 куќи со 690 жители од кои 80 куќи со 440 жители биле македонски – егзархистички, а 45 куќи со 250 жители биле македонски – гркомански.[3]. Во текот на Втората светска војна и во Грчката граѓанска војна селото настрада и даде повеќе жртви. Неколку семејства побараа спас во Југославија - околу 20 лица, а во источноевропските земји околу 40 лица. Подоцна се јавила и миграцијата во прекуокеанските земји.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Основните занимања на населението за земјоделството и сточарството.

Население[уреди | уреди извор]

Селото во 1913 г. имало 830 жители, во 1920 г. - 758, во 1928 г. - 941, во 1940 г. - 1189, во 1951 г. - 1056, во 1961 г. - 1016, во 1971 г. - 823, во 1981 г. - 860 и во 1991 г. имало 819 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1189 1056 1016 823 860 819 857 759
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ (Х/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 139.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 462–463. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 320.