Ает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ает (тур. ayet; арап. آية, ајах) е арапски збор што значи предзнак или чудо. Поимот обично се однесува на еден од 6236-те стиха на Куранот (6348 аети заедно со басмалите). Муслиманите го сметаат секој ает од Куранот како знак од Алах.

На крајот на секој стих во симбол е впишан бројот на аетот. Тој симбол е ۝, крај на аетот. Неговиот Уникоден број е U+06DD, а ۝۝۝۝ го означува крајот на една сура.