Аеродром Стенковец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Стенковец
Аеродром Бразда
Општо
Аеродромски видспортски
Служи заСкопје, Македонија
МестоположбаБразда
Надм. височина1,152 ст / 351 м
Координати42°03′33″N 021°23′28″E / 42.05917° СГШ; 21.39111° ИГД / 42.05917; 21.39111
Писта
Правец Должина Површина
ст м
12/30 1,205 трева

Аеродром Стенковец или уште познат како Аеродром Браздааеродром кој се наоѓа на 9 километри од Скопје, Македонија[1]. Ова е единствениот спортски аеродром во околината на Скопје.

Одобрен е за слетување и полетување на воздухоплови со максимална дозволена тежина на полетување од 5,700 килограми. Аеро клуб „Скопје“ е корисник на аеродромот. После 2005 година овој аеродром доживеал експанзија и започнал да удомува многу приватни авиони. Започнале да се градат и приватни хангари и приватни воздухопловни школски центри.

Стенковец е база на Аеро клуб Скопје, Pipistrel Flying Club - PFC, Wing Air Team и Метаморфоза. Главни активности на аеродромот се: моторно летање, летање со ултралесни авиони, едрилици, падобранство, парамоторно летање и моделарство.

На ареродром во 2019 година била осветена црква „Св. Ава Сисој Велики“.[2]

Мало осветување на параклис[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stenkovec Brazda Airport“. AirportGuide.com. Посетено на 27 May 2015.
  2. Мало осветување на параклис