Меѓународен аеродром Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Аеродром Петровец)
Меѓународен аеродром Скопје
Меѓународен аеродром Скопје, 2018 г.
Општо
Аеродромски видЈавен/Воен
ОператорТАВ Аеродроми
Служи заСкопје
МестоположбаПетровец, Македонија
Јазол заWizz Air
Надм. височина238 м / 781 ст
Мрежно местоskp.airports.com.mk
Карта
SKP is located in Македонија
SKP
SKP
Местоположба во Македонија
Писта
Правец Должина Површина
м ст
16/34 3.042 9.992 асфалт
Статистика (2019)
Патници2.360.400[1]
Местоположба на аеродромот

Меѓународен аеродром Скопје (IATA: SKPICAO: LWSK), порано Аеродром „Александар Велики“ — Скопје, познат и како Аеродром Петровец (именуван по неговото најблиско село Петровец) и Аеродром Скопје — најголемиот и најпрометниот меѓународен аеродром во Македонија. Другиот е Аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид.

На 27 декември 2006 година, македонската влада ги промени името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“.[3][4] Ова преименување дополнително ги влоши грчко-македонски односи, бидејќи двете држави го сметаат Александар Македонски како свој.

Во последните години, аеродромот забележува одлични резултати, остварувајќи рекорден број на поминати патници низ него во 2015 година.

Во февруари 2018 година, премиерот Зоран Заев најавил дека во духот на помирувањето на Македонија со Грција ќе биде предложено аеродромот да биде преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“.[5] Одлуката била официјално усвоена и објавена во Службениот весник на 14 февруари.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Одлука за изградба на аеродром во Скопје.

Првиот аеродром бил изграден во 1928 година, на 3 км оддалеченост од центарот на градот (денешна населба Аеродром), по дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт. Тој аеродром имаше меѓународна класификација, а се користеше само за дневни домашни и чартер летови. Пред Втората светска војна, во периодот од 1935-1936 година, покрај Аеродромот Скопје во употреба беше и Аеродромот Битола.

Првиот патнички авион кој слета на Аеродромот Скопје беше „Потез 29“ од француско производство, додека пак првиот лет беше на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Тој превезе 5 патници и 290 кг товар.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

Прв пилот бил М. Јерошенко. Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Како куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон. Во 1937 година во договор со авионското друштво „Аеропут“ и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот „Правда“ од Белград.

Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.

Првиот авион кој пристигнал на аеродромот

По Втората светска војна, во 1946 година беше воспоставена линија на релација Белград-Скопје со 5-6 летови секој работен ден во неделата, со авион ДЦ-3 (23 седишта). Во 1951 година беше воспоставен лет на релација Белград-Скопје-Солун-Атина, а по три години Белград-Скопје-Истанбул.

Во 1963 година до катастрофалниот земјотрес и по проширувањето на градот потоа, аеродромот остана на истото место.

Аеромитинг на аеродромот

Во 1987 година се изгради новата терминална зграда на местото на стариот аеродром со забележително поголем капацитет. Во временскиот период 1993-95 година се заврши надворешната реконструкција и проширување.

Старата терминална зграда до 2011 година
Новата терминална зграда по 2011 година

Фактори кои имаа влијание на обемот на сообраќај на Аеродром Скопје во изминатите години:

  • периодот 1989-1991 во СФРЈ - голем број на домашни летови
  • периодот 1991-1992 осамостојување на РМ - само летови за странство, само чартер летови
  • периодот 1992-1995 санкции во СРЈ - зголемување на бројот на операциите и патниците, воспоставување на редовни линии кон некои одредишта
  • 1996 - реконструкција на пистата на Аеродром Скопје - затвореност на аеродромот 2.5 месеци и намалување на обемот на сообраќај
  • 1998 - делумни санкции на СРЈ - зголемување на бројот на трансферните патници
  • 1999 - (Косовска криза) делумно затворање на регионот (пренасочување на патниците од Аеродром Приштина) , зголемен број на хуманитарни и војни операции.
  • 2000 - нормализирање на состојбите во регионот, зголемен број на редовни линии, сѐ уште се пренасочуваат патниците од Приштина
  • 1999 и 2000 год - зголемен обем на сообраќај во однос на претходните години приближно за пола. Од септември 2000 почнува да се намалува пренасочувањето на патниците од Приштина, така што во 2001 година се враќа обемот на сообраќај на ниво пред 1999 година.
  • 2001 - нарушување на состојбите во земјата на работ на војна, и состојбите во вкупното воздухопловство во светот поради терористички активности, откажување на редовни линии и престанок на оперирање на неколку редовни авиопревозници, мал број на чартер линиии, обид за воведување на домашен сообраќај.
  • 2002 - состојбата се нормализира така што имаме минимално зголемување на бројот на патници во однос на претходната година, но се намалува бројот на воени летови што влијае на намалување на бројот на операции.
  • 2003 - Ирачката војна и САРС синдромот на почетокот на годината предизвикаа глобално намалување на обемот на сообраќај во светот. Кај нас, континуираното намалување на migrant чартерите (за Цирих и Германија), како и на воените летови продолжува, додека постои тренд на зголемување на редовните линии.
  • 2004 - Благо опоравување во однос на претходната година кога имаше намалување на сообраќајот, што претежно се должи на воведување на 4 нови странски редовни превозници.
  • 2005 - Зголемување на сообраќајот во однос на претходната година, Намалување кај туристичките чартери, особено по случувањата во Шарм ел Шеик кон крајот на јули.
  • 2006 - Воведување EDS DCS систем за компјутерско чекирање од 16 јануари, пораст на сообраќајот за 4% во однос на 2005 г. Во структурата на сообраќајот најголем удел имаат редовните линии на кои се превезле 94% од вкупниот број на патници.
  • 2011 - Пуштена во функција новата, десетпати поголема терминална зграда, дел од проектот за модернизација на аеродромскиот комплекс вреден 100 милиони евра.[7]

Во структурата на сообраќајот, карактеристично е дека во периодот пред 10 години учеството на редовните линии во вкупниот број на операции бил 10% наспроти чартер линиите кои учествувале со дури 74%. Оттогаш наваму, редовните линии постојано се зголемуваат, а чартерите се намалуваат.

На оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром, а на оддалеченост од околу 100 км е аеродромот во Приштина, а на оддалеченост од 200 км се аеродромите во Солун, Охрид, Ниш, Тирана, Подгорица и Софија.

Избор на концесионер за реновирање на аеродромот[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на Аеродромот Скопје

Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

АвиопревознициДестинации
Aegean Airlines Атина
Air Cairo Хургада
Air Serbia Белград
AnadoluJet Сезонски: Анталија, Бодрум
Austrian Airlines Виена
Chair Airlines Цирих
Croatia Airlines Загреб
easyJet Женева
Edelweiss Air Цирих
Enter Air Сезонски: Базел/Милуз
FlyEgypt Сезонски чартер: Хургада
LOT Polish Airlines Варшава–Шопен
Norwegian Air Shuttle Сезонски: Осло (почнувајќи од 23 јуни 2023)[8]
Nouvelair Сезонски чартер: Монастир
Pegasus Airlines Истанбул–Сабиха Ѓокчен, Измир
SunExpress Сезонски: Анталија, Измир
Turkish Airlines Истанбул
Wizz Air Базел/Милуз, Бове, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Будимпешта, Шарлроа, Келн/Бон, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хан, Хамбург, Карлсруе/Баден-Баден, Лондон-Лутон, Малме, Меминген, Милано–Малпенза, Нирнберг, Рим-Чампино, Сандефјорд, Стокхолм–Скавста, Тревизо
Сезонски: Малта, Векше
Карта на дестинации

Статистика[уреди | уреди извор]

Погледнете го необработеното барање + препораки на за Wikidata.


Година Патници Промена Карго (тони) Промена Движења на авиони Промена
1990 312,492 1,872 3,466
1991 397,660 27,3% 1,088 41,9% 7,158 106,5%
1992 390,025 1,9% 1,023 6,0% 7,079 1,1%
1993 577,425 48,0% 4,338 324,0% 10,681 50,9%
1994 603,447 4,5% 6,936 59,9% 10,803 1,1%
1995 583,053 3,4% 10,205 47,1% 11,692 8,2%
1996 422,598 27,5% 3,209 68,6% 8,618 26,3%
1997 440,988 4,4% 4,881 52,1% 8,995 4,4%
1998 511,784 16,1% 5,239 7,3% 10,321 14,7%
1999 840,985 64,3% 11,682 123,0% 23,912 131,7%
2000 1,005,852 19,6% 4,335 62,9% 24,234 1,3%
2001 499,789 50,3% 3,262 28,8% 16,673 31,2%
2002 520,497 4,1% 3,271 0,3% 13,725 17,7%
2003 500,012 3,9% 2,083 36,3% 12,428 9,4%
2004 497,105 0,6% 2,004 3,8% 10,940 12,0%
2005 525,965 5,8% 1,815 9,4% 12,101 10,6%
2006 547,198 4,0% 1,903 4,8% 12,637 4,4%
2007 626,144 14,4% 2,194 15,3% 13,085 3,5%
2008 658,367 5,1% 2,771 26,3% 10,666 18,5%
2009 602,298 8,5% 2,125 23,3% 9,871 7,5%
2010 716,000 18,9% - - - -
2011 759,918 6,1% 2,376 - 10,977 -
2012 828,831 9,1% 2,297 3.3% 10,418 5.1%
2013 984,407 18,8% 2,504 9.0% 11,276 8.2%
2014 1,208,359 22,7% 3,422 36.7% 13,210 17.2%
2015 1,452,465 20,2% 2,649 22.6% 14,451 9.4%
2016 1,649,374 13,6% 3,090 10,9% 15,407 6.6%
2017 1,868,272 13,3% 2,744 11.2% 16,680 8.3%
2018 2,158,258 15.5% 3,298 20.2% 18,188 9.0%
2019 2,360,400 9,4% 3,407 3.3% 19,177 5.4%
2020 709,241 70.0% 2,132 37.4% 7,625 60.2%
2021 1,266,230 78.5% 3,039 42.5% 12,056 58.1%
2022 2,139,191 68.9% 2,635 13.3% 15,923 32.1%
2023(01.01-31.05) 957,719 47.5% 990 11.3% 6,988 40.1%

Најголеми авиопревозници (2022)[уреди | уреди извор]

Ранг Превозник Удел на пазарот
1 Унгарија Wizz Air 59,3%
2 Турција Turkish Airlines 11.0% (incl. AnadoluJet)
3 Турција Pegasus Airlines 6.7%
4 Австрија Austrian Airlines 6.2%
5 Швајцарија Chair Airlines 4.9%
Извор: [9]

Историја на несреќи[уреди | уреди извор]

  • На 24 јули 1992, Antonov 12BK на Volga Dnepr Airlines, се урна на планината Лисец при слетување на Аеродромот Скопје, откако екипажот излегол од курсот кога се обидувал да помине низ олуја бидејќи DME на Аеродромот во Скопје не работел. Сите 8 луѓе го изгубиле животот.[10]
  • На 5 март 1993, авион од типот Fokker F100 на Palair Macedonia кој летал до Цирих, се урнал неколку секунди после полетувањето од пистата 34. Истрагата за несреќата ја открила причината која лежела во екипажот. Имено тие не го одмразиле леталото пред заминувањето. Од 97 луѓе во авионот, 81 загинале.
  • На 12 јануари 2008, хеликоптер од типот Mil Mi-17 на Македонски воздушни сили, кој летал од Мостар до Скопје се срушил на рид близу до Катлановско Блато во густа магла и изгорел. Сите 11 луѓе го загубиле животот.[11]
  • На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на Austrian Airlines кој летал од Скопје за Виена, не успеал да ги вовлече тркалата при полетување и направил итно слетување на аеродромот во Скопје.[12][13][14]
  • На 13 февруари 2009 година, авион од типот Bombardier Dash 8 Q400 на MALÉV, од Будимпешта за Скопје, направил итно слетување откако пилотот во 16:05 часот пријавил дека десниот мотор не работи ,додека снижувал за слетување во Скопје. Немало повредени патници.[14][15][16]
  • На 14 ноември 2011, приватна Socata TBM700N (TBM850), која летала од аеродромот во Мастрихт до Скопје, удрила неколку врвови на дрвја, сигналните цветла на аеродромот при слетување и го промашила продолжениот асфалтиран дел од пистата и се приземјила на трева. Сите 5 луѓе избегале неповредени.[17]
  • На 11 февруари 2012, Boeing 737-55S на Czech Airlines, од Прага до Скопје направил итно слетување во Скопје поради чад кој излегувал од авионот. Аеродромските противпожарни возила и амбуланти биле спремни. Сите патници избегале неповредени.[18]
  • На 6 септември 2016, приватен Piper PA-34-200T Seneca II се сруши близу Ветерско, Велес при слетување во Скопје. Сите 6 патници загинале.[19]

Транспорт до аеродром[уреди | уреди извор]

Такси превозот до Скопје(аеродромските такси возила и веќе резервираните такси возила се поевтини) не би требал да чини повеќе од 1,220 денари.

Има автобуска линија која го поврзува Скопје со аеродромот(со застанување кај Capitol Mall ,Железничката станица и Hotel Holiday Inn/City Centre).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ex-YU Aviation. TAV Airports. 2012. стр. 86. Посетено на 2018-01-14.
  2. EAD - Аеродром „Александар Велики“ Архивирано на 22 март 2012 г. (англиски)
  3. „Презимето на Александар летна од аеродромот“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Дневник“, 29.12.2006
  4. Службен весник на РМ 1/07
  5. „Владата одлучи скопскиот аеродром да се вика „Mеѓународен аеродром Скопје", автопатот „Александар Македонски" преименуван во Пријателство“. ТВ 21. 6 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-02-09. Посетено на 8 февруари 2018.
  6. „Официјално: Преименувани автопатот и аеродромот“. Република. 15 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-02-15. Посетено на 15 февруари 2018.
  7. „„Александар Велики" ги пречекува првите патници“. Радио Слободна Европа. 9 септември 2011. Посетено на 23 мај 2020.
  8. Norwegian to enter Macedonian market
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име auto.
  10. https://aviation-safety.net/database/record.php?id=19920724-1
  11. https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=22611
  12. „My Info Agent“. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 7 May 2016.
  13. „2 Dash 8 emergency landings in Skopje, Macedonia - PPRuNe Forums“. Посетено на 7 May 2016.
  14. 14,0 14,1 „AUA-Maschine musste nach Start in Skopje umkehren“. derStandard.at. Посетено на 7 May 2016.
  15. „Dva prinudna sletanja u Skoplju“. B92.net. Посетено на 7 May 2016.
  16. „Page Redirection“. Посетено на 7 May 2016.
  17. https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=139922
  18. https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=143672
  19. https://aviation-safety.net/wikibase/wiki.php?id=189853

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Меѓународни аеродроми во Република Македонија
Охридски аеродром | Скопски Аеродром