Прејди на содржината

Адут (картачки игри)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Адут (карташки игри))
Рака бељот. Првиот играч одиграл карта пик, боја што третиот играч ја немал: наместо пик тој одиграл каро. Ако каро се адути, третиот играч ќе ја земе раката.

Адут[1][2]карта за играње што е подигната над својот вообичаен ранг во игрите со земање рака. Вообичаено, целата боја се номинира како адут. Овие карти потоа се појаки од сите карти од обична (неадутска) боја. Во други контексти, поимот адут се однесува на секаков вид дополнителна акција, моќ или политика што автоматски преовладува над сите други.

Воведувањето на адути е една од само двете големи иновации во игрите со земање рака откако се измислени; другата е идејата за лицитирање. Адутите, првично наречени триумфи, првпат се појавија со појавата на тарот-картите во кои постои посебен, постојан адут кој се состои од повеќе карти со слики. Првиот познат примерок од вакви карти била нарачана од војводата од Милано околу 1420 година и вклучувал 16 адути со ликови од грчки и римски богови.[3]

Адутски игри се бељотот и таротот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „адут“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „адут“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Pratesi, Franco (1989). „Italian Cards - New Discoveries“. The Playing-Card. 18 (1, 2): 28–32, 33–38.