Адонид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Адонид Ареј- лик од старогрчката митологија, син на Феник и Алфесибија. Тој бил поддржувач на војните поради војните. Не бил омилен меѓу боговите, освен што имал поддршка од Афродита која ја сакачла неговата страст и од лакомиот Ад што се радувал на младите воини што гинеле во војните.[1]

Митот за Адонид[уреди | уреди извор]

Адонид бил многу убаво момче и во него се вљубила божицата Афродита. Тој погинал за време на лов на вепар кого го испратил љубоморниот Ареј. Во негова слава се славел празникот Адонидово, кој траел два дена: првиот ден била оплакувана неговата смрт, додека вториот ден со голема радост се славел неговото враќање, зашто божицата на подземниот свет Персефона му дозволила половина година (пролетта и летото) да ги поминува на горниот свет, заедно со Афродита, додека втората половина од годината (есента и зимата) бил принуден да ги поминува во подземниот свет.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 68 - 69.
  2. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 94.