Адолф Аврил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адолф Аврил
Adolphe d'Avril.png
Роден/а17 август 1822
Париз, Франција
Починат/а27 октомври 1904
Монтрел-сур-Епт, Франција
Занимањеписател, дипломат, публицист
ДржавјанствоФранцузин

Адолф Аврил (француски: Adolphe d'Avril, роден на 17 август 1822 во Париз - починал на 27 октомври 1904 во Монтрел-сур-Епт) — француски писател, дипломат и публицист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Адолф Аврил е роден 17 Август 1822 година во Париз, Франција. По добивањето на неговата диплома по право на Сорбон, во 1847 година ја започнал својата кариера во Министерството за надворешни работи на Франција. Во 1866 година станал генерален конзул во Букурешт. Во 1868 година станал претставник на Франција во т.н. Комисијата за Дунав. Дипломатската кариера ја завршил во Чиле, каде на ниво на амбасадор на Франција работел во периодот од 1876 до 1882 година. Починал на 27 октомври 1904 .

Адолф Аврил оставил значајно книжевно наследство во форма на патеписи, различни преводи на француски јазик и новинарството. Некои дела ги објавувал под псевдонимот „Cyrille“.Дел од неговата работа била поврзана со проучувањето на словенската култура и историја. Тој напишал книги како „Битката на Косово“, „Од фолклорот. Песни од брегот на Неман“(1883), „'Св.Св Кирил и Методиј'“ (1885) 5].

Дела[уреди | уреди извор]

  • Voyage sentimental dans les pays slaves, 1876.
  • De Paris à l'île des Serpents, à travers la Roumanie, la Hongrie et les bouches du Danube, 1876.
  • La France au Monténégro, d'après Vialla de Sommières et Henri Delarue, récits de voyages publiés et complétés par Cyrille, 1876.