Административни поделби на Југославија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Југославија била административно поделена за време на кралството на покраини, области и бановини, а за време нафедерацијата на републики. Пониски управно-територијални единици биле окрузи (жупании), срезови (котари) и општини.

1918-1922[уреди | уреди извор]

Покраини на Краството на Србите, Хрватите и Словенците по утврдувањето на надворешните граници во 1920 година

До април 1922 година, во кралството постоеле 7 привремени покраини:

1922-1929[уреди | уреди извор]

33 области на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1922 година

Видовденскиот устава од 1921 година го воспоставил Кралството СХС како унитарна држава, и, од 26 април 1922 година, со 33 нови административни области се управувало од градот околу кој биле основани.. Нова поделба немала врска со претходната. Територијата била поделена на области:

  1. Врбаска Област
  2. Белградска Област
  3. Битолска Област
  4. Бихаќска Област
  5. Ваљевска Област
  6. Врањска Област
  7. Сремска Област
  8. Дубровничка Област
  9. Загрепска Област
  10. Тимочка Област
  11. Приморско-крајишка Област
  1. Шумадиска област
  2. Крушевачка Област
  3. Љубљанска Област
  4. Мариборска Област
  5. Мостарска Област
  6. Нишка Област
  7. Бачка Област
  8. Осиечка област
  9. Пожаревачка Област
  10. Косовска Област
  11. Сараевска Област
  1. Скопска Област
  2. Подунавска Област
  3. Сплитска Област
  4. Травничка Област
  5. Тузланска Област
  6. Моравска Област
  7. Ужичка Област
  8. Зетска Област
  9. Рашка Област
  10. Подринска Област
  11. Брегалничка Област

1929-1941[уреди | уреди извор]

Бановините на Кралството Југославија, од 1929 година

Од 1929 година, по прогласувањето на Кралството Југославије, административно се дели на бановини:

Бановина Хрватска настанала во 1939 година со спојување на Приморска и Савска Бановина, со поедини делови пд Врбаската, Дринската, Зетската и Дунавската Бановина.

1941–1944[уреди | уреди извор]

Окупација и поделба на Југославија во Втората светска војна од силите на Оската

Во Втората светска војна, Кралството Југославија било окупирано и поделено меѓу силите на оската. Биле формирани 3 марионетски држави:

Другите делови на Кралството Југославија биле окупирани од германски, италијански, унгарски, бугарски и албански трупи на Оската.

1945-1992[уреди | уреди извор]

Социјалистички републики и автономни покраини[уреди | уреди извор]

СФРЈ била поделена на шест социјалистички републики и на две социјалистички автономни покраини кои биле дел од СР Србија. Главен град бил Белград. СФРЈ ја сочинувале следните републики и покраини:

Име
Главен град
Знаме
Грб
Карта
Социјалистичка Република Босна и Херцеговина Сараево
Flag of Bosnia and Herzegovina (1946–1992).svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Bosnia and Herzegovina.svg
Социјалистичка Република Македонија Скопје
Flag of the Socialist Republic of Macedonia (1963–1991).svg
Coat of arms of Macedonia (1946–2009).svg
Социјалистичка Република Словенија Љубљана
Flag of Slovenia (1945–1991).svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Slovenia.svg
Социјалистичка Република Србија
Социјалистичка Автономна Покраина Војводина
Социјалистичка Автономна Покраина Косово (до 1963. Социјалистичка Автономна Област)
Белград
Нови Сад
Приштина
Flag of Serbia (1947–1992).svg
SR Serbia coa.png
Социјалистичка Република Хрватска Загреб
Flag of Croatia (1947–1990).svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Croatia.svg
Социјалистичка Република Црна Гора Титоград
Flag of Montenegro (1946–1993).svg
Coat of arms of Montenegro (1945–1994).svg

Територијална организација на републиките[уреди | уреди извор]

Иако уставот на ФНРЈ од 1946 година изречно предвидувал окрузи, нивното постоење било доведено во прашање веќе со првиот Општ закон за народни одбори од 21 мај 1946 година, со тоа што членот 9 на тој закон утврдувал дека помалите републики не морале да имаат окрузи. Потоа сите четири републики кои имале окрузи одлучиле да ги укината со свои закони во текот на 1947 година. Но штом биле укинати окрузите, се осетил нивниот недостаток. Затоа Президиумот на Народното собрание не ФНРЈ на 24 март 1949 година пропишал основање на области во сите републики освен во Црна Гора, како и тоа дека автономните единици Војводина и Косови и Метохија нема да се делат на области. Меѓутоа, и областите биле со краток век, бидејќи биле укинати веќе во 1951 година.[1]

Пред 1955 година постоел дури 338 срезови (вклучени и градови), по што со републички прописи нивниот број бил смален на 107 срезови. Бројот и понатаму им се смалувал, па така на крајот на 1958 година имало 91 срез. На 1 јануари 1960 година имало 75 среза. Во 1957 година во НР Црна Гора биле укинати сите срезови (котари), а потоа, на 31 декември 1959 година, и во Автономната Косовско-метохиска Област. Во Автономната Покраина Војводина во исто време биле задржани само шест среза (котари). Остатокот срезови постепено престанал да постои од 1963 до 1967 година.

  • Во Македонија, Словенија и Војводина - 1965.
  • Во Босна и Херцеговина - 1966.
  • во Хрватска и Србија - 1967.

Срезовите набрзо, во 1974 година, биле заменети со заедници на општини односно меѓуопштински регионални заедници.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Димић, Љубодраг (2001). Историја српске државности. 3. Нови Сад: Огранак САНУ.
  • Radojević, Mira (1991). „Demokratska stranka o državnom preuređenju Kraljevine Jugoslavije (1935-1939)“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 9 (1–2): 37–63.
  • Radojević, Mira (1992). „Sporazum Cvetković-Maček i pitanje razgraničenja u Sremu“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 10 (1–2): 61–72.
  • Radojević, Mira (1994). „Bosna i Hercegovina u raspravama o državnom uređenju Kraljevine (SHS) Jugoslavije 1918-1941. godine“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 12 (1): 7–41.
  • Радојевић, Мира (1995). „Споразум Цветковић-Мачек и Босна и Херцеговина“. Босна и Херцеговина од средњег века до новијег времена. Београд: Историјски институт САНУ. стр. 123–133.
  • Radojević, Mira (1996). „Srpsko-hrvatski spor oko Vojvodine 1918-1941“ (PDF). Istorija 20. veka: Časopis Instituta za savremenu istoriju. 14 (2): 39–73.
  • Radojević, Mira (2000). „Srpsko-hrvatski spor oko Bosne i Hercegovine i Vojvodine u periodu Kraljevine Srba, Hrvata i Slovenaca“. Dijalog povjesničara-istoričara. 2. стр. 325–339.
  • Смодлака, Јосип (1920). Нацрт југословенског устава (PDF). Загреб: Хрватски штампарски завод. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 јануари 2019. Посетено на 3 јануари 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]