Прејди на содржината

Аденике Оладосу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аденике Оладосу
Оладосу во 2020
Роден(а)Аденике Титилопе Оладосу
30 септември 1994(1994-09-30)(30 г.)
Абуџа, Нигерија
НационалностНигеријка
ОбразованиеЗемјоделски Универзитет во Макаруди
Активен период2018—
Познат(а) поактивист за климатски промени

Аденике Титилопе Оладосу (англиски и јорупски: Adenike Titilope Oladosu, 1994[1]) — нигериски активист за климатски промени, феминист и иницијатор на нигериското движење „Петоци за иднината“.[2][3]

Таа била една од првите три млади црни активисти на Африка кои се обидуваат за борба против климатските промени.[4]

Детство и образование

[уреди | уреди извор]

Оладосу е од Огбомошо во Ојо.[5] Таа се стекнала со основното образование во Абуџа, и продолжила на Земјоделскиот Универзитет во Маркурди, каде студирала земјоделска економија.[2][5]

Активизам

[уреди | уреди извор]

Оладосу започнака да организира климатски активизам откако започнака со универзитет. Таа видела дека земјоделците и сточарите се лути затоа што нивната земја станувала сè посушна, а другите заедници кои никогаш не се соочиле со поплави ги зазеле нивните обработливи површини. Специјалниот извештај за глобалното затоплување од 1,5 °C извештајот на IPCC ја навело да се приклучи на движењето „Петок за иднината“. Таа почнала да се залага помеѓу заедниците, училиштата и јавните места да зборува со луѓето за климатската криза. Таа ги поттикнала да садат дрвја и да ги едуцираат своите врсници.[6]

Во 2019 година, Оладосу била добитник на наградата Амбасадор на совеста од Амнести Интернешнл на Нигерија[7] и таа зборувала со светските лидери на младинскиот самит на ОН за климата.[8]

  1. Tsanni, Abdullahi (2019-06-11). „My fight for climate action has just begun – Adenike Oladosu“. African Newspage (англиски). Посетено на 2020-01-27.
  2. 2,0 2,1 Adebote, ‘Seyifunmi (2019-09-19). „Six Nigerian youth activists to attend UN Climate Summit“. EnviroNews Nigeria - (англиски). Посетено на 2020-01-26.
  3. Watts, Jonathan (2019-09-19). 'The crisis is already here': young strikers facing climate apartheid“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2020-01-27.
  4. Hanson, James. „3 young black climate activists in Africa trying to save the world“. www.greenpeace.org.uk. Посетено на 2020-01-27.
  5. 5,0 5,1 „Meet Adenike Oladosu, A Climate Justice Activist And Eco-reporter“ (англиски). Посетено на 2021-12-08.
  6. Hanson, James (28 October 2019). „3 young black climate activists in Africa trying to save the world“. Greenpeace. Посетено на 2020-01-27.
  7. VanVugt, Bianca (2019-03-05). „Support inspiring young women taking action on climate change“. Wasteless Planet. Посетено на 22 January 2020.
  8. McCarthy, Joe. „12 Female Climate Activists Who Are Saving the Planet“. Global Citizen. Посетено на 22 January 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]