Адем Мекиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адем Мекиќ
ПозицијаБек
Висина1,95 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубМЗТ Аеродром
Број10
Роден28 декември 1995(1995-12-28)(28 г.)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2013–
Клубови
2013–2014Вардар Апаве
2013–2014Македонија Млади (позајмица)
2014–2017МЗТ Аеродром
2017–2019Куманово 2009
2019АВ Охрид
2019-2020Пелистер
2020-МЗТ Аеродром
Репрезентација
Инфо од: 16 мај 2021.

Адем Мекиќ (роден на 28 декември 1995 во Скопје) — македонски кошаркар од бошњачка националност. Тој моментално е играч на МЗТ Аеродром.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Со МЗТ, Мекиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал во тогаш новиот прволигаш Вардар Апаве, каде настапувал на почетокот на сезоната 2013/14.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[3] За сезоната 2014/15 се преселил во МЗТ Аеродром. Тогаш Адем со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Мекиќ со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016.[4] Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата.[5]

(Куманово - Блокотехна) 2017г.
(Куманово - Гостивар) 2017г.
Куманово - Рилски (БИБЛ Лига) 15.11.2017
(Куманово - Пелистер) 02.12 (2)
Кошаркарски натпревар меѓу Куманово - Блокотехна (2017г.)

Сезоната 2017/18 ја започнал во МЗТ, но во ноември, поради слабата минутажа се преместил во Куманово 2009.[6][7] Следната сезона, Адем останал да биде играч на Куманово.[8][9][10] Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Мекиќ потпишал за АВ Охрид.[11][12] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Мекиќ се преселил во Пелистер.[13] За сезоната 2020/21, во почетокот на јули 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со МЗТ Аеродром.[14][15] Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

А репрезентација[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Мекиќ.[16] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[17]

Успеси[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2017/18[18]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[19]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2019/20[20]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
  2. „Vardar Apave - Rabotnicki 62:78“. Македонска Кошаркарска Федерација. 12 октомври 2018. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 14 август 2018.
  3. „Kozuv - Makedonija Mladi 89:49“. Македонска Кошаркарска Федерација. 5 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 14 август 2018.
  4. „KK MZT Aerodrom - roster 2015-16“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
  5. „KK MZT Aerodrom - roster 2016-17“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
  6. „МЕКИЌ: Одам во Куманово, по своите минути и место...“. sportmedia.mk. 13 ноември 2017. Посетено на 5 февруари 2018.
  7. „Куманово го доби Мекиќ, но доживеа потоп од Рилски“. gol.mk. 15 ноември 2017. Посетено на 5 февруари 2018.
  8. „Куманово се екипира: Мекиќ, Пенов, Ѓекиќ…“. ekipa.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
  9. „Мекиќ со нов договор, Пенов го засили Куманово“. sportmedia.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
  10. „Куманово потпиша со Пенов, а ги продолжи договорите со Мекиќ, Тодоровиќ, Ковач и Ѓекиќ“. gol.mk. 10 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
  11. „Со Охрид нема шега – се создава тим за плеј-оф“. ekipa.mk. 4 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
  12. „АВ Охрид потпиша со Мекиќ и Младеновиќ“. gol.mk. 5 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
  13. „Адем Мекиќ го избра Пелистер, битолчани со големо засилување“. gol.mk преку web.archive.org. 4 октомври 2019. Посетено на 4 октомври 2019.
  14. „Адем Мекиќ се врати во МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Мекиќ се врати назад во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 7 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  19. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. 20,0 20,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]