Адана (оро)
Изглед
Адана — македонско машко народно оро што се изведува во полукруг, со почетно држење на рацете за рамо, а кон крајот тие се слободно спуштени и се држат за китките. Се игра во 2/4 метар во умерено брзо темпо. Орото започнува со балансирање, а потоа со потскокнувања, вртења и потклекнувања. Најчесто се игра во Велешко.
Литература
[уреди | уреди извор]- Македонска енциклопедија (прва книга). „МАНУ“, Скопје 2009 година.
- Македонски народни ора, Скопје, 1977,91 година
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Изведба на орото од страна на чалгаџиски ансамбл (Пеце Атанасовски ; Ансамбл Македонија)
- Изведба на орото на канон од страна на Хусрев Саид
- Изведба на орото на кларинет од страна на Панче Здравков и Тале Огненовски
- Изведба на орото од страна на група Искон