Прејди на содржината

Адам Калмиков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Адам Иванович Калмиков (? – Делчево, Пијанечко, 1885) – руски мајор, доброволец во Кресненското востание.

Бил доброволец во Српско-турска (1876) и во Руско-турската војна (1877-1878). Стапил во врска со Софискиот комитет „Единство” и зел учество во Кресненското востание (1878/1879). На почетокот на септември 1878 година, чета предводена од Калмиков, составена од доброволци од Видин и Ќустендил, била разбиена од турската стража при Деве Баир, а Калмиков морал да се врати по нови ресурси во Софија. Истата судбина ја доживеала и втората чета на „Единство“, предводена од Полјакот, мајор Лудвик Војткевич.

Имал голем придонес за поразот на востанието.