Прејди на содржината

Адам Гнезда Черин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Гнезда Черин
Лични податоци
Роден на 16 јули 1999(1999-07-16)(25 г.)[1]
Роден во Постојна, Словенија[1]
Држава Словенија Словенија
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Панатинаикос Панатинаикос
Број 16
Младинска кариера
Браво Браво
Домжале Домжале
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2019 Домжале Домжале 53 (8)
2019-2022 Нирнберг Нирнберг 5 (0)
2020-2022Риека Риека 58 (3)
2022- Панатинаикос Панатинаикос 60 (4)
Репрезентација
2015-2016 Словенија Словенија 17 5 (1)
2017 Словенија Словенија 19 3 (1)
2018-2021 Словенија Словенија 21 12 (0)
2020- Словенија Словенија 33 (4)

Адам Гнезда Черин (роден на 16 јули 1999 година, во Постојна) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Панатинаикос и на словенечката репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Гнезда Черин ја започнал кариерата во екипата на Домжале. После две години, во кои запишал 65 натпревари и 10 голови за Домжале, тој ја напуштил татковината и потпишал за германскиот клуб Нирнберг. Своето деби во Втората Бундеслига го направил на 21 септември 2019, влегувајќи од клупата на местото на Хано Беренс, во ремито 1-1 на домашен терен против Карлсруе. Поради слабата минутажа во Нирнберг, забележувајќи само 5 настапи во текот на сезоната 2019-2020, тој заминал на двегодишенна позајмица во хрватската Риека каде одиграл 73 натпревари и постигнал 3 гола.

На 2 јули 2022 година, Панатинаикос го купил Гнезда Черин од Нирнберг за €700,000, а играчот се согласил да потпише четиригодишен договор.[2] Дебитирал за атинскиот гигант на 4 август 2022, во поразот со 2-0 од Славија Прага во третото квалификациско коло од УЕФА Лигата на конференции. Своето деби во грчкото првенство го направил на 21 август 2022, во победата со 1-0 на домашен терен над Јоникос. Својот прв гол во дресот на Панатинаикос го постигнал на 29 октомври 2022, во победата со 5-1 на гостувањето кај Волос.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Откако настапувал за младите словенечки селекции под 17 и под 19 години, на 11 септември 2018 година, тој го направил своето деби за словенечката репрезентација под 21 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2019, во кој го победиле Казахстан со 2-1.[3]

За сениорската репрезентација дебитирал на 11 ноември 2020 година, во пријателски натпревар против Азербејџан кој завршил 0-0. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 14 ноември 2021 година, во победата со 2-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Светско првенство 2022.

Во јуни 2024, бил избран во списокот од 26 играчи кој ја претставувале Словенија на Европското првенство 2024 во Германија.[4] Тој играл од почеток до крај во сите четири натпревари на својата земја, која германската авантура ја завршила во осминафиналето по поразот на пенали од Португалија во Франкфурт, откако по 120 минути игра немало постигнат гол (0-0).[5]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Словенија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-11-2020 Љубљана Словенија Словенија 0 – 0 Азербејџан Азербејџан Пријателска - влегол во игра 45'
1-9-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Азербејџан Азербејџан Квал. за СП 2022 - влегол во игра 70' добил жолт картон во 90-тата минута 90'
4-9-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 0 Малта Малта Квал. за СП 2022 -
7-9-2021 Сплит Хрватска Хрватска 3 – 0 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 -
8-10-2021 Та Кали Малта Малта 0 – 4 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 -
11-10-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 2 Русија Русија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 27-мата минута 27' заменет 87'
14-11-2021 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Кипар Кипар Квал. за СП 2022 1
26-3-2022 Ал Рајан Хрватска Хрватска 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска - заменет 63'
29-3-2022 Доха Катар Катар 0 – 0 Словенија Словенија Пријателска - влегол во игра 45'
2-6-2022 Љубљана Словенија Словенија 0 – 2 Шведска Шведска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
5-6-2022 Белград Србија Србија 4 – 1 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 63'
9-6-2022 Осло Норвешка Норвешка 0 – 0 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
12-6-2022 Љубљана Словенија Словенија 2 – 2 Србија Србија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 1 добил жолт картон во 47-мата минута 47'
24-9-2022 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Норвешка Норвешка УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
27-9-2022 Солна Шведска Шведска 1 – 1 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - добил жолт картон во 90-тата минута 90'
17-11-2022 Клуж-Напока Романија Романија 1 – 2 Словенија Словенија Пријателска -
20-11-2022 Љубљана Словенија Словенија 1 – 0 Црна Гора Црна Гора Пријателска - добил жолт картон во 27-мата минута 27'
23-3-2023 Астана Казахстан Казахстан 1 – 2 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 -
26-3-2023 Љубљана Словенија Словенија 2 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за Евро 2024 -
16-6-2023 Хелсинки Финска Финска 2 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 -
19-6-2023 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Данска Данска Квал. за Евро 2024 -
7-9-2023 Љубљана Словенија Словенија 4 – 2 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за Евро 2024 -
10-9-2023 Серавале Сан Марино Сан Марино 0 – 4 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 -
14-10-2023 Љубљана Словенија Словенија 3 – 0 Финска Финска Квал. за Евро 2024 -
17-10-2023 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 1
17-11-2023 Копенхаген Данска Данска 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 -
20-11-2023 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Казахстан Казахстан Квал. за Евро 2024 -
21-3-2024 Та Кали Малта Малта 2 – 2 Словенија Словенија Пријателска - заменет 62'
26-3-2024 Љубљана Словенија Словенија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска 1
4-6-2024 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Ерменија Ерменија Пријателска -
8-6-2024 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Бугарија Бугарија Пријателска - заменет 82'
15-6-2024 Штутгарт Словенија Словенија 1 – 1 Данска Данска Евро 2024 - Прва фаза -
20-6-2024 Минхен Словенија Словенија 1 – 1 Србија Србија Евро 2024 - Прва фаза -
25-6-2024 Келн Англија Англија 0 – 0 Словенија Словенија Евро 2024 - Прва фаза -
1-7-2024 Франкфурт на Мајна Португалија Португалија 0 – 0 прод.
(3 – 0 пен.)
Словенија Словенија Евро 2024 - Осминафинале -
Вкупно Настапи 35 Голови 4

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статитиката е ажурирана на 21 мај 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2017-2018 Словенија Домжале 1.СНЛ 11 0 КС 0 0 ЛЕ 2[6] 0 - - - 13 0
2018-2019 1.СНЛ 35 7 КС 2 1 ЛЕ 4[6] 0 - - - 41 8
јул.-сеп. 2019 1.СНЛ 7 0 - - - ЛЕ 4[6] 1[6] - - - 11 1
Вкупно Домжале 53 7 2 1 10 1 - - 65 9
сеп. 2019-2020 Германија Нирнберг 5 0 - - - - - - - - - 5 0
2020-2021 Хрватска Риека 1.ХНЛ 28 1 КХ 3 0 ЛЕ 5[7] 0 - - - 36 1
2021-2022 1.ХНЛ 30 2 КХ 3 0 ЛК 4[6] 0 - - - 37 2
Вкупно Риека 58 3 6 0 9 0 - - 73 3
2022-2023 Грција Панатинаикос СЛ 34 1 КГ 4 3 ЛК 2[6] 0 - - - 40 4
2023-2024 СЛ 26 3 КГ 4 0 ЛШ+ЛЕ 4[6]+6 0 - - - 40 3
Вкупно Панатинаикос 60 4 8 3 12 0 - - 80 7
Вкупно во кариерата 176 14 16 4 31 1 - - 223 19

Грција Панатинаикос

[уреди | уреди извор]
2023-2024
  1. 1,0 1,1 1,2 „Slovenia – A. Čerin – Soccerway“. Soccerway. Посетено на 26 August 2020.
  2. To. G. (2 July 2022). „Gnezda Čerin za štiri leta k Panathinaikosu“ (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 3 July 2022.
  3. Slovenia U21-Kazakistan U21 2-1 transfermarkt.it
  4. „Kek izbral šestindvajseterico za Evropsko prvenstvo“ [Кек ги избра 26-те играчи за Европското првенство 2024] (словенечки). Football Association of Slovenia. 7 June 2024. Посетено на 18 June 2024.
  5. „ВИДЕО: Кошта ја прочита Словенија, Португалија по пенали во четвртфинале!“. gol.mk. 1 јули 2024. Посетено на 2 јули 2024.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Во квалификациските кола.
  7. 2 настапи во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]