Адам Бодор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Бодор

Адам Бодор (унгарски: Bodor Ádám), (1936, Коложвар, Романија -) е современ унгарски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Адам Бодор е роден во 1936 година во Коложвар, Романија. Потекнува од протестантско семејство од високата средна класа. Дипломирал реформаторска теологија. Од 1968 година, Бодор работи како професионален писател. Подоцна, поради неповолните услови за живот и работа во Романија, тој се преселил во Унгарија. Работел како уредник во една од најголемите унгарски издавачки куќи "Magvető".[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Бодор е автор на поголем број збирки раскази и романи кои се преведени на повеќе европски јазици: романски, англиски, германски, српски, француски, норвешки, италијански, дански, руски и полски. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ Сецирање на живо, во издание на Темплум. Врз основа на неговите новели, во 1970-тите се снимени филмови во режија на Петер Бачо и Золтан Фабри.[2]

Негови поважни дела се:[2]

  • Сведокот (раскази и скици), 1969 година
  • Плус-минус еден ден (кратки раскази), 1974 година
  • Доаѓање на север (кратки раскази), 1978 година
  • Каков ли е еден превој? (кратки раскази), 1980 година
  • Планината Зангезур (кратки раскази), 1981 година
  • Еуфрат кај Вавилон (кратки раскази), 1985 година
  • Округот Синистра (поглавје од еден роман), 1991 година
  • Посетата на надбискупот (роман), 1995 година
  • Мирисот на затворот: Одговори на прашањата на Жофија Бала, 2001 година

Признанија[уреди | уреди извор]

Бодор е добитник на повеќе награди, како што се:[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 221.
  2. 2,0 2,1 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 221-222.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 222.