Аграрна реформа во НР Македонија (1945-1948)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аграрна реформа во НР Македонија (1945-1948) — претставува мерка на аграрната политика, со којашто е извршена промена на сопственичките односи на земјоделското земјиште во Народна Република Македонија.

Таа била спроведувана под паролата „Земјата му припаѓа на оној кој ја обработува“ и тоа низ две фази. Првата фаза е експропријација, а втората била поделбата на земјата.

Експропријацијата била во надлежност на месни аграрни комисии. Во поголемиот дел околии во НР Македонија, реформата се одвивала, од почетокот на 1946 година, до првите денови на март истата година. Во овој процес биле опфатени 10978 поседи и површина од 101 435 ha. Доделената земја не можела да биде разделена, продадена, дадена во мираз, под наем или заложена во рок од 20 години од нејзиното запишување во таписките книги. Нераспределените земјишни фондови во текот на 1948, им биле предадени на земјоделските задруги. [1]

За секретар на Комисијата за аграрна реформа бил поставен Ванчо Бурзевски.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 13–14. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 229