Прејди на содржината

Агенција за борба против дрога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Агенција за борба против дрога
Грб на органот
Податоци за органот
Основан 1 јули 1973; пред 52 години (1973-07-01)
Седиште ул. Ферн (јужно), Вашингтон, САД
38°51′51″N 77°03′27″W / 38.8642284°N 77.0575271°W / 38.8642284; -77.0575271
Вработени 10,784 (2009)
Годишен буџет $2 бил. (2014)[1]
Раководител Утам Дилон
(Администратор (в.д.))
Матично одделение Министерство за правда
Мрежно место
dea.gov

Агенција за борба против дрога (на англиски: Drug Enforcement Administration), скратено ДЕА — законоспроведувачка агенција во Министерството за правда на САД што се бори со трговијата на дрога. Taa e главната агенција што работи на спроведување на законите за контролирани супстанции (дрогата). Таа има овластувања да се координира со американски наркоистражувачи во и надвор од државата.