Агалар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Агалар
Κρήνη
Агалар is located in Грција
Агалар
Агалар
Местоположба во областа
Агалар is located in Места (општина)
Агалар
Местоположба на Агалар во Општина Места и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°03′N 24°44′E / 41.050° СГШ; 24.733° ИГД / 41.050; 24.733Координати: 41°03′N 24°44′E / 41.050° СГШ; 24.733° ИГД / 41.050; 24.733
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаМеста
Општ. единицаСаришабан
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно34
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Агалар (грчки: Κρήνη, Крини) — село во Општина Места во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 67 километри западно од градот Кавала и на 13 километри северно од Саришабан.

Селото се наоѓа на надморска височина од 70 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со турско население.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Крини[2].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година бројот на населението бил 108 лица, додека во 1940 година селото броело 95 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 78 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 81 жители, во 1971 година имало 72 жители, во 1981 година имало 67 жители, додека во 1991 година имало 52 жители[3]. Денеска, населението на селото е 34 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 95 78 81 72 67 52 / 34
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја.