Прејди на содржината

Автопортрет (Шкодреану)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автопортрет
Творец Коста Шкодреану
Година 1900
Димензии 54 см × 40 см
Место Национална галерија на Македонија, Скопје

Автопортрет — слика од Коста Шкодреану. Сликата е пастел на картон, со димензии 54 х 40 см, насликана во 1902 година. Во сопственост е на Националната галерија на Македонија во Скопје.[1]

Шкодреану автопортретот го насликал во десен полупрофил со малку подигната глава. Облечен е во градска облека: темносин костум, бела кошула со подигнати јаки и темна вратоврска. Гордата поставеност на неговото тело и замислениот, романтичен поглед, укажуваат на тоа дека се работи за чувствителна, но истовремено интелигентна, исполнета и остварена личност. Во заднината видлива е силна бела светлина која во вид на ореол е поставена околу главата. [1]

  1. 1 2 „МАКЕДОНСКО ПРОФАНО СЛИКАРСТВО (XIX – почеток на XX век)“ (PDF). Национална галерија на Македонија. 2013. Посетено на 25 јануари 2025.