Автопатишта во Словенија

Автопатишта во Словенија — централните државни патишта во Република Словенија, поделени на автопати (словенечки: avtocesta, AC) и експресни патишта (hitra cesta, HC). Автопатите се составени од двојни коловози со ограничување на брзината од 130 км/ч, знаците се со зелена позадина, како во Италија, Хрватска и другите земји во близина, а хоризонталната сигнализација е со бели линии. Експресните патишта се споредни патишта, исто така двојни коловози, обично без помошна лента. Тие имаат ограничување на брзината од 110 км/ч и имаат сообраќајни знаци сина позадина.
Со автопатиштата и придружните објекти во Словенија управува државната компанија за автопати во Република Словенија (Družba za avtoceste v Republiki Sloveniji, acronym DARS) основана во 1994 година. Од јануари 2011 година, ДАРС управува и одржува 544,3 километри автопати, 73,3 километри експресни патишта, 161 километри пристапни патишта и 27 километри места за одмор. Од 1 јуни 2008 година, корисниците на автопатиштата во Словенија се обврзани да купат вињета: достапни се 7-дневни, 1-месечни и годишни пропусници.
Автопатишта
[уреди | уреди извор]| Бр. | Од | До | км | Европски пат |
|---|---|---|---|---|
| Шентиљ |
Копер |
245.3 |
||
| Тунел Караванкс |
Обрежје |
174.5 |
||
| Дивача |
Сежана |
11.3 |
||
| Хоче-Сливница |
Подлехник |
33.7 |
||
| Песница |
Лендава |
79.6 |
Експресни патишта
[уреди | уреди извор]| Бр. | Од | До | км |
|---|---|---|---|
| Задоброва |
Косезе | 10.2 | |
| Раздрто | Вртојба |
42.1 | |
| Сподње Шкофије |
Копер |
7.8 | |
| Копер |
Изола | 5.2 | |
| Долга Вас (делница) | Долга Вас (граничен премин) | 3.5 |









