Автономија (1902)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автономија (француски: „L’Autonomie”) бил полумесечен орган на Националниот комитет за автономија на Македонија и Албанија во Лондон, со мото: „Македонија на Македонците и Албанија на Албанците“.[1] Се печател во периодот од 10 мај до 15 јули 1902 година. Издавач е организаторот и раководител на Комитетот Стефан Дамчев Македон (од Битолско), а уредник членот на Комитетот А. Лазаревиќ (Чернуцки).[2]

Програмската концепција е објавена во првиот број во вид на меморандум до султанот, каде што во 12 точки се бара: автономија на Македонија (Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает) и на Албанија (Скадарскиот и Јанинскиот вилает) под политичка и воена власт на султанот.[3]

Текстовите на петте броја на весникот се објавувани на француски и на англиски јазик, а со првите три броја, како посебен додаток, се печати и се дистрибуира и весникот “Eastern European Review”.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Миневски, „Кој го посеа семето на непријателството“, „Нова Македонија“, 10.06.2020.
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин од 1902 г.“, „Македонска нација“, 28.03.2018.
  4. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 788 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Блаже Ристовски, „Историја на македонската нација“, МАНУ, 1999, 105-126 стр.
  • Катерина Наумовска (ур.), „Автономија“, Скопје, 1995.