Автомобилски регистарски таблички во Апхазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Апхазиска табличка

Владата на Апхазија, која се смета како независна од Грузија, издава свои регистарски таблички за моторните возила кои се регистрирани на територијата на Апхазија. Дизајнот на табличките е ист како на табличките од Русија, но без регионален код, наместо Знаме на Русија стои знаме на Апхазија, и наместо кодот RUS стои кодот ABH.

Шемата на табличката е следна: A-001-AA. Се користат букви од кирилицата кои се слични со латиницата. Буквите кои се користат се: А, Б, В, Е, К, М, Н, О, Р, С, Т, У, и Х.

Грузија не ги признава табличките од Апхазија, а исто така и Апхазија не ги признава табличките на Грузија.