Автобиографија (Григор Прличев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автобиографија
Првата страница на автобиографијата во изданието на бугарското министерство за народна просвета, 1894.
АвторГригор Прличев
ЗемјаБугаријаа
Јазикбугарски
ЖанрАвтобиографија
ИздавачМинистерство за народна просвета на Бугарија
Издадена
1894
Страници58[1]

Автобиографија - дело на македонкиот поет и преродбеник Григор Прличев во кое пишува за неговиот животопис. Делото е напишано во 1884/85 година, но истата е објавена дури цела деценија подоцна, во 1894 година, од страна на бугарското министерство за народна просвета. Автобиографијата на Прличев претставува последната поголема творба што останала од него.

За делото[уреди | уреди извор]

Својата автобиографија Григор Прличев започнал да ја пишува во 1884 година, во времето кога учителствувал во Солунската Гимназија. Иако делото го пишувал цела година, тоа е прилично кратко. Тоа особено се забележува во одредени делови каде се прескокнуваат цели делови од неговиот живот. Сепак, ова дело ни дава јасна слика за борбата на македонските преродбеници против грчката пропаганда и за животот во Охрид во 19. век. И покрај тоа Прличев ја завршил автобиографијата во 1885 година, таа била објавена дури во 1894 година, т.е. по неговата смрт, како дел од зборниците издадени од бугарската влада.[1]

Во автобиографијата се испечатени и три песни на Прличев. Две од овие стихотворби оставиле траен белег на животот во Охрид низ периодот на националното самоосознавање и подоцнежната борба за слобода.[2]

Белешки[уреди | уреди извор]

^ a. Прличев својата автобиографија ја пишува во Солун помеѓу 1884 и 1885 година. Делото е објавено цела деценија подоцна, во 1984 година од страна на бугарската влада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Сборник за народни умотворения, наука и книжнина, книга 11 [Зборник на народни умотворби, наука и книжинина, книга 11] (PDF) (бугарски). Бугарија: Министерство за народна просвета. 1894. стр. 346–403. Автобиография отъ Гр. С. Пърличевъ
  2. Сталев, Георги (1973). Григор Прличев. Македонија: Мисла Скопје. стр. 56–57. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 2021-01-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]