Австриски референдум (1938)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Австриски референдум (1938)
@Дали се согласувате со повторното обединување на Австрија со Германскиот Рајх и дали гласате за листата на нашиот лидер Адолф Хитлер?“
МестоАвстрија
Датум10 април 1938
Исход
Да или не Гласови Удел
Yes check.svg Да 4,453,912 &1000000000271878400000027.187,84%
X mark.svg Не 11,929 &1000000000000728200000072,82%
Важечки гласови 16,382 &100000000000000370000000,37%
Неважечки гласови -11,911 &09999999999999972999999-0,27%
Вкупно гласови 4.471.618 100.00%
Излезност &1000000000000997100000099,71%
Гласачко тело 4.484.617
Дел од серијалот за
Историјата на Австрија
Austria coat of arms official.svg
Икона за портал Портал: „Австрија

Референдум во Австрија од 1938 или Рефереднум за припојување кон Германијареферендум се одржал во Австрија, која била окупирана од Германија на 10 април 1938 година[1], заедно со оној во Германија[2]. Германските војници веќе ја имале окупирано Австрија еден месец претходно, на 12 март 1938 година. Официјалниот резултат бил пријавен како 99,73% „За“[3]со излезност од 99,71%[4].

Позадина[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Првата светска војна, новооснованата Австрија тврдела дека треба да го има суверенитетот над мнозинската германска територија од поранешното Хабсбуршко Царство. Според нејзиниот привремен устав, таа се поистоветувала за дел од новооснованата Вајмарска Република. Подоцнежните плебисцити во Тирол и Салцбург во 1921 година, каде мнозинството од 98,77%[5] и 99,11% [6] гласале за обединување со Германија, покажале дека истото било поддржано и од населението.

Во септември 1919 година Австрија морала да го потпише Договорот од Сен Жермен, кој не само што значел значителни загуби на територијата, туку била принудена да го смени и името од Германска Австрија во Австрија. Понатаму, членот 88 од спогодбата вели дека „независноста на Австрија е неотуѓлива на друг начин, освен со согласност на Советот на Лигата на народите“, за да се спречи секој обид за обединување со Германија.

Кампања[уреди | уреди извор]

За време на водењето на референдумот, кампањата на Адолф Хитлер вклучувала антикатолички и антисемитски постери. Менаџерите на кампањата објавиле дека не се противат на референдумот. Референдумот бил поддржан од Социјалдемократската партија на Австрија, чиј лидер Карл Ренер го поддржал Хитлер на 3 април, и кардиналот Теодор Иницер, највисок претставник на Римокатоличката црква во Австрија[7].

Резултати[уреди | уреди извор]

Избор Глас %
За 4,453,912 99.73
Против 11,929 0.27
Неважечки гласови 5,777
Вкупно 4,471,618 100
Регистрирани гласови 4,484,617 99.71
Извор: Direct Democracy

Иако имало неправилности, списанието LIFE во 1938 година признало дека резултатите од референдумот биле во голема мера искрени[8]. Некои повоени извештаи тврдат дека анкетата била лажирана, но за тоа нема докази[9]. Резултатот Масивниот притисок врз кој биле изложени луѓето дошле од фактот што многумина го обележале гласачкото ливче пред работниците во кампањата, за да не се сомневаат дека гласале против Аншлус[10]. Тајноста на гласачкото ливче во практика не постоела[11].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dieter Nohlen & Philip Stöver (2010) Elections in Europe: A data handbook, p176
  2. Nohlen & Stöver, p762
  3. Austria, 10 April 1938: Anschluss with Germany, Reichstag list Direct Democracy (германски)
  4. The propagandistic preparation for the referendum Архивирано April 4, 2007, во Wayback Machine. Documentation Centre of Austrian Resistance (германски)
  5. 24. April 1921: Anschluss with Germany Direct Democracy (германски)
  6. 29. Mai 1921: Anschluss with Germany Direct Democracy (германски)
  7. Bukey, Evan Burr (2000). Hitler's Austria : popular sentiment in the Nazi era, 1938-1945. Chapel Hill, N.C.: University of North Carolina Press. стр. 36. ISBN 0807853631. 
  8. Germans from England - "Ja" on a Special Trip Out to Sea“, „Life“, 2 мај 1938, стр. 21 (посет. 28 ноември 2011 г).
  9. Bukey 2000, p. 34
  10. Wilhelm J. Wagner: Der große Bildatlas zur Geschichte Österreichs. Kremayr & Scheriau, 1995, (chapter „Heim ins Reich“).
  11. Sandra Paweronschitz. 2006. Zwischen Anspruch und Anpassung. Journalisten und der Presseclub Concordia im Dritten Reich. Wien. p.21