Прејди на содржината

Австриски лен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австриски лен
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Ленови
Род: Лен
Вид: Австриски лен
Научен назив
Linum austriacum
L.

Австриски лен (науч. Linum austriacum) — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae).[1]

Домородна е од источна Средна Европа до Западна и Средна Азија. На Балканот најзастапена е во Р. Македонија, Егејска Македонија и Тесалија.[1]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Р. Македонија австрискиот лен расте по ридски и планински пасишта и камењари, речиси на целата територија на земјата.[2]

Познат е за Скопска Црна Гора (Љ. Групче), Скопско — Катлановско Блато, с. Нова Брезница; Тетовско — с. Рогачево; Таорска Клисура, клисура на р. Пчиња и клисура на р. Тополка; Кумановско — с. Слупчане, с. Пчиња, помеѓу с. Доброшане и с. Орашац; Велешко — Гроот, с. Чашка, с. Уланци, с. Ногаевци, (†) с. Јаношево, Светиниколско — с. Делисинци, с. Кадрифаково; околината на Штип; околината на Кочани; Кичево — помеѓу с. Прострање и с. Големо Црско; Порече — Барбарас; Прилепско — Дабничка Планина (Д. Абрашевски), с. Дебреште; Неготинско — Војшанска Река, с. Криволак, (†) с. Џидимирци;

Се посочува за Прилепско — Плетвар, Демир Капија, с. Градско, пл. Голешница (Vandas, 1909); Мариово — Лубеница (Herzog, 1922); Битола (Velenovský, 1922); околината на Струмица (Рудски, 1943).[2]

  1. 1 2 Linum austriacum L. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 6 февруари 2021.
  2. 1 2 Мицевски, Кирил (2005). Флора на Република Македонија. Том I, св. 6. Скопје: МАНУ. стр. 1471-1472.