Австралиско-македонски неделник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австралиско-македонски неделник
Australian-Macedonian Weekly
ТипНеделен весник
УредникЉупчо Станковски
Основан28 април 1964
ЈазикМакедонски
СедиштеМелбурн, Скопје
СтраницаОнлајн верзија на весникот

„Австралиско-македонски неделник“ (англиски: Australian-Macedonian Weekly) — австралиско-македонски весник што излегува во Мелбурн од 5 мај 1986 година.

Тој е најтиражниот весник на македонски јазик надвор од Македонија. Основачи биле Анџело Патерас, Џим Томев, Петар Коруновски и Красте Наумовски, а главен уредник бил Џим Томев. Подоцна, сопственик и уредник биле Александар Георгиев (1991 - 1993), Златко Блаер и Лупчо Станковски (1993 - 1999) и Лубчо Станковски (од 1999 година). Весникот има редакција и во Скопје [1] .

Весникот бил тужен во Австралија за клевета во статија од мај 2009 година во која Грците биле наречени „изроди“. Во септември 2011 година, судот во Мелбурн го ослободи од одговорност издавачот на весникот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 103. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. VCAT rejects AMAC case