Аврора (митологија)
Изглед
Аврора (латински: Aurora) — божица на зората во римската митологија, жена на Титон и мајка на етиопскиот крал Мемнон. Таа му ја отвора на сонцето портата на истокот. Аврора му подарила вечност на својот маж, но заборавила од боговите да му измоли вечна младост, така што тој на крајот од животот се претворил во штурец.[1]

Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 112.