Авионска несреќа на Палер Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Авионска несреќа на Палер Македонија
Авионот Фокер 100 две недели пред несреќата
Сумирани податоци за несреќата
Датум5 март 1993
Местоблизу Скопје, Македонија
Патници92
Екипаж5
Жртви83
Повредени (нефатално)14
Преживеани14
Тип на авионотФокер 100
ОператорПалер Македонија
РегистрацијаPH-KXL
Полетал одАеродром Скопје, Скопје, Македонија
ДестинацијаАеродром Цирих, Цирих, Швајцарија

На 5 март 1993 се урна авионот на македонската авиокомпанија - Палер МК, од типот фокер 100, веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром. Се урнал на 400 м. од пистата.

Вкупно 83 луѓе, од кои 79 патници и 4 членови на екипажот загинале, додека 14 луѓе преживеале. Во времето на несреќата, таа била најфаталната авионска несреќа во Македонија. Неколку месеци подоцна се случила уште една авионска несреќа, со поголем смртен исход, кога Јаковлев Јак-42 се урна близу Охрид.

Поврзано[уреди | уреди извор]