Авионска несреќа кај Јарослав (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Авионска несреќа кај Јарослав
Медведев на местото на настанот.
Accident summary
дата 7 септември 2011 (2011-09-07)
вид под истрага
мапа Волга, блиску Јарослав, Русија
патници 37[1]
екипаж 8[1]
44[2]
1[1][2]
Јак-42Д
оператор Yak-Service
Tail number RA-42434
Потекло Јарославска област, Русија
дестинација Мински аеродром, Минск, Белорусија

Авионската несреќа кај Јарослав се случила на 7 септември 2011 година во 16:02 по локачно време, кога патнички авион, кој го превезувал професионалниот хокеарски тим ХК Локомотив од Јарослав, се срушил во близина на Јарослав, во Русија. Авионот патувал на натпревар во белоруската престолнина со екипата на Динамо Минск каде требало да го одигра натпреварот од првиот круг во Континенталната хокеарска лига.

Според информациите, авионот изгубил висина и се урнал по полетувањето од аеродромот во Јарослав, на реката Волга. Според извештаите, авионот се запалил веднаш по полетувањето и се урнал два километра од аеродромот Туношна, додека делови од леталото завршиле во реката Волга.

Од 45 патници во авионот на местото на несреќата загинале 43, а само техничкиот инженер, Александар Сизов, и хокејарот Александар Галимов преживеале. Сепак, поради тешките изгореници Галимов почина на 12 септември.[3]

Список на починати[уреди | уреди извор]

Управа на авион[уреди | уреди извор]

Име и презиме Должност Судбина
Андеј Соломенцев Пилот загинат
Игор Жевелов Копилот загинат
Сергеј Журавлјев Механичар загинат
Елена Сарматова Стјуардеса загинат
Надежда Максумова Стјуардеса загинат
Елена Шавина Стјуардеса загинат
Владимир Матјушкин Инжинер загинат
Александар Сизов Инжинер преживеал[4]

Хокери[уреди | уреди извор]

Име и презиме Старост Позиција Држава Судбина
Виталиј Аникенко 24 Одбрана  Русија /  Украина загинат
Михаил Баландин 31 Голман  Русија загинат
Александaр Васјонов 23 Напад  Русија загинат
Јозеф Вашичек 30 Напад  Чешка загинат
Александар Вјухин 38 Голман  Русија /  Украина загинат
Александар Галимов 26 Напад  Русија починал во болница[а][5]
Павол Демитра 36 Напад  Словачка загинат
Роберт Дитрих 25 Одбрана  Германија /  Казахстан загинат
Марат Калимулин 23 Одбрана  Русија загинат
Александр Калјанин 23 Напад  Русија загинат
Андреј Кирјухин 24 Напад  Русија загинат
Никита Клјукин 21 Напад  Русија загинат
Стефан Лив 30 Голман  Шведска /  Полска загинат
Јан Марек 31 Напад  Чешка загинат
Сергеј Остапчук 21 Напад  Русија /  Белорусија загинат
Карел Рахунек 32 Одбрана  Чешка загинат
Руслан Салеј 36 Одбрана  Белорусија загинат[6]
Карлис Скрастинш 37 Одбрана  Латвија загинат
Павел Снурницин 19 Напад  Русија загинат
Даниил Собченко 20 Напад  Русија /  Украина загинат
Иван Ткаченко 31 Напад  Русија загинат
Павел Траханов 33 Одбрана  Русија загинат
Јуриј Уричев 20 Одбрана  Русија загинат
Генадиј Чурилов 24 Напад  Русија загинат
Максим Шувалов 18 Одбрана  Русија загинат
Артјом Јарчук 21 Напад  Русија загинат

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Галимов не загинал на самото место на несреќата, туку по неколкудневна борба им подлегнал на повредите.

Наводи[уреди | уреди извор]