Авив и Аполон
Авив и Аполон | |
---|---|
Монаси | |
Роден(а) | 4 век, Ахмим, Египет, Римска Империја |
Починал(а) | 4 ноември (4 век), Египет |
Почитуван(а) во | Коптска православна црква Ерменска апостолска црква Етиопска православна црква Сириска православна црква Древноисточни цркви |
Слава | ноември 4 |
Авив и Аполон ― двајца христијански аскети од Ахмим, Египет, Римска Империја. Тие се спомнати во делото Синаксар, тоа е Светиот календар на коптските христијани (германски: Synaxarion, das ist der Heiligen-Kalendar der Koptischen Christen). Нивниот празник се слави на 4 ноември.
Историја
[уреди | уреди извор]Аполон (исто така наречен Аполониj)[1] е роден во градот Ахмим. Неговиот татко се викал Амани (Хамаj), а мајка му Ејсе (Иса). Од неговите рани години Аполон растел и се развивал во светост, проучувајќи ги темите на Божеството. Се подготвувал од младоста до животот во манастир. Оваа одлука била потврдена кога го запознал пријателот Авив и заедно се приклучиле на манастирот во Горен Египет и се замонашиле.[2] И двајцата се стремеле кон аскетски дела и животот им бил полн со добри дела.[3]
Авив станал ѓакон и подоцна умрел.[4] Аполон, вознемирен, се преселил подлабоко во пустината, во близина на планината Аблуџ, следен од група аскети. Макариј Египетски му напишал писмо на Аполон за да ги потврди него и манастирот во нивните добри дела.[3] Аполон по духот знаел дека Макариј им пишува писмо и времето во кое писмото всушност се подготвувало. Тој им рекол на своите следбеници: „Слушајте браќа мои, ете, големиот игумен Макариј ни пишува писмо полно со утешни и духовни учења“. Аполон бил тој што отишол кај Амониј и бил еден од сведоците што ја виделе светата жена која „стоела среде огнот, но не изгорела“.[4]
„Historia Monachorum“ на протоѓаконот Тимотеј Александриски
[уреди | уреди извор]Авторот на „Монашка историја во Египет“ (латински: Historia Monachorum in Aegypto), архиѓаконот Тимотеј Александриски (околу 400), чиј латински превод на Руфин бil подеднакво објавен од Росвеиде како книга II од „Животите на татковците“ (<i>Vitae Patrum</i>), ја раскажува посетата што ја направил со своите придружници на Аполон. Според неговите сеќавања, Аполон живеел во Тебајд, во регионот на Хермопол (денес Асмунајн), недалеку од светилиштето Дајр Ал-Мухараг. Од оваа книга се гледа дека после четириесет години, на повик на ангел, Аполон се приближил до населените места додека го продолжил животот во изолирана пештера. Ова се случило за време на владеењето на Јулијан Отпадникот (361-363 н.е.). Неговиот углед за светост брзо привлече бројни ученици околу себе, кои изградиле огромен манастир: 500 монаси биле таму во времето на посетата на Тимотеј.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Saint Apollonios (Apollo) of the Egyptian Thebaid", OCA
- ↑ Budge, E.A. Wallis, The Book of the Saints of the Ethiopian Church, CUP, 1928
- ↑ 3,0 3,1 Bishop Youssef. „St. Apollo and St. Abib: Youthful Purity“. suscopts.org. Коптска православна епархија во јужните Соединети Држави.
- ↑ 4,0 4,1 „The Departure of the Saints Apollo and Abib“. CopticChurch.net. Coptic Orthodox Church Network.
- ↑ Sauget, Joseph Marie. "Sant' Apollo di Bawit Abate", Santi e Beati, August 8, 2011 Посетено на 8 јануари 2023