Авантурист (филм од 1917)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Авантурист (англиски: The Adventurer) - американски филм од 1917 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Cambell), Алберт Остин (Albert Austin) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот Чаплин глуми затвореник кој успешно ѝ бега на полицијата. Притоа, тој успева да спаси една девојка (ја игра Пурвианс) и нејзината мајка, кои се дават во морето и тие го канат во нивната куќа, каде приредуваат забава во негова чест. Таму, тој се запознава со таткото на девојката (го глуми Бергман), кој работи како судија и кому затвореникот му делува познато. Меѓутоа, човекот кој е вљубен во девојката (го игра Кембел) ја здогледува фотографијата на затвореникот во весникот и ги повикува полицајците. По урнебесна брканица низ куќата, затвореникот успева да избега.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Charlie Chaplin The Adventurer 1917 - YouTube

Наводи[уреди | уреди извор]