Прејди на содржината

Авамори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шише авамори од дестилеријата Кикуноцју на островите Мијако, Окинава
Хабушу, верзија на авамори флаширана со хабу вајпери

Авамори е алкохолен пијалак кој настанал и е единствен за Окинава, Јапонија. Направен е од азиски ориз,[1] и не е директен производ на варење (како саке) туку на дестилација. Поголемиот дел од аваморите направени денес користат ориз увезен од Тајланд, бидејќи локалното производство во голема мера е недоволно да ја задоволи домашната побарувачка, која значително се зголемила во последниве години.

Авамори обично има 30-43% алкохол, иако „извозните“ брендови (вклучувајќи ги и брендовите испорачани во континентална Јапонија) се повеќе се со 25% алкохол.[2] Некои видови (особено ханазаке ) се со 60% алкохол и се запаливи. Авамори се старее во традиционални глинени садови за да се подобри неговиот вкус и мекост.

Најпопуларниот начин за пиење авамори е со вода и мраз.[3] Кога се служи во ресторан во Окинава, речиси секогаш ќе биде придружена со контејнер со мраз и карафа вода. Авамори може да се пие и директно, со мраз и во коктели. Традиционално, авамори се служел во кара-кара, мал земјен сад со мала џамлија од глина внатре. Џамлијата би испуштала карактеристичен звук „кара-кара“ за луѓето да знаат дека садот е празен. Овие садови сè уште се наоѓаат во Окинава, но глинените џамлии често ги нема.

Друго име за авамори што се користи во Окинава е шима-заке или скратено шима.

Генерално, цената на авамори се зголемува со староста на пијалокот.

  1. Pellegrini, Christopher (July 22, 2014). The Shochu Handbook – An Introduction to Japan's Indigenous Distilled Drink. Telemachus Press. стр. 21. ISBN 978-1940745282.
  2. „Awamori - Kampai!“.
  3. Pellegrini, Christopher (July 22, 2014). The Shochu Handbook – An Introduction to Japan's Indigenous Distilled Drink. Telemachus Press. стр. 67. ISBN 978-1940745282.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]