Абрахам Ортелиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Абрахам Ортелиус)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абрахам Ортелиј

Абрахам Ортелиј (латински: Abraham Ortelius, холандски: Abraham Ortels или Abraham Hortels; 2 април 1527 - 28 јуни 1598) — картограф и географ, познат како прв којшто го изработил современиот атлас.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ортелиј е роден во Антверпен, денешна Белгија како член на влијателното семејство Ортелиј] од Аугсбург. Патувал низ цела Европа. Најзначајни се неговите патувања низ Германија (1560,1575-1576), низ Франција (1559-1560), низ Англија и Ирска (1576) и низ Италија (1578, но можеби и претходно два пати во 1550 и 1558).Се смета дека има патувано целосно низ сите Седумнаесет покраини.

Со картографија Ортелиј започнал да се занимава во 1547 година,но тој бил и голем трговец и занаетчија,а за неговите патувања пред 1560 се смета дека се од стопански аспект. На едно патување со Гарард Меркатор во Трир, Лорен и Поатје на сугестија на својот пријател Ортелиј добил желба да се занимава со географија и особено со картографија,па го изработил првиот современ атлас „Театар на светот“ со којшто има стекнато светска слава.

Во 1575 тој бил географ на должност на шпанскиот крал Филип II на препорака на Аријас Монтанус. Во 1578 година тој го водел проектот за развој на географијата врз основа на онаа во антиката.Со оваа работа се занимавал и во 1587 и 1596 година, а творец е и на неколку дела кои биле отпечатени во Антверпен.

Географски карти[уреди | уреди извор]

Во 1564 г. Ортелиј го завршил проектот „карти на светот“ што всушност се 8 посебни географски карти на светот,коишто се сретнуваат и во „Театар на светот“. Денес значајни примероци од овие географски карти има во Базелскиот универзитет. Во 1565 Ортелиј нацртал и 2 листа со географски карти на Египет, во 1568 направил план на дворецот Бритенбург на брегот на Северно Море во Холандија. Во 1567 година нацртал и 8 географски карти на Азија и 6 географски карти на Шпанија. Сите овие карти Ортелиј ги има нацртано пред издавањето на неговиот атлас.

Театар на светот[уреди | уреди извор]

„Театар на светот“ (1570)

На 20 мај 1570 г. во Антверпен Жил Копонс де Дје го издал атласот изработен од Абрахам Ортелиј „Театар на светот“ (Theatrum Orbis Terrarum). Во атласот биле претставени 53 географски карти.Изданијата на холандски,француски и германски јазик се појавиле уште пред крајот на 1572, а пред смртта на Ортелиј во 1598 биле издадени 25 изданија. По неговата смрт биле издадени уште неколку, а атласот се побарувал до 1612 година. Атласот имал грешки коишто особено биле очигледни во обликот на Јужна Америка којшто ни најмалце не наликувал на вистинскиот, но тоа и уште неколку други грешки биле поправени во преаботеното издание на француски јазик од 1587. Пробната верзија на атласот содржела 38 карти на државите во Европа, како и на Азија, Африка, Татарија и Египет прибрани во една целина од кои најмногу се испечатени во Рим,а 8 или 9 се во Белгија.За нивното печатење Абрахам Ортелиј добил помош од својот пријател Жил Хоофтман, велможа на Клејдел и Ертзелер.

Во 1573 година Ортелиј издал 17 посебни карти и ги прикажал како Додатоци на театарот на светот.Последната географска карта на Абрахам Ортелиј којашто е вметната како додаток е издадена во 1597.

Се занимавал и со собирање на монети, медалјони и старини.

Подоцнежни географски карти[уреди | уреди извор]

Тихиот Океан на карта на Ортелиј

Во 1579 тој започнал да црта карти со илустрации од античката историја.Во 1589 Ортелиј издал карти на Тихиот Океан во делото Тихи Океан(оригинал:Maris Pacifici).Тој му помогнал и на Веслер во издавањето на Пеутингерската страна(оригинал:Tabula Peutingeriana) во 1598 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]