Аботов Леден Гребен

Координати: 72°45′S 96°00′W / 72.750° ЈГШ; 96.000° ЗГД / -72.750; -96.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
АЛГ во рамките на Антарктик
АЛГ
Местоположба на гребенот

Аботов Леден Гребен (англиски: Abbot Ice Shelf) — леден гребен во Елсвортовата Земја на Антарктикот. Долг е 400, а широк 60 км. Се граничи со Ејтсовиот Брег и ’ртот Вејт ’ртот Пфрогнер. Долж северниот раб на западната половина на гребенот се наоѓа островот Тарстон. Други покрупни острови делумно или целосно во рамките на гребенот се Шерман, Карпентер, Дастин, Џонсон, Мекнамара, Фервел и Дентлер.

Гребенот е откриен во февруари 1940 г. од Антарктичката служба на САД со хидроавионски прелети од бродот „Беар“. Неговиот западен дел е разбраничен од воздушни снимки на воената морнарица направени во 1946–47 г. Во целост е искратиран од Геолошкиот топографски институт на САД според воздушни фотографии од 1966 г. Гребенот е наречен по контраадмиралот Џејмс Лојд Абот, командант на антарктичката морнаричка поддршка од февруари 1967 до јуни 1969 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Аботов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

72°45′S 96°00′W / 72.750° ЈГШ; 96.000° ЗГД / -72.750; -96.000