Аботова Ледена Плоча
Аботова Ледена Плоча (англиски: Abbot Ice Shelf) — ледена плоча во Елсвортовата Земја на Антарктикот. Долг е 400, а широк 60 км. Се граничи со Ејтсовиот Брег и ’ртот Вејт ’ртот Пфрогнер. Долж северниот раб на западната половина на плочата се наоѓа островот Тарстон. Други покрупни острови делумно или целосно во рамките на плочата се Шерман, Карпентер, Дастин, Џонсон, Мекнамара, Фервел и Дентлер.
Плочата е откриена во февруари 1940 г. од Антарктичката служба на САД со хидроавионски прелети од бродот „Беар“. Неговиот западен дел е разбраничен од воздушни снимки на воената морнарица направени во 1946–47 г. Во целост е искратиран од Геолошкиот топографски институт на САД според воздушни фотографии од 1966 г. Плочата е наречена по контраадмиралот Џејмс Лојд Абот, командант на антарктичката морнаричка поддршка од февруари 1967 до јуни 1969 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Аботова Ледена Плоча“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)