Абебе Бикила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абебе Бикила

Абебе Бикила (амхарски:: አበበ ቢቂላ; Јато, 7 август 1932Адис Абеба, 25 октомври 1973) бил етиопски атлетичар, двапати олимписки победник во маратон.

Олимписки победи и настапи[уреди | уреди извор]

Абебе Бикила станал национален херој по победата на Олимписките игри во Рим во 1960 година, постигнувајќи најдобро време во светот на маратоните со време од 2 часа, 15 минути и 16.2 секунди.

Вториот пат тој триумфирал на Игрите во Токио 1964. Иако само 6 недели пред игрите имал операција на слепото црево, сепак повторно победил со нов најдобар светски резултат со време од 2 часа, 12 минути и 11.2 секунди.

Бикила настапувал и третпат последователно  на Олимписките игри во Мексико Сити 1968 година, но повеќе не бил во победничка форма т.с. застанал по претрчани 17 километри.

Со секој свој настап Бикила го задивил светот:

  • Во приликата на олимписката победа во Риу Бикила трчал бос.[1] Наводно така се навикнал да трча, т.с. не се чувствувал добро кога трчал во какви било обувки. Сепак, на следните игри ги прифатил обувките, па во Токио стигнал трет во атлетски шпринт.
  • Победата во Токио дошла по оздравувањето од операцијата 6 седмици порано, која многу влијаела  на планот за тренинг и подготовките. Сепак, Бикила бил толку супериорен што по истрчувањето пред целта некое време  ја забавувал публиката правејќи различни скокови и други вежби, додека  негови конкуренти полека влегувале во целта целосно исцрпени.
  • На игрите во Мексико не бил во форми заради  високата надморска височина на кое се одржал натпреварот. Сепак, со својата поддршка му помогнал на својот репрезентативец Мамо Волдеу да дојде до победа и да ја задржи доминацијата во Етиопија и во маратонските трки.

Медали[уреди | уреди извор]

По кариерата[уреди | уреди извор]

За жал, Бикила не уживал долго време во добро заслужениот статус на спортски легенди и национален херој во Етиопија. Тој доживеал сообраќајна несреќа во 1969 година, а потоа останал парализиран од половината надолу. Неколку години подоцна од компликациите на оваа повреда  починал.

Во негова чест, стадионот во главниот град на Етиопија, Адис Абеби бил именуван по него. Улицата во Белград во областа на Алтина исто така го носи неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Associated Press (May 8, 1961). „Ethiopian Runs Barefooted, Set Marathon Mark“. St. Joseph Gazette. Посетено на January 19, 2017.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]