Абдул Керим Паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Абдул Ќерим Паша)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За османлискиот генерал од Кримската војна, видете Абдулкерим Надир Паша

Абдул Керим Паша (1835 - 1910) — османлиски дивизиски генерал и управител, битолски валија во времето од 1895 до 1901 година, познат по своите прогресивни идеи и креативност.

Со доаѓањето за битолски валија, Абдул Керим паша започнал да ги средува меѓуетничките односи. Бил европски ориентиран и веднаш по преземањето на должноста валија започнал со реформи, ги сменил сите мудури, кајмаками и други чиновници, кои се покажале со лоши односи, зафаќајќи се притоа и со средување на меѓуетничките односи во градот, со закана дека ќе бидат строго казнети нарушителите. Втората акција му била обезоружување на селската жандармерија, па сменување на бекчии (полјаци) и нивно заменување со христијански. Забранил да се носи оружје во градот и да се врши егзекуција на македонски револуционери, забранил да се врши погребување низ градот, ами тоа да се прави надвор на одредено место. Се грижел да воспостави ред и мир во Битола. Во 1901 г. се ангажирал со материјална помош да ја санира елементарната непогода во вилаетот, а најмногу во Прилеп каде биле срушени 500 куќи. Покрај другите реформи, се ангажирал против пљачкашките банди кои вршеле грабежи, колежи и палежи по селата. Во 1901 г. се случил познатиот бунт на воените старешини за поголема плата, кој валијата го средил преку задоволување на нивните барања. Во 1901 г. самоволно заминал во пензија, напуштајќи ја засекогаш Битола.

Заслугите на Абдул Керим Паша за Битола биле големи. Во своето владеење тој се прочул со осовременување на Битола како град, организирајќи и вршејќи комунални дејности, изградба на зданија, одржување хигиена итн. Најпрво тој го регулирал коритото на реката Драгор. Исто така го уредил и Булеварот, со засадување високостеблени дрвја. Околу Драгорот биле изградени дуќани, кои биле сопственост на Општината. По негова наредба во близината на градот се дренажирало местото и засадил високо стеблени дрвја и го оформил познатиот парк во Битола. Го изградил „Тумбе Кафе“ како излетиште, со засадени дрвја и поставени столици. Наспроти „Тумбе кафе“ ја обновил и преуредил кафеаната и ѝ дал име „Единство“. Градењето на театарот во Битола е исто така поврзано со неговото управување. Тој започнал 1897 г. а се доизградил кон 1905 г. Тој изградил и болница за бедните во Битола, како и лудница. Изградил Дом за старци, изградена била кожарница под градот, како и рибен пазар. Во централното градско подрачје изградил високи зданија. Меѓу другите го изградил и хотелот „Марк“ („Ориент“).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]