Прејди на содржината

Абајска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абајска Област
Абай облысы  (казашки)
Абайская область  (руски)
област
Амблем на Абајска Област
Амблем
Абајската Област во Казахстан
Абајската Област во Казахстан
Земја Казахстан
СедиштеСемеј
Управа
  УправникБерик Уали[1]
Површина
  Вкупна185.500 км2 (71,600 ми2)
Население (2021)
  Вкупно638.300[2]
БДП (ном, 2024)[3]
  ВкуноKZT 3.190 милијарди
(US$ 6,698 милијарди)
  По жителKZT 5.270.200
(US$ 11.067)
Мреж. местоПортал

Абајска Област (казашки: Абай облысы, руски: Абайская область) — област во источен Казахстан. Создадена е на 8 јуни во 2022 г. со одвојување од Источноказахстанската Област. Административен центар е градот Семеј, до 2007 г. наречен Семипалатинск. Нејзините граници приближно одовараат на оние на старата Семипалатинска Област, укината во 1997 г. и споена со Источноказахстанската Област.[4]

Областа е наречена по поетот и мислител Абај Кунанбаев (1845-1904), роден на нејзината територија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Абајската Област се граничи со Источноказахстанската Област и Синѓанг на исток, Павлодарската Област и Алтајскиот Крај на север, Карагандинската Област на запад и Жетисуската Област на југ.

Окрузите во Абајската Област во 2024 г.

Областа се состои од градовите Курчатов и Семеј, како и следниве 10 окрузи:[5][6]

  1. Абај, седиште: Карауил
  2. Ајагоз, седиште: Ајагоз
  3. Аксуат, седиште: Аксуат
  4. Бескарагај, седиште: Бескарагај
  5. Борудулиха, седиште: Борудулиха
  6. Жанасемеј, седиште: Семеј
  7. Жарма, седиште: Калбатау
  8. Кокпекти, седиште: Кокпекти
  9. Маканши, седиште: Маканши
  10. Уржар, седиште: Уржар
  1. „Берик Уали стал акимом области Абай“. tengrinews.kz (руски). 17 февруари 2025. Посетено на 6 септември 2025.
  2. „Даниал Ахметов высказался о создании Абайской области“. www.nur.kz. 6 април 2022.
  3. DOSM. „Gross domestic product by region for January-December 2024 (GRP)“. stat.gov.kz.
  4. „В Казахстане появится четыре новых региона“. Interfax. 16 март 2022.
  5. Прирачник за историјата на административно-територијалната структура на Семипалатинската Област. - Семипалатинск, 2006.
  6. Правовые акты Указы - О некоторых вопросах административно-территориального устройства Республики Казахстан

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]