Прејди на содржината

АФИ 100 години... 100 филмови

Од Википедија — слободната енциклопедија

АФИ 100 години... 100 американски филмови е листа на 100-те најдобри американски филмови, утврдена од Американскиот филмски институт врз основа на мислењето на повеќе од 1.500 уметници и лидери во филмската индустрија кои избирале од листа од 400 номинирани филмови. Листата на 100 најдобри американски филмови била објавена во 1998 година. АФИ објавиле ажурирана листа во 2007 година.

Критериуми

[уреди | уреди извор]

Филмовите биле оценувани според следниве критериуми:

  1. Должина на игран филм : Наративен формат, најмалку 60 минути.
  2. Американски филм : на англиски јазик, со значајни креативни и/или финансиски продукциски елементи од Соединетите Американски Држави
  3. Критичко признание : Формална пофалба во печатена форма.
  4. Добитник на главни награди : Признанија од натпреварувачки настани, вклучувајќи награди од организации во филмската заедница и големи филмски фестивали.
  5. Популарност со текот на времето : Вклучувајќи бројки за бокс-офисот прилагодени за инфлација, телевизиски емитувања и синдикација, како и продажба и изнајмување на домашни видеа.
  6. Историско значење : белег на филмот во историјата преку технички иновации, визионерски наративни средства или други револуционерни достигнувања.
  7. Културно влијание : белег на еден филм врз американското општество во однос на стилот и содржината.
Филм Година Режисер 1998 рангирање 2007 рангирање
Граѓанинот Кејн 1941 Орсон Велс 1 1
Казабланка 1942 Михали Кертес 2 3
Кум 1972 Френсис Форд Копола 3 2
Одвеано од виорот 1939 Виктор Флеминг 4 6
Лоренс од Арабија 1962 Дејвид Лин 5 7
Волшебникот од Оз 1939 Виктор Флеминг 6 10
Дипломец 1967 Мајк Николс 7 17
На доковите на Њујорк 1954 Елија Казан 8 19
Шиндлеровата листа 1993 9 8
Пеење на дождот 1952 Џин Кели, Стенли Донен 10 5
Животот е прекрасен 1946 Френк Капра 11 20
Булевар на самракот 1950 Били Вајлдер 12 16
Мостот на реката Квај 1957 Дејвид Лин 13 36
Некои го сакаат тоа жешко 1959 Били Вајлдер 14 22
Војна на Ѕвездите 1977 Џорџ Лукас 15 13
Се за Ева 1950 Џозеф Л. Манкјевиц 16 28
Африканската кралица 1951 Џон Хјустон 17 65
Психо 1960 Алфред Хичкок 18 14
Кинески кварт 1974 Роман Полански 19 21
Лет над кукавичјото гнездо 1975 Милош Форман 20 33
Плодовите на гневот 1940 Џон Форд 21 23
2001: Вселенска одисеја 1968 Стенли Кјубрик 22 15
Малтешкиот сокол 1941 Џон Хјустон 23 31
Разгневениот бик 1980 Мартин Скорсезе 24 4
И-Ти вонземјанинот 1982 Стивен Спилберг 25 24
Доктор Стрејнџлав 1964 Стенли Кјубрик 26 39
Бони и Клајд 1967 Артур Пен 27 42
Апокалипса денес 1979 Френсис Форд Копола 28 30
Господинот Смит оди во Вашингтон 1939 Френк Капра 29 26
Богатството на Сиера Мадре 1948 Џон Хјустон 30 38
Ени Хол 1977 Вуди Ален 31 35
Кум 2 1974 Френсис Форд Копола 32 32
Точно на пладне 1952 Фред Зинеман 33 27
Да се убие птицата подбивница 1962 Роберт Малиген 34 25
Се случи една вечер 1934 Френк Капра 35 46
Полноќен каубој 1969 Џон Шлесингер 36 43
Најдобрите години од нашиот живот 1946 Вилијам Вајлер 37 37
Двојна измама 1944 Били Вајлдер 38 29
Доктор Живаго 1965 Дејвид Лин 39 -
Север-Северозапад 1959 Алфред Хичкок 40 55
Приказна од западната страна 1961 Роберт Вајс, Џером Робинс 41 51
Заден прозорец 1954 Алфред Хичкок 42 48
Кинг Конг 1933 Мериан К. Купер 43 41
Раѓањето на нацијата 1915 Д. В. Грифит 44 -
Трамвај наречен желба 1951 Елија Казан 45 47
Пеколен портокал 1971 Стенли Кјубрик 46 70
Таксист 1976 Мартин Скорсезе 47 52
Ајкула 1975 Стивен Спилберг 48 56
Снежана и седумте џуџиња 1937 Дејвид Хенд 49 34
Буч Касиди и Санденс Кид 1969 Џорџ Рој Хил 50 73
Приказна од Филаделфија 1940 Џорџ Кукор 51 44
Одовде до вечноста 1953 Фред Зинеман 52 -
Амадеус 1984 Милош Форман 53 -
На запад ништо ново 1930 Луис Мајлстоун 54 -
Мои песни, мои сништа 1965 Роберт Вајс 55 40
М*А*С*Х 1970 Роберт Алтман 56 54
Третиот човек 1949 Керол Рид 57 -
Фантазија 1940 повеќе 58 -
Бунтовник без причина 1955 Николас Реј 59 -
Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег 1981 Стивен Спилберг 60 66
Вртоглавица 1958 Алфред Хичкок 61 9
Тутси 1982 Сидни Полак 62 69
Поштенска кочија 1939 Џон Форд 63 -
Блиски средби од трет вид 1977 Стивен Спилберг 64 -
Кога јагнињата ќе стивнат 1991 Џонатан Дем 65 74
Телевизиска мрежа 1976 Сидни Лумет 66 64
Манџурискиот кандидат 1962 Џон Франкенхајмер 67 -
Американец во Париз 1951 Винсент Минели 68 -
Шејн 1953 Џорџ Стивенс 69 45
Француската врска 1971 Вилијам Фридкин 70 93
Форест Гамп 1994 Роберт Земекис 71 76
Бен Хур 1959 Вилијам Вајлер 72 100
Оркански височини 1939 Вилијам Вајлер 73 -
Златната треска 1925 Чарли Чаплин 74 58
Танц со волците 1990 Кевин Костнер 75 -
Светлата на велеградот 1931 Чарли Чаплин 76 11
Американски графити 1973 Џорџ Лукас 77 62
Роки 1976 Џон Г. Авилдсен 78 57
Ловецот на елени 1978 Мајкл Кимино 79 53
Дива дружина 1969 Сем Пекинпа 80 79
Модерни времиња 1936 Чарли Чаплин 81 78
Џин 1956 Џорџ Стивенс 82 -
Вод на смртта 1986 Оливер Стоун 83 86
Фарго 1996 Џоел Коен 84 -
Супа од патка 1933 Лео Мекери 85 60
Побуна на бродот Баунти 1935 Френк Лојд 86 -
Франкенштајн 1931 Џејмс Вејл 87 -
Голи во седло 1969 Денис Хопер 88 84
Патон 1970 Френклин Џ. Шафнер 89 -
Џез пејачот 1927 Алан Кросланд 90 -
Мојата убава дама 1964 Џорџ Кукор 91 -
Место под сонцето 1951 Џорџ Стивенс 92 -
Апартман 1960 Били Вајлдер 93 80
Добри момчиња 1990 Мартин Скорсезе 94 92
Евтини приказни 1994 Квентин Тарантино 95 94
Трагачи 1956 Џон Форд 96 12
Невољи со бебето 1938 Хауард Хокс 97 88
Непростено 1992 Клинт Иствуд 98 68
Погоди кој доаѓа на вечера 1967 Стенли Крејмер 99 -
Јенки Дудл Денди 1942 Мајкл Куртиз 100 98
Генерал 1926 Бастер Китон - 18
Нетолеранција: Борбата на љубовта низ вековите 1916 Д. В. Грифит - 49
Господар на прстените: Дружината на прстенот 2001 Peter Jackson - 50
Нешвил 1975 Роберт Алтман - 59
Патувањата на Саливен 1941 Престон Стурџис - 61
Кабаре 1972 Боб Фоси - 63
Кој се плаши од Вирџинија Вулф 1966 Мајк Николс - 67
Спасувањето на војникот Рајан 1998 Стивен Спилберг - 71
Бегство од Шошенк 1994 Френк Дарабонт - 72
Во топлината на ноќта 1967 Норман Џуисон - 75
Сите луѓе на претседателот 1976 Алан Џ. Пакула - 77
Спартак 1960 Стенли Кјубрик - 81
Изгрејсонце: Песна за двајца луѓе 1927 Ф. В Мурнау - 82
Титаник 1997 Џејмс Камерон - 83
Ноќ во опера 1935 Сем Вуд - 85
12 гневни мажи 1957 Сидни Лумет - 87
Шесто сетило 1999 М. Најт Шјамалан - 89
Време за Свинг 1936 Џорџ Стивенс - 90
Изборот на Софи 1982 Алан Џ. Пакула - 91
Последна кино претстава 1971 Питер Богданович - 95
Постапувај правилно 1989 Спајк Ли - 96
Истребувач 1982 Ридли Скот - 97
Приказна за играчките 1995 Џон Ласетер - 99

Промени од 2007 година

[уреди | уреди извор]

Дваесет и три филма биле заменети на листата за десетгодишнината во 2007 година. Доктор Живаго, претходно рангиран на 39-то место, бил највисоко рангираниот филм отстранет од ажурираната листа, додека Генерал на 18-то место бил највисоко рангираниот нов филм.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]