АМСМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Авто-мото сојуз на Македонија или скратено АМСМ е систем од 10 компании, преку кои нуди повеќе од 20 различни видови услуги во доменот на моторизираниот сообраќај и туризам. Преку своите 18 авто-мото друштва, АМСМ овозможува покриеност на целата територија на Република Македонија.

За повеќе од 15.000 членови, АМСМ секојдневно обезбедува низа погодности и бенефиции, како и 24 часовна грижа за побезбедно патување во земјата и во странство.


Историја[уреди | уреди извор]

За први почетоци на Авто-мото сојуз на Македонија, или скратено АМСМ се смета формирањето на првите авто - мото друштва кои почнале да функционираат во далечната 1945 година. Веќе следната 1946 година, во Македонија дејствувале девет вакви организации чија основна цел била да извршуваат функции од јавен интерес за граѓаните на целата територија на Р. Македонија. Првите вакви друштва биле формирани во следните градови: Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево, Куманово, Охрид, Велес, Берово и Прилеп, а подоцна се формираат и друштвата во Штип и во Струмица.

Своето постоење и развој го обележува преку низа структурални и организациски промени, некои како резултат на времето, а пак некои, како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Како резултат на 65 годишното постоење, од една страна и континуираното залагање да се чекори заедно со најразвиените светски авто - мото клубови од друга, АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Тенденцијата со препознатлив ентузијазам да одговори на современите трендови во областа, значи и континуирано проширување на портфолиото на услуги. Во таа смисла, денес АМСМ е во можност на своите клиенти да им обезбеди комплетни и софистицирани решенија и услуги (технички преглед на возилата, издавање на меѓународни документи, помош на пат и шлепување, издавање на АМСМ членски пакети, сервисни услуги, обука на возачи за сите видови категории, издавање на осигурителни полиси, хомологација на возила, атест на плин, ЦЕМТ, АДР и др.)

Благодарение на инсистирањето за постојано технолошко надградување и усовршување, денес АМСМ е современа организација со повеќе од 15.000 членови, кои ја препознале единствената вредност и квалитет на АМСМ услугите.

Континуираното остварување на стратегиските цели на АМСМ би било невозможно без несебичното залагање и лојалност на повеќе од 300 вработени, кои денес претставуваат комбинација на младост и искуство и кои несомнено ќе ја подготват и понесат организацијата во уште поголеми достигнувања.

АМСМ правни лица и услуги[уреди | уреди извор]

АМСМ членство [1][уреди | уреди извор]

Долгогодишното постоење и искуство овозможи да се подготват различни категории членски пакети кои со своите услуги одговараат на потребите и барањата на граѓаните. Да се биде дел од АМСМ членското семејство значи многу повеќе од безбедност, тоа значи да му овозможите сигурност на целото семејство, на компанијата, во секој поглед, каде и да сте.

Видови членски пакети[уреди | уреди извор]

  • За физички лица (Classic, Europe premium и Light) и
  • За правни лица (Business и Business Europe premium)
АМСМ членско списание „Клуб Мобилити“[2][уреди | уреди извор]

Со 15 илјади примероци, АМСМ Клуб мобилити е најтиражното списание во Македонија, кое претставува една од бенефициите што ја нудат АМСМ членските пакети. АМСМ членовите имаат привилегија ова списание да го добиваат бесплатно на својата домашна адреса или на адреса на компанијата, да ги дознаат сите погодности, кои, како членови, ги добиваат во системот на АМСМ, но и да прочитаат интересни содржини од многу рубрики приспособени на нивните вкусови.

АМСМ СТП - Станици за технички преглед [Скопје (Центар и Чаир) и Велес][3][уреди | уреди извор]

Повеќе од 70.000 возила годишно се опслужуваат во трите станици за технички преглед и регистрација на АМСМ, лоцирани во Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Од нив 95% се возила на долгогодишни и лојални АМСМ-клиенти, кои ги препознаваат квалитетната услуга и стручноста на АМСМ станиците за технички преглед. Технички преглед и регистрација на возило може да се изврши и во сите авто-мото друштва низ Македонија. Со 43% пазарно учество на целата територија на Република Македонија, АМСМ Станици за технички преглед се лидер на пазарот во регистрација и технички преглед на моторни возила.

Услуги[уреди | уреди извор]

  • Редовен технички преглед
  • Превентивен технички преглед
  • Издавање меѓународни документи (зелен картон, одобрение за управување туѓо моторно возило, меѓународна возачка дозвола)

АМСМ СПИ - Служба за помош и информации на пат [4][уреди | уреди извор]

Цел на службата за помош на пат и информации е 24 часовна грижа за безбедноста на сите моторизирани домашни и странски учесници во сообраќајот. АМСМ службата за помош на пат и информации располага со 27 современо опремени возила за помош на пат и повеќе од 40 возачи-механичари, специјално оспособени за отстранување на повеќе од 50 различни видови дефекти на самото место.

Услуги[уреди | уреди извор]

  • 24 часа помош на пат и патни информации (за потреба од помош на пат, пренос на возило или извлекување – 196)
  • Сообраќајни и туринг- информации (за патни информации - 15 555)
  • Медицинска и патничка асистенција
  • Сервисни услуги

АМСМ Центар за возила[5][уреди | уреди извор]

АМСМ Центар за возила со 17 испитни центри во 16 градови е единствен центар во Република Македонија што ги обединува сите активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, како и обуки на професионалните возачи и имплементирањето на законската регулатива во сферата на внатрешен и меѓународен транспорт.

Услуги[уреди | уреди извор]

  • Постапки за пуштање на пазар на сите видови возила (хомологација)
  • Типска хомологација на возила
  • Издавање на ЕКМТ- ЦЕМТ сертификати
  • ADR проверка на возила за превоз на опасни материи
  • Атест на плин (ТНГ), метан (КЗГ) и фолии
  • Атест на сите видови на преправки на возила
  • Калибрација на аналогни и дигитални тахографи и таксиметри
  • Обука на професионални возачи и управители на транспортни компании
  • Обука на возачи за превоз на опасни материи и советници - АДР
  • Обуки по програмата на IRU Академија
  • Аssistance 24 – 24/7 помош на пат за возила над 2,8т во преку 74 земји во светот.
  • Проценка на транспортни средства

АМСМ Авто Школа [6][уреди | уреди извор]

АМСМ Автошкола е првата автошкола формирана на територијата на Р. Македонија уште во далечната 1976 година. Со над 22.000 обучени кандидати до сега, АМСМ Автошкола е пазарен лидер во обука на кандидати за Б категорија во конкуренција на повеќе од 30 автошколи на територијата на град Скопје.

Услуги[уреди | уреди извор]

  • Обука за А категорија
  • Обука за А1 поткатегорија
  • Обука за Б категорија- обуката се спроведува на нови и современи возила од марките: Suzuki Alto, Toyota Yaris, Mazda 2, Hyundai i10
  • Обуки за Б+Е категорија
  • Бесплатна теоретска обука
  • Обука за Ц категорија
  • Обука за Ц+Е категорија
  • Обука за Д категорија

Мобилити Брокер [7][уреди | уреди извор]

Осигурителното брокерско друштво Мобилити Брокер АД Скопје е консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој ги застапува своите клиенти пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според нивните потреби. Во Мобилити Брокер достапни се сите видови на осигурувања од сите осигурителни компании на територијата на Република Македонија.

Незадолжителни осигурувања[уреди | уреди извор]

  • Осигурување имот
  • Осигурување моторни возила - каско
  • Осигурување стока при транспорт
  • Осигурување од незгода
  • Патничко осигурување
  • Осигурување живот
  • Осигурување од одговорност

Задолжителни осигурувања[уреди | уреди извор]

  • Осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај
  • Осигурување од автомобилска одговорност
  • Зелен картон


АМСМ Петрол[уреди | уреди извор]

Бензинската пумпа АМСМ Петрол се наоѓа веднаш до АМСМ Станицата за технички преглед во Чаир.

  • Еуродизел
  • Еуросупер 95
  • ТНГ- Автоплин

АМСМ Трејд[уреди | уреди извор]

АМСМ Трејд, како дел од системот на АМСМ, е компанија која е застапник на повеќе реномирани брендови, меѓу кои ACTIA MULLER и ACTIA ATAL, како дел од групацијата ACTIA GROUP FRANCE за територијата на Р. Македонија, Косово и Албанија, како и за брендовите MATT, NORFI, WOLF, SECORÜT и SAMOA.

Услуги[уреди | уреди извор]

  • Опрема за технички прегледи
  • Опрема за автодијагностика на возила
  • Опрема за автосервиси
  • Опрема за калибрација на аналогни и дигитални тахографи
  • Софтвер за обработка и архивирање на податоци од аналогни и дигитални тахографи
  • Wolf мазива (лубриканти, зимски производи, производи за одржување на автомобилот, адитиви и премази)

Авто - мото друштва во Македонија[уреди | уреди извор]

Авто - мото друштвата во Македонија претставуваат конститутивен и носечки дел на АМСМ. Осумнаесет друштва лоцирани во повеќе градови низ Р. Македонија извршуваат низа есенцијални активности за континуирано и непречено одвивање на сообраќајот низ државата. Тие активности вклучуваат организиран технички преглед и регистрација на моторни возила врз основа на европски и интернационални пропишани стандарди, издавање меѓународни документи за непречено патување надвор од Р.Македонија, обезбедување помош на пат и други услуги и поволности за своите членови и другите учесници во сообраќајот.

  • АМД „Брегалница“ – Берово
  • АМД „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  • АМД „Виница“ – Виница
  • АМД „Дичо Панов“ – Гевгелија
  • АМД „Гостивар“ – Гостивар
  • АМД „Страшо Пинџур“ – Кавадарци
  • АМД „Лопен“ – Кочани
  • АМД „Кичево“ – Кичево
  • АМД „Киро Бурназ“ – Куманово
  • АМД „Треска“ – Македонски Брод
  • АМД „Охрид“ – Охрид
  • АМД „Прилепец“ – Прилеп
  • АМД „Пробиштип“ – Пробиштип
  • АМД „Струга“ – Струга
  • АМД „Стрела“ – Струмица
  • АМД „Тетово“ – Тетово
  • АМД „Штип“ – Штип

Меѓународна соработка[уреди | уреди извор]

FIA (Federation Internationale de L'Automobile) [8][уреди | уреди извор]

FIA

FIA е меѓународната автомобилска федерација, која уште од самиот почеток, 1904 година, е посветена на претставувањето и на заштитата на интересите на авто-мото организациите и корисниците на моторни возила насекаде низ светот. АМСМ е член во FIA од 1994 година.

ARC Europe [9][уреди | уреди извор]

Повеќе од 100 години, европските авто-мото клубови и асоцијации излегуваат во пресрет на интересите на своите членови во поглед на барањата за итни интервенции, сите прашања од патен и сообраќаен карактер, како и во поглед на други прашања и услуги од областа на моторизираноста. Овластен провајдер за услугите на ARC EUROPE мрежата од 1997 година во Република Македонија е АМСМ.

GMA (Global Mobility Alliance) [10][уреди | уреди извор]

GMA претставува меѓународна коалиција на водечките мобилити клубови од целиот свет. Главен фокус e: зајакнување на размената на информациите кои се однесуваат на бизнис активностите на мобилити клубовите, истражување на можностите за обезбедување дополнителни услуги за индивидуалните членови на мобилити клубовите и обезбедување платформа за мобилити клубовите преку која ќе можат да формираат партнерства со субјекти кои делуваат на мулти национална основа. АМСМ е член на коалицијата од 2009 година.

EuroRAP [11][уреди | уреди извор]

EuroRAP (European Road Assessment Programme)или Европската Програма за Проценка на Патиштата претставува меѓународна непрофитна организација чија главна задача е назависно и конзистентно оценување на безбедноста на патиштата. АМСМ е член на оваа организација од 2007 година.

EuroNCAP [12][уреди | уреди извор]

EuroNCAP (The European New Car Assessment Programme) или Европска Програма за Оценување на Ново произведените возила претставува програма која им обезбедува на корисниците реална и независна процена на безбедносните перформанси на некои од најпопуларните возила на пазарот во Европа. АМСМ е член на оваа програма од 2007 година.

iRAP [13][уреди | уреди извор]

iRAP (International Road Assessment Programme) е меѓународна непрофитна организација посветена на спасувањето животи во земјите во развој преку промоција на безбеден патен дизајн. АМСМ е член на оваа програма од 2007 година.

IRU Academy [14][уреди | уреди извор]

Академијата ИРУ е составен дел на ИРУ (International Transport Union) и претставува глобално тело во рамките на ИРУ кое преку своите акредитирани тренинг институти низ целиот свет врши обука и ги пренесува своите искуства, знаења и достигнувања во областа на транспортот.

Преку своите акредитирани тренинг институти, а во Македонија преку АМСМ Центарот за возила, како овластен институт, Академијата ИРУ нуди голем број специјализирани програми за обука, засновани на дефинирани и унифицирани стандарди и процедури, кои важат за сите АТИ во Европа и пошироко. АМСМ е член на ИРУ академијата од 2010 година.

ECMA[уреди | уреди извор]

ECMA претставува Европска алијанса на клупски списанија на ФИА во која соработуваат 14 автомото и туринг-клубови од Европа. Во 2007 година „АМСМ Клуб мобилити“ стана рамноправен член на Европската алијанса на клупски списанија на ФИА чии заеднички стории и информации пристигнуваат до над 70 милиони читатели-членови со што таа претставува најмоќна издавачка алијанса во Европа.

Меѓународни кампањи за безбедност[уреди | уреди извор]

Think before you drive [15][уреди | уреди извор]

АМСМ во соработка со FIA Foundation ја поддржа meѓународната глобална кампања за безбедност на патиштата Think before you drive (Размисли пред да возиш) во 2006 година. Целта на оваа иницијатива е подобрување на сообраќајните навики кај граѓаните преку зголемување на свесноста за безбедност на патиштата, локално и глобално. Кампањата стави акцент на две пораки за безбедност:

  • Истакнување на неколку активности кои одземаат само неколку секунди, а можат да ви го спасат животот;
  • Идентификување на главните причинители за сериозните и фатални сообраќајни несреќи;

Make cars green [16][уреди | уреди извор]

Меѓународната федерација за автомобилизам ФИА ја спроведе глобалната кампања MAKE CARS GREEN (Да ги направиме автомобилите „зелени“) низ целиот свет со цел зачувување на животната средина. АМСМ во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерство за внатрешни работи на Македонија, на 23 мај 2008 година ја започна глобалната кампања MAKE CARS GREEN. Главна причина за спроведување на оваа кампања е глобалното затоплување и климатските промени. АМСМ како поддржувач на оваа иницијатива ги пренесе следните пораки на граѓаните: купувајте еколошки автомобил, планирајте го Вашето патување, често проверувајте го притисокот во гумите, намалете го товарот во автомобилот и избегнувајте употребување на кровен багажник, не го загревајте моторот пред поаѓање, употребувајте го клима-уредот само кога е неопходно, намалете ги емисиите на CO2 од Вашиот автомобил и др.

UN Decade of action for road safety (2011-2020) [17][уреди | уреди извор]

АМСМ во соработка со Меѓународната федерација за автомобилизам ФИА, се приклучи кон иницијативата за поддршка на Декадата на акција на Обединетите нации за безбедност на патиштата 2011-2020, која секаде во светот официјално започна на 11 мај 2011 година, а со цел подигнување на свеста кај граѓаните за зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници. Под мотото „Веруваме, Зборуваме, Менуваме“, АМСМ во соработка со Министерство за внатрешни работи на Македонија и Ребубличкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година ја одбележува националната кампања за безбедност на патиштата во Македонија.

Second UN Global Road Safety Week[уреди | уреди извор]

Во период од 6-12 мај 2013 година се одржа Втората Глобална недела на Обединетите Нации за безбедност на патиштата посветена на безбедноста на пешаците. По иницијатива на Генералното собрание на ОН, овој настан имаше за цел да се посвети целосно внимание на итната потреба за подобра заштита на пешаците ширум светот, преземање мерки за остварување на оваа цел и придонесување кон остварување на крајната цел на Декада на акција на ОН за безбедност на патиштата 2011-2020 да се спасат 5 милиони животи. Во организација на АМСМ, Република Македонија со низа превземени активности од страна на различни институции во своето поле на работа и делување, во периодот од 6-12 мај се вклучи во одбележувањето на Втора Глобална Недела на ОН за Безбедност на Патиштата – безбедност на пешаци.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]