АКЕ инхибитор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ангиотензин-конвертирачки-ензим инхибитор
Класа на лек
Captopril skeletal.svg
Каптоприл, првиот синтетски АКЕ инхибитор
УпотребаХипертензија
Биолошки таргетАнгиотензин-конвертирачки ензим
ATC кодC09A
Надворешни врски
MeSHD000806
AHFS/Drugs.comDrug Classes
Consumer ReportsBest Buy Drugs
WebMDmedicinenet  rxlist

Ангиотензин-конвертирачки-ензим инхибитори (АКЕ инхибитори) се класа на лекови кои примарно се користат во третманот на висок крвен притисок и срцева слабост.[1][2] Тие делуваат преку релаксација на крвните садови како и преку намалување на крвниот волумен, што доведува до намалување на крвниот притисок и намалена побарувачка на кислород од срцето.

АКЕ инхибиторите вршат инхибиција на активноста на ангиотензин-конвертирачкиот ензим, важна компонента на системот ренин–ангиотензин, кој учествува во конверзијата на ангиотензин I во ангиотензин II,[3] и инхибиција на хидролизата на брадикинин.[1] Оттука, АКЕ инхибиторите го намалуваат формирањето на ангиотензин II, кој е вазоконстриктор, и го зголемуваат нивото на брадикинин, кој е пептиден вазодилататор.[3][1] Оваа комбинација е синергистичка во намалувањето на крвниот притисок.[3][1]

Во оваа група на лекови спаѓаат: беназеприл, зофеноприл, периндоприл, трандолаприл, каптоприл, еналаприл, лизиноприл и рамиприл.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Kaplan's Essentials of Cardiac Anesthesia. Elsevier. 2018. doi:10.1016/c2012-0-06151-0. ISBN 978-0-323-49798-5. Mechanisms of Action:ACE inhibitors act by inhibiting one of several proteases responsible for cleaving the decapeptide Ang I to form the octapeptide Ang II. Because ACE is also the enzyme that degrades bradykinin, ACE inhibitors increase circulating and tissue levels of bradykinin (Fig. 8.4).
  2. Aronow, Wilbert S. (2010). „Cardiac Arrhythmias“. Brocklehurst's Textbook of Geriatric Medicine and Gerontology. Elsevier. стр. 327–337. doi:10.1016/b978-1-4160-6231-8.10045-5. ISBN 978-1-4160-6231-8. Angiotensin-converting enzyme inhibitors ACE inhibitors have been demonstrated to reduce sudden cardiac death in some studies of persons with CHF.24,56
  3. 3,0 3,1 3,2 Byrd, James Brian; Ram, C. Venkata S.; Lerma, Edgar V. (2019). „Pharmacologic treatment of hypertension“. Nephrology Secrets. Elsevier. стр. 477–482. doi:10.1016/b978-0-323-47871-7.00078-2. ISBN 978-0-323-47871-7. ACE inhibitors inhibit the conversion of angiotensin I to angiotensin II, thereby producing vasodilation and lowering BP. Because the hydrolysis of bradykinin is also inhibited by these drugs, cough (7% to 12%) can occur.