Џули и Џулија
„Џули и Џулија (Julie & Julia)“ | |
---|---|
![]() Официјален постер | |
Режисер | Нора Ефрон |
Продуцент | Нора Ефрон |
Сценарист | Сценарио: Нора Ефрон Книга: Џули Пол |
Главни улоги | Мерил Стрип Ејми Адамс Стенли Тучи |
Жанр | драма комедија |
Музика | Александре Десплат |
Дистрибутер | Columbia Pictures |
Премиера | 30 јули 2009 7 август 2009 |
Времетраење | 123 мин. |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $40,000,000 |
Бруто заработка | $117,913,384[1] |
„Џули и Џулија“ (англиски: Julie & Julia) е американски – филм (драма и комедија) од 2009 година во режија на Нора Ефрон (Nora Ephron), која е авторка и на сценариото. Филмот е заснован на вистинските факти за животот на готвачката Џулија Чајлд во почетните години од нејзината кариера, како и за животот на Џули Пол, која си дава задача дека мора да ги подготви сите 524 рецепти од книгата на Чајлд за време од една година.
Сценариото на Ефрон е адаптација на две книги: „Мојот живот во Франција“, автобиографијата на Џулија Чајлд, и мемоарите од Џули Пол. Во август 2002 година, Пол започнува да ги пишува на интернет нејзините дневни случувања околу готвењето на 524-те рецепти на Џулија. Интересно е тоа што ова е прв филм заснован врз еден блог т.е блогот кој го водела самата Џули Пол.[2]
Ефрон започнала да го снима филмот во март 2008 година. Мерил Стрип се појавува во улогата на Џулија Чајлд, додека пак младата глумица Ејми Адамс ја игра улогата на Џули Пол. Филмот ја доживеал премиерата на 30 јули 2009 година. За својата улога, Стрип ја освоила наградата „Златен глобус“, а била номинирана и за „Оскар“ за најдобра главна глумица.[3]
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Џулија е жената која засекогаш им го промени начинот на кои Американците готвач. Но, во 1948 година, Џулија Чајлд (Мерил Стрип) била само една обична Американка која живеела во Франција. Работата на нејзиниот маж ја одвела во Париз, а таа заради својот неуморен и нескротлив дух, посакала нешто да работи. Педесет години подоцна, Џули Пол (Ејми Адамс) чувствува дека пропаѓа. Ѝ се ближи триесеттиот роденден, живее во Квинс и работи бесперспективна работа, додека сите нејзини пријателки постигнуваат забележителни успеси во животот. Џули смислува наизглед непресметлив план да ја пренасочи својата енергија; таа одлучува да помине точно една година подготвувајќи ги сите 524 рецепти од готвачот на Џулија Чајлд, „Совладување на уметноста на француската кујна“ - и секако покрај тоа таа ќе води интернет дневник (блог) за своите искуства.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Мерил Стрип - Џулија Чајлд
- Ејми Адамс - Џули Пол
- Стенли Тучи - Пол Чајлд
- Крис Месина - Ерик Пол
- Линда Емонд - Симон Бек
- Џејн Линч - Дороти МекВилијамс
- Мери Лин Рајскуб - Сара
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Златен Глобус 2010
[уреди | уреди извор]- Најдобар филм во категоријата комедија/мјузикл (номинација)
- Најдобра глумица во категоријата комедија/мјузикл (Мерил Стрип) (награда)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 7 септември 2009 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=julieandjulia.htm
- ↑ „Philadelphia Weekly“. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 2009-11-17.
- ↑ Julie i Julia, američki film (2009.) (пристапено на 12.4.2025)