Џули Биндел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џули Биндел
Роден/а20 јули 1962 (1962-07-20) (57 г.)
Обединето Кралство
ЗанимањеКолумнистка, политичка коментаторка, културна критичарка
Предметправата на жените, феминизам
Книжевно движењеФеминизам, анти-хомофобија
ПартнерХариет Уистрич
мрежно место
http://www.guardian.co.uk/profile/juliebindel

Џули Биндел (родена 20 јули 1962) е англиска писателка, феминистка и ко-основачка на групата Правда за Жените, која се противи на насилството врз жените од феминистичка гледна точка.

Силување[уреди | уреди извор]

За време на нејзиниот придонес за Гардијан таа почна да пишува повеќе за силувањето.[1][2][3][4][5] Таа е критична за тоа како животот е направен тежок за жените кои пријавиле силување, како истражните и судски процеси ги третираат жените повеќе како криминали отколку жртви во средина каде што се чини дека некои веруваат дека е поважно да се заштитат правата на силувачите отколку на жените кои се жртви. Биндел ги објасни тешкотиите на пријавување и донесување праведна пресуда во врска со силувањето, велејќи дека таа не би го пријавила “ние дури можеме да заборавиме на системот на кривичната правда и да тренираме групи на одмаздници да изнудуваат одмазда и, се надевам, да ги одвратат нападите. Затоа што додека јас би била силувана, јас попрво би ја пробала мојата среќа како обвинета во судот, отколку како подносителот на жалбата во систем кој се чини има за цел докажување дека силувањето е продукт на имагинацијата на малициозни жени".[6] Нејзиното пишување за силувањето се појави во весниците на Блискиот исток[7] и Индија,[8] и нејзините ставови се пријавени од страна на БиБиСи.[9]

Секс-трговија со луѓе и секс туризам[уреди | уреди извор]

Во 2008 Биндел ко-напиша извештај за британските бордели, наречен Биг Бордел (игра на зборови во врска со насловот на ТВ програмата Биг Брадер). Студијата на 900 бордели покажа дека со доплата незаштитен анален секс и друга незаштитена пенетрација беше на располагање. Голем број од борделите вклучувале "многу млади девојки", и голем број од жените биле од Источна Европа и Југоисточна Азија.[10] Биндел пишува за наодите, опишува искуства, како и оние на една млада жена која морала да има секс со дваесет мажи дневно.[11]

Транссексуализам[уреди | уреди извор]

Прв објавен напис на Биндел за транссексуализмот беше во Декември 2003; тоа беше првиот пример за наративот на "транссексуално каење" во медиумите на Велика Британија. Биндел интервјуирала "пост-оперативен транссексуалец, кој изрази жалење за неговата одлука да има операција и се чинеше дека психијатарите вклучени не се грижеле доволно со постигнувањето на дијагнозата. Биндел го изразува сомнежот за медицинскиот пристап кон транссексуализмот.[12]

Еден месец подоцна статијата Gender Benders, beware беше отпечатена во Гардијан во врска со нејзиниот гнев за спорот во центар за помош за силуваните поради транссексуалец “советник“; во написот, исто така, ги изрази своите ставови за транссексуалците и транссексуализмот[13] велејќи: "Јас немам проблем со мажите кои ги отстрануваат своите гениталии, но тоа не ги прави жени, на истиот начин на кој туркањето на вакуум црево во фармерките не прави некој маж." [13]

Биндел тврди дека "луѓето треба да се сомневаат на основата на дијагнозата од машки психијатри, во време кога родовите норми и хомофобијата работат рака под рака...[14] Иран ги спроведува највисокиот број на транссексуални операции во светот... операцијата е обид да се задржат за половите стереотипи...[14] идејата дека одредени различни однесувања се соодветни за мажите и жените е во основата на феминистичката критика на феноменот "транссексуализам".[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bindel, Julie (2 October 2003), Rape is never glamorous, The Guardian 
  2. Bindel, Julie (30 March 2006), We must rethink rape, The Guardian 
  3. Bindel, Julie (16 November 2006), How 'rape' has been raped, The Guardian 
  4. Bindel, Julie (1 February 2007), Why is rape so easy to get away with?, The Guardian 
  5. Bindel, Julie (2 September 2008), Mirren's twisted logic, The Guardian 
  6. Bindel, Julie (25 October 2006), If I were raped today, I would not report it, The Guardian 
  7. Bindel, Julie (30 July 2008), There is never ever an excuse for rape, Kuwait Times 
  8. Bindel, Julie (26 July 2008), Rape – there is never an excuse, ever, The Hindu 
  9. Parkinson, Dan (16 November 2006), Should women be more responsible?, BBC News 
  10. Bindel, Julie; Atkins, Helen (2008), Big Brothel – a survey of the off-street sex industry in London, London: POPPY Project 
  11. Bindel, Julie (10 September 2008), Revealed: the truth about brothels, The Guardian 
  12. Bindel, Julie (15 December 2003), I changed for all the wrong reasons, and then it was too late, Telegraph 
  13. 13,0 13,1 Bindel, Julie (31 January 2004), Gender Benders, beware, The Guardian 
  14. 14,0 14,1 14,2 Grew, Tony (7 November 2008), Celebs split over trans protest at Stonewall Awards 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]