Прејди на содржината

Џош Виндас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џош Виндас
Лични податоци
Полно име Џошуа Дин Виндас[1]
Роден на 9 јануари 1994(1994-01-09)(30 г.)[1]
Роден во Хал, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред, напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј
Број 18
Младинска кариера
Хадерсфилд Хадерсфилд Таун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Харогејт Релвеј Атлетик Харогејт Р. А. ? (?)
2013-2016 Акрингтон Стенли Акрингтон Стенли 75 (22)
2016-2018 Ренџерс Ренџерс 55 (13)
2018-2020 Виган Атлетик Виган Атлетик 54 (9)
2020- Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј 50 (12)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Џошуа Дин Видас (роден на 9 јануари 1994 година во Хал) — англиски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Шефилд Венздеј.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Виндас е роден во Хал, Хамберсајд.[1] Toj е син на поранешниот фудбалер, Дин Виндас.[2][3]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Примарно е офанзивен играч за врска, но Виндас може да игра и како напаѓач.[4]

Виндас ја започнал својата кариера во екипата на Хадерсфилд Таун.[2] Тој поминал десет години во овој клуб пред да биде ослободен во април 2012.[5] Својата сениорска кариера ја започнал во нисколигашот Харогејт Релвеј Атлетик, на кој му се приклучил во декември 2012.[6] Додека играл полупрофесионален фудбал во овој клуб, тој во исто време работел како градежен работник.[2]

По завршувањето на сезоната 2012-2013, Виндас потпишал договор со Акрингтон Стенли во јули 2013, станувајќи официјално професионален фудбалер откако му се приклучил на клубот од Лига Два.[7][8] Откако во првата сезона, ретко бележел минути поминати на теренот, следните две сезони биле многу важни за развојот на Виндас; во тие две сезони тој добил многу простор за игра благоарение на кој успеал да ги покаже својте квалитети постигнувајќи 23 голови, од кои 17 биле во последната сезона.

Откако во ноември 2015, на совет на својот татко одбил да го продолжи договорот со Акрингтон, во јануари 2016, заедно со својот соиграч Мат Крукс, Виндас потпишал четири годишен договор со шкотскиот великан Ренџерс. Двете засилувања од Акрингтон, официјално му се приклучиле на Ренџерс во јули 2016 и биле дел од подготвителните натпревари. Своето деби за Ренџерс, Виндас го направил на 16 јули 2016, во натпревар од Лига купот на Шкотска против Мадервел,[9] а во истото натпреварување го постигнал и својот прв гол против Ист Стирлингшир.

Сезоната 2017-2018, била најдобрата на Виндас дотогаш во кариерата: тој постигнал 18 голови во сите натпреварувања со кој бил најдобар стрелец на Ренџерс (изедначен со Алфредо Морелос), а со 13 погодоци во лигата тој бил трет стрелец, единствено зад Крис Бојд од Килмарнок и неговиот тимски колега Морелос.[10]

На 9 август 2018, Виндас се вратил во Англија, потпишувајќи за Виган Атлетик со кој играл во Чемпионшип.[11] Во сезоната 2018-2019, тој постигнал 5 гола помагајќи им на Латикс да обезбедат опстанок во лигата. На 31 јануари 2020, Виндас бил позајмен на Шефилд Венздеј каде ја доиграл сезоната 2019-2020, а на 2 септември истата година бил откупен од Венздеј за необјавена сума. Иако со 9 гола Виндас бил најдобар стрелец на Шефилд Венздеј во Чемпионшип во сезоната 2020-2021, тој не успеал да го спречи испаѓањето на клубот од лигата.

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 март 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Англија Акрингтон Стенли ФЛ2 10 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - ТФЛ 0 0 8 0
2014-2015 ФЛ2 35 6 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - ТФЛ 1 0 40 6
2015-2016 ФЛ2 30+2[12] 15+1[12] ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - ТФЛ 0 0 35 17
Вкупно Акрингтон Стенли 75+2 21+1 8 1 - - 1 0 86 23
2016-2017 Шкотска Ренџерс ШПЛ 21 0 КШ+ЛКШ 2+4 0+1 - - - - - - 27 1
2017-2018 ШПЛ 33 13 КШ+ЛКШ 4+3 5+0 ЛЕ 1[13] 0 - - - 41 18
јул.-авг. 2018 ШПЛ 1 0 КШ+ЛКШ 0+0 0 ЛЕ 4[13] 0 - - - 5 0
Вкупно Ренџерс 55 13 13 6 5 0 - - 73 19
2018-2019 Англија Виган Атлетик ФЛЧ 39 5 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 40 5
2019-јан. 2020 ФЛЧ 15 4 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 16 4
Вкупно Виган Атлетик 54 9 2 0 - - - - 56 9
јан.-јун. 2020 Англија Шефилд Венздеј ФЛЧ 9 3 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 9 3
2020-2021 ФЛЧ 41 9 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 44 10
Вкупно Шефилд Венздеј 50 12 3 1 - - - - 53 13
Вкупно во кариерата 234+2 55+1 26 8 5 0 1 0 268 64
  1. 1,0 1,1 1,2 „Џош Виндас“. Barry Hugman's Footballers.
  2. 2,0 2,1 2,2 Hart, Simon (30 October 2015). „Josh Windass is helping Accrington Stanley's promotion push“. The Independent. London: Independent News & Media. Посетено на 30 June 2016.
  3. Thomson, Doug (21 May 2010). „Famous fathers of new Huddersfield Town academy players“. Huddersfield Examiner. Посетено на 9 November 2013.
  4. „Josh Aiming For Top Scorer“. Rangers Football Club, Official Website. 16 March 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 13 July 2018.
  5. „Baker's at the double for City reserves“. Telegraph & Argus. Bradford: Newsquest Media Group. 24 April 2012. Посетено на 9 November 2013.
  6. David Watters (22 December 2012). „Saturday's Transfer List“. Evo-Stik Northern Premier League. Архивирано од изворникот на 2017-07-05. Посетено на 9 November 2013.
  7. „Accrington Stanley sign Josh Windass on one-year contract“. BBC Sport. BBC. 24 July 2013. Посетено на 25 July 2013.
  8. „Harrogate Railway winger Josh Windass joins Accrington Stanley“. Ripon Gazette. 27 July 2013. Архивирано од изворникот на 9 November 2013. Посетено на 27 July 2013.
  9. McLaughlin, Chris (16 July 2016). „Motherwell 0–2 Rangers“. BBC Sport. BBC. Посетено на 16 December 2016.
  10. „Top Scorers - Scottish Premiership - Football“. BBC Sport. Посетено на 13 July 2018.
  11. „Josh Windass and Joe Garner: Wigan Athletic sign Rangers midfielder and Ipswich striker“. BBC Sport. 9 August 2018. Посетено на 10 August 2018.
  12. 12,0 12,1 Плејоф.
  13. 13,0 13,1 Во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]