Џорџ Бокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џорџ Бокс

Џорџ Едвард Пелхам Бокс (George Edward Pelham Box) (18 октомври 1919 - 28 март 2013 г.) бил статистичар, кој работел во областа на квалитетна контрола, дизајн на експерименти, анализи на временски низи и Бејсова инференција. Неговото име е поврзано и со некои резултати во статистиката како на пример: Бокс-Џенкинс модели, Бокс-Кокс трансформации, Бокс-Бехнкен дизајни, и други. Тој има објавувано и книги од областа на статистистиката. Ги објавил: Бејсова инференција во статистичка анализа. (1973 г., со Џорџ К. Тиао), анализи на временски низи: Предвидување и контрола (4 издание 2008 г., со Гвилум Џенкинс и Грегори К. Раинсел) и Статистика за експериментатори (2 издание 2005 г.).
Главните области во кои Бокс придонел се: статичко изведување, робустност и стратегија за моделирање; експериментален дизајн и одговорно површинска методологија;анализи на временски низи и предвидување: распоредна фтеорија, трансформација на променливи и нелинеарни процени и статистички апликации. Неговото име е поврзано со многу идеи во статистиката како што се Бокс-Џенкинс пристапот, Бокс-Џенкинс моделите и Бокс-Бехнкен дизајнот. Тој исто така ја претставил важната идеја на “робустност” во статистиката во 1953 г. и дал многу прецизна дефиниција во весник објавен во 1955 г. Тој напишал: „Статистичките критериуми би требало да се чувствителни за да се сменат специфичните фактори кои се испробани, биди несензитивен кон промените, на големина која веројатно ќе се случи во пракса, во ирелевантни фактори, а во неговата книга за одговорна површинска методологија со Норман Р. Драпер напишал дека: “суштински, сите модели се погрешни, но некои се корисни”.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бокс е роден во Грејвсенд, Кент, Англија. По запишувањето на универзитет почнал да учи хемија, но пред да заврши бил повикан на служба. Во текот на Втората светска војна извршувал експерименти за англиската војска со што изложувал мали животни на отровен гас. За да ги анализира резултатите од неговите експерименти самиот учел статистика од достапна литература. По војната, влегол во Универзитетскиот колеџ во Лондон и добил диплома на ниво математика и статистика. Под надзор на Егор Пирсон (син на славниот статистичар Карл Пирсон) во 1953 од Универзитетот во Лондон добил титула доктор на науки. Од 1948 г. до 1956 г., Бокс како статистичар работел за Империските Хемиски Индустрии (ИХИ). Сè додека бил таму, една година зел одсуство од работа и служел како заменик професор во Државниот Универзитет на Северна Каролина (тогашен Универзитет Северна Каролина) во Рајли. Подоцна се префрлил во Универзитетот Принстон каде служел како Директор на Група за Статистички Истражување. Во 1960 г., Бокс, со цел да направи оддел за статистика, повторно се префрлил, но сега во Универзитетот Винсконсин – Медисон. Во 1980 г. бил назначен за Вилас професор на Истражувања на статистика (највисока чест доделена на секој член на Универзитетот Винсконсин – Медисон, а во 1984 г. заедно со Бил Хантер го основале Центарот за подобрување на квалитетот и продуктивноста на истиот Универзитет. Бокс официјално стапил во пензија во 1992, и станал Почесен Професор.
Бокс се оженил со Џоан Фишер, втората од петте ќерки на Роналд Фишер. Во 1978 г. таа, со помош од нејзиниот сопруг, Бокс, објавила Биографија за Роналд Фишер. Во 1985 г. Бокс повторно се оженил, но сега со Клер Квист. Умрел на 28 март 2013 г., на 93 годишна возраст.[1]

Професионално признание: канцеларии и награди[уреди | уреди извор]

Бокс бил претседател на Американската асоцијација за Статистика во 1978 г. и на Институтот на математички статистики во 1979 г. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и: Shewhart медалот од Американската асоцијација за Статистика кој се доделува за „извонредно техничко водство во областа на модерната контрола на квалитетот, особено преку развојот на својата теорија, принципи и техники“, во 1968; Wilks меморијалната награда од Американската Асоцијација за Статистика во 1972; Р. А. Фишер Лектурство во 1974, и Гајов медал во злато од Кралското статистичко друштво во 1993. Тој бил избран како член на Американската Академија за Уметности и Науки во 1974, и како соработник на Кралското друштво во 1979 г.

Бокс–Коксов распоред[уреди | уреди извор]

Во статистиката Бокс–Коксов распоред[2] е статистички распоред на случајната променлива Х за која Бокс – Кокс трансформацијата следи намалена нормалниот распоред. Тоа е континуирана веројатност која има функција за можно згуснување зададена од:


За y>0, каде:

  • m e параметарот на местоположбата на распоредот,
  • ѕ е дисперзијата
  • ƒ е семејниот параметар
  • I е индикатор на функцијата
  • Φ е функција за кумулативен распоред на стандардниот нормален распоред
  • sgn е функција знак
Посебни случаи: ƒ=1 дава намален нормален распоред

Бокс–Мулерова трансформација[уреди | уреди извор]

Бокс – Мулер трансформација[3] (Бокс и Мервин Едгар Мулер 1959 г.) е метод на псевдо – случаен број за генерирање парови на независни стандардно нормални распоредени (единечна варијанса) случајни броеви, на кој им е даден извор на еднакво распоредени случајни броеви.

Јунг-Боксова проба[уреди | уреди извор]

Јунг–Боксова проба[4] ( по името на Грета М. Јунг и Џорџ Е. П. Бокс) е еден вид на статистичка проба за тоа дали некои групи од авто корелации од временски низи се различни од нула. Наместо да се испробува случајноста на секое посебно заостанување, ја испробува целокупната случајност која се заснова на поголем број заостанувања, и тоа е портомонска проба. Оваа проба е широко применуван во економетријата и други примени од анализите на временски низи.

Одговорно површинска методологија (ОПМ)[уреди | уреди извор]

Во статистиката, одговорно површинската методологија(ОПМ)[5] ги истражува односите помеѓу неколку објаснувани променливи и една или повеќе променливи кои одговараат. Методот беше претставен од Бокс и К. Б. Вилсон во 1951. Главната идеја на ОПМ е да се користи секвенца на дизајнирани експерименти за да се добие оптимален одговор. Бокс и Вилсон за да се направи ова предложиле да се користи полиномен модел од втор степен. Тие признаваат дека овој модел е само приближен, но го користат затоа што овој модел е лесен да се процени и да се применува, иако малку се знае за процесот.

Централно композитен дизајн[уреди | уреди извор]

Во статистиката, централно композитен дизајн[6] е ескпериментален дизајн, корисен во одговорно површинска методологија, за градење на втор ред (квадратен) модел за променливата што одговара, без потреба да се користи комплетен факториел експеримент од трето ниво. Откако дизајнираниот експеримент е извршен, се користи линеарна регресија, понекогаш итеративно, за да се добијат резултати. Кодираните променливи почесто се користат кога се гради овој дизајн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://en.wikipedia.org/wiki/George_E._P._Box
  2. http://en.wikipedia.org/wiki/Box%E2%80%93Cox_distribution
  3. http://en.wikipedia.org/wiki/Box%E2%80%93Muller_transform
  4. http://en.wikipedia.org/wiki/Ljung%E2%80%93Box_test
  5. http://en.wikipedia.org/wiki/Response_surface_methodology
  6. http://en.wikipedia.org/wiki/Central_composite_design

Предлошка:Guy Medal