Џон Лоб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешноста на лондонската продавница на Џон Лоб
Ентериерот на лондонската продавница на Џон Лоб

Џон Лоб (John Lobb) е ексклузивна марка на машки чевли и чизми од Англија. Фирмата се смета за најдобриот изработувач (чевлар) на вакви обувки во светот. Сите производи се рачно направени до највисок стандард на совршенство. Тие се продаваат како готов производ и по мера. Нивното мото е „The Bare Maximum for a Man“ („Голиот максимум за еден маж“).

Чевлите се продаваат во сопствени продавници, бутици и во луксузни стоковни куќи како Хародс, Селфриџес, Нејман Маркус и Лејн Крафорд.

Пар чевли по порачка чинат околу £2000.

Фирмата е имател на Кралска Повластица.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]