Џон Еткинсон Гримшо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Еткинсон Гримшо
„Квечерина на Темза“ (1880)
„Есенско утро“

Џон Еткинсон Гримшо (англ. John Atkinson Grimshaw, 6 септември 1836 - 13 октомври 1893) е британски сликар од викторијанско време, роден во Лидс, Англија. На ворзаст од 24 години, на разочарување на родителите, ја напуштил неговата прва работа како чиновник во Големата северна железница за да започне кариера како уметник.

Главна инспирација за Гримшо биле предрафаелитите. Доследен на нивниот стил, сликал пејзажи во верни бои и светлост, со живописни детали. Често сликал пејзажи типизирајќи ги годишните времиња и временските околности. Применувајќи ги своите вештини на светлосните ефекти, како и необичната претпазливост за детали, Гримшо давал подробен опис на една сцена, истовремено верно предавајќи го на гледачот дадениот амбиент.

„На Хемпстедскиот рид“ се смета за една од најдобрите слики на Гримшо, каде тој ја илустрира својата вештина на работа со разни светлини доловувајќи го амбиентот на залезот кој преминува во ноќ. Неговата слика „Дулче Домум“ (1855), на чија опачина Гримшо напишал: „mostly painted under great difficulties“ („насликана претежно со големи потешкотии“), ја доловува музиката на пијанистот на сликата, го мами окото да шара по богато украсената соба, и да ја разгледа мирната молчелива девојка која во меѓувреме ја слуша композицијата.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]