Џон Вен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џон Вен
John Venn.jpg
Роден4 август 1834(1834-08-04)
Кингстон на Хал, Јоркшир, Англија
Починал4 април 1923(1923-04-04) (воз. 88 г.)
Кембриџ, Англија
НационалностАнгличанец
ПолињаМатематика
Логика[1]
Филозофија
УстановиУниверзитет во Кембриџ
ОбразованиеУниверзитет во Кембриџ

Џон Арчибалд Вен е роден на 4 август, 1834 во Јоркшир, а умрел на 4 април, 1923 година во Кембриџ. Бил англиски логичар и филозоф, најдобро познат како изумителот на дијаграм познат како Венов дијаграм -за претставување на категорични искази и тестирање на валидноста на категорични силогизми. Тој, исто така, направи значаен придонес во симболичката логика (исто така наречена математичка логика) и теоријата на веројатност.

Детство[уреди | уреди извор]

Мајката на Вен, Марта Сајкс,која е по потекло од Свонленд, во близина на Хул, умрела додека тој сеуште бил младо момче. Неговиот татко, Рев Хенри Вен, бил ректор на парохијата Драјпул, исто така во близина на Хул. Неговиот дедо бил лидер на сектата Clapham, група на евангелиски христијани центрирани во неговата црква. Тој успешно водел кампања за укинување на ропството, се залагал за реформи во затворите и спречување на сурови спортови. Џон Вен уште од мал имал предиспозиции да стане свештено лице, имајќи ги предвид неговите предци.

Животен пат[уреди | уреди извор]

По школувањето во Highgate School , студирал на Кембриџ каде што и дипломирал во 1857 и набргу бил избран за соработник во истиот. Вен бил поставен за англиски свештеник 1859 год. На Gonville and Caius, колеџ на универзитетот во Кембриџ, тој предавал Логика на филозофија на науката, а подоцна се посветил на историјата на колеџот и на сопственото семејство. Поднел оставка од свештенството во 1883 година, откако заклучил дека Англиканизмот е неспоив со неговата филозофски убедувања. Главен интерес му била логиката и објавил три текста на оваа тема: Логика на среќа вклучувајќи ја фреквенцијата на толкувањето или фреквенцијата на теоријата на веројатност во 1866 год. , Симболичка логика која ја претставил со Веновиот дијаграм во 1881 год. и Принципите на Емпириската логика во 1889 год. Во 1910 година тој објави работа на историска биографија, имено трактат за John Caius, еден од основачите на неговиот колеџ. Три години подоцна тој го објави Early Collegiate Life коj собира многу од неговите дела напишани за тоа каков бил животот во раните денови на универзитетот Кембриџ.

Венов дијаграм[уреди | уреди извор]

Џон Вен го конструирал Веновиот дијаграм и го вовел во 1880 година, во труд под наслов ,,Дијаграмски и механички приказ на искази и резонирања”. Се користи во многу области, вклучително и во теорија на множествата, веројатност, логика, статистика, компјутерски науки и др. Веновиот дијаграм во себе ги содржи насликани односите на вклучување и исклучување помеѓу класите. Тие се состојат од два или три пресечни кругови, секој претставува една класа и секој е означен со латинична буква. Мали букви на x и засенчување се користи за означување на постоењето и непостоењето, односно, на некој (барем еден) член на дадена класа.


Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

• Venn, John (January 1876). "Consistency and Real Inference". Mind 1 (1).

• Venn, John (1881). Symbolic Logic. London: Macmillan and Company. ISBN 1-4212-6044-1.

• Venn, John (1880). "On the Employment of Geometrical Diagrams for the Sensible Representation of Logical Propositions". The Logic of Chance: An Essay on the Foundations and Province of the Theory of Probability

• First Edition (1866): Google Book Search

• Second Edition (1876): Google Book Search or Internet Archive or University of Göttingen

• Third Edition (1888): Google Book Search or Internet Archive

• Venn, John (1901). Caius College. London: F. E. Robinson & Co.

• John Caius, John Venn (1904). The Annals of Gonville and Caius College. Printed for the Cambridge Antiquarian Society, sold by Deighton, Bell & Co.(1904) - by John Caius, edited by John Venn