Прејди на содржината

Џовани Фереро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џовани Фереро
Роден(а)21 септември 1964(1964-09-21)(59 г.)
Фариљано, Италија
ОбразованиеЕвропски училишта
Алма матерLebanon Valley Collegе
ЗанимањеСтопанственик
Познат(а) поНајбогатата личност во Италија
ЗвањеИзвршен претседател, Фереро СрА
СопружникПаола Роси
Деца2
РодителиМикеле Фереро
Марија Франка Фисоло
РодниниПјетро Фереро (дедо)
Пјетро Фереро Џуниор (брат)

Џовани Фереро (роден на 21 септември 1964 година) е италијански стопанственик и писател. Тој го презел раководството на кондиторската компанија Фереро СпА по смртта на неговиот брат Пјетро Фереро во 2011 година. Од октомври 2022 година, тој има проценета нето вредност од 37,6 милијарди долари што го прави 28-ми најбогат во светот и најбогат човек во Италија.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Роден е во Фариљано, Италија, како син на Марија Франка Фисоло и Микеле Фереро, сопственик на мултинационалната кондиторска корпорација Фереро. Во 1975 година се преселил во Брисел, Белгија, каде студирал на Европските училишта.[2] Потоа се преселил во САД за да студира.[3][4]

Кариера[уреди | уреди извор]

По завршувањето на студиите се вратил во Европа за да работи во семејната компанија. Во 1997 година станал извршен директор на Фереро заедно со неговиот брат Пјетро.

Во април 2011 година, по смртта на неговиот брат во велосипедска несреќа во Јужна Африка, станал единствен извршен директор на Фереро Груп. Неговиот татко, Микеле Фереро, останал извршен претседател.[5][6]

Микеле Фереро починал во 2015 година,[7] оставајќи ја компанијата исклучиво во рацете на Џовани.

Американскиот бизнис магазин Форбс објавил дека Џовани Фереро потоа ја презел улогата на извршен претседател во 2015 година и ги имал двете титули на извршен директор и извршен претседател две години додека не го ангажирал Лапо Цивилети да ја преземе функцијата извршен директор на компанијата во 2017 година.[8]

Публикации[уреди | уреди извор]

  • „Marketing progetto 2000 . La gestione della complessità“, 1990
  • „Stelle di tenebra“, Мондадори 1999[2]
  • „Campo Paradiso“, Рицоли 2007
  • „Il canto delle farfalle“, Рицоли 2010

Личен живот[уреди | уреди извор]

Фереро е во брак со Паола Роси.[9] Имаат два сина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bloomberg Billionaires Index: Giovanni Ferrero“. Bloomberg.com. Посетено на 2022-10-05.
  2. 2,0 2,1 „Archivio Corriere della Sera“. Archiviostorico.corriere.it. Посетено на 2016-05-19.
  3. „International Entrepreneur Giovanni Ferrero To be Honored at NIAF Gala in Washington, D.C. - The National Italian American Foundation“. Niaf.org. Посетено на 2016-05-19.
  4. „Giovanni Ferrero, laurea ad honorem all'Università di Parma“. Parmadaily.it. Посетено на 2016-05-19.
  5. „Morto in Sudafrica Pietro Ferrero, ad del gruppo della Nutella - Corriere della Sera“. Corriere.it. Посетено на 2016-05-19.
  6. John Hooper. „Ferrero unwrapped: Italy's secretive confectioner opens its doors | Business“. The Guardian. Посетено на 2016-05-19.
  7. Stout, Hilary (2015-02-16). „Michele Ferrero, Tycoon Who Gave the World Nutella, Dies at 89 (Published 2015)“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-01-13.
  8. „Giovanni Ferrero“. Forbes (англиски). Посетено на 2020-10-09.
  9. „Cattedrale gremita per la Messa in memoria di Michele Ferrero - Gazzetta d'Alba - Dal 1882 il settimanale di Alba, Langhe e Roero“. Gazzettadalba.it. Посетено на 2016-05-19.