Прејди на содржината

Џито

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џито (јапонски: 地頭) — име на управител на приватно или јавно претпријатие во Феудална Јапонија од XI до XIX век. Првично, џито било името на луѓето што обработувале целина и, според „Законот за доживотна приватизација на целини“ од 1974 г., станале нивни сопственици. Кон крајот на XI век, за да не плаќаат високи даноци на државата, овие земјопоседници ги подариле своите земјишта на богати аристократи и манастири, а под услов да плаќаат низок данок, станале управители на подарените имоти.[1]

Во XII век, по создавањето на шогунатот Камакура, џитото станало државна должност, која од 1185 г. наваму била назначена само со одобрение на самиот шогун. Должностите на овие службеници вклучувале надгледување на приватните имоти (шоен) на аристократите и манастирите, собирање даноци, следење на законот и редот и одржување на судови на територијата под нивна контрола.

По војната во Џокју од 1221 г., во која аристократите предводени од императорот се побуниле против шогунатот, бројот на џита бил зголемен и притисокот на централната влада врз приватната сопственост на земјиштето се зголемил. Во XIV до XVI век, за време на шогунатот Муромачи, џитата живееле во провинциите и постепено станале мало месно благородништво. Повеќето од нив биле вазали на воените управители на шугото.

Во XVIIXIX век, за време на владеењето на шогунатот Токугава, должноста на џито била запазена. Во неа биле назначени шогунски или хански офицери, хатамото, на кои им била дадена земја во одредена провинциска легија и обврзани да собираат даноци од неа.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Рубель В. А. Японська цивілізація: традиційне суспільство і державність. — Київ: «Аквілон-Прес», 1997.
  1. Huffman, James L. (2010). Japan in world history. Oxford: Oxford University Press. стр. 40. ISBN 978-0-19-536808-6. OCLC 323161049.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]