Џиро д’Италија 2012 - етапа 1 до етапа 11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преглед на етапите; темните линии го претставуваат растојанието на поединечните етапи, додека црните испрекините линии го претставуваат растојанието поминато во трансфери помеѓу етапите.

Џиро д’Италија 2012 започнала на 5 мај, а етапата 11 се случила на 16 мај. Изданието во 2012 започнало со поединечен хронометар - каде секој член на главната група од 198 возачи се натпреварувале против часовникот – во Хернинг, Данска со додатни две етапи одржани во оваа земја пред денот за одмор на трката. Возачите потоа патувале до Италија, каде трката ќе продолжи со екипен хронометар во Верона, настан каде секоја екипа со нивните членови ќе настапат заедно за борба против часовникот.

Тејлор Фини бил во водство на трката во текот на првите воведни етапи во Данска; поради освоениот поединечен хронометар, Фини ја бранел водечката маичка на следните две етапи, и покрај падот во последните метри на третата етапа, откако бил вклучен во масовниот пад. Фини ја поминал линијата во амбулантно возило, добивајќи медицинска помош пред да ја заврши самата етапа. Самиот инцидент бил започнат од Роберто Ферари, кој преминувајќи од една на друга страна го удрил Марк Кевендиш – победникот на втората етапа - предизвикувајќи Кевендиш да падне, како и остатокот од групата позади. Организаторите на трката го казниле Ферари во етапните резултати, со 30 секунди казна во генералниот пласман и одземање на 25 бода во бодовниот пласман. Ферари не бил свесен за грешката, која ја направил, па затоа подоцна се извинил на Кевендиш и на другите возачи во падот.

Кога трката се вратила во Италија, {{{име на тимот-2012}}} ја освоил четвртата етапа на екипниот хронометар во Верона. Алекс Расмусен бил на третото место по данските етапи, но тој отпаднал во текот на етапата и затоа Рамунас Навардаускас, станал новиот носител на розовата маичка од Фини, станувајќи првиот возач од Литванија, кој ја носел водечката маичка на Џиро. Навардаускас ја носел маичката наредниот ден, пред Адријано Малори да го преземе водството во трката на крајот на етапата број шест. Малори бил дел од бегството на таа етапа, на која Мигел Анхел Рубијано ја остварил својата соло-победа. Маичката го променила сопственикот повторно следниот ден, откако Малори отпаднал во текот на седмата етапа, па така Рајдер Хесједал бил првиот Канаѓанец, кој успеал да ја облече розовата маичка. Ја носел маичката наредните три дена, пред да ја преземе Хоаким Родригес со победата на етапата 10, на стрмното искачување во Асизи. Родригес ја носел маичката следниот ден, одружувајќи се во генералниот пласман на трката во втората половина на Џиро, каде повеќе биле присутни планинските етапи.

Легенда[N 1]
  A pink jersey   Го означува предводникот во генералникот пласман   A blue jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A red jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
   и.в. означува дека возачот, кој поминал низ целта во иста група како оној, кој го добил времето над него и затоа му било доделени истото крајно време.

Етапа 1[уреди | уреди извор]

5 мај 2012 — Хернинг (Данска), 8,7 км, поединечен хронометар (ITT)[1]

Трката започнала со краток поединечен хронометар, слично како на претходните изданија на Џиро во други земји – почетокот во Хернинг бил десетти пат трката да започне надвор од Италија и секако географски најсеверно[2] – како кога трката започнала со поединечен хронометар од 8,4 км во Амстердам, Холандија во 2010.[3] Самата етапа во Хернинг, 8,7 километри во должина, била релативно рамна, со висинска разлика од 8 метри од почетокот до крајот.[1] И покрај ова, била сметана за техничка поради природата на самата патека, со неколку тесни кривини од деведесет степени и калдрма на неколку делови од патеката пред крајот кај H. P. Hansensvej.[4][5] Џексон Родригес (Андрони Џокатоли-Венецуела) бил првиот возач, кој ја започнал трката во Хернинг,[6] постигнувајќи време од 11' 58" на патеката,[7] време кое на крајот во генералниот пласман било единствено добро за последните десет места.

Па така, водството на Родригес било краткотрајно, кога Марко Бандиера (Омега Парма-Квик Степ), возачот на {{{име на тимот-2012}}} Јонас Аен Јоргенсен и возачот на Тим Скај Бернхард Ајзел, сите го презеле водството со нивното доаѓање на целта и Роберт Хантер од {{{име на тимот-2012}}}, кој го постигнал првото време под 11 минути, со резултат 10' 54". Времето на Хантер останало во текот на следната група возачи и неговиот колега Рамунас Навардаускас бил оној кој го презел водството; Навардаускас постигнал шест секунди подобро време,[8] и бил доволно добар да се одржи пред остатокот од групата следните два часа. Времето на Навардаускас било ставено во опасност во неколку наврати; возачот на РадиоШек-Нисан Џеси Сарџент бил побрз на почетокот на етапата - четири секунди пред Навардаускас на средната мерна точка – но на крајот бил побавен за две секунди од литванскиот возач. Малку подоцна, Брет Ланкастер отишол уште поблиску до времето на Навардаускас за новосоздадената екипа Орика-ГринЕЏ; тој бил побрз на средната мерна точка како Сарџент, но на крај заостанал една секунда зад времето на Навардаускас, откако се сретнал со неговиот колега Андреј Зејц (Астана) во последниот дел на етапата.[7]

Алекс Расмусен ({{{име на тимот-2012}}}) бил највисоко пласиран дански возач на воведната етапа, завршувајќи трет зад Тејлор Фини и Герајнт Томас.

На крајот, престојот на Навардаускас на чело на водството бил завршено од страна на возачот на {{{име на тимот-2012}}} Мануеле Боаро, кој завршил во првите десет на поединечните хронометри на обете трки Тирено-Адријатико и Тур де Романди, поставувајќи го најбрзото време на средината од трката и на крајот завршил со време од 10' 41". Герајнт Томас бил следниот во редот за Тим Скај и бил шест секунди зад времето на Боаро,[7] но на крајот обајцата биле послаби од возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тејлор Фини, светскиот првак во хронометар под 23 години во 2010. Томас ја имал предноста на средната мерна точка од една секунда, но импресивната втора половина на патеката му донела предност на Фини од девет секунди. Така Фини, кој подоцна изјавил дека било сон да ја освои маичката,[9] станувајќи само третиот Американец, кој ја облекол водечката maglia rosa по Ендру Хемпстен во 1988 и Кристијан Ванде Велде во 2008.[10] Фини и Томас биле безбедни од понатамошни предизвици, а подоцна Алекс Расмусен ({{{име на тимот-2012}}}) и возачот на Вакансолел-ДКМ Густав Ларсон влегле во првите пет, постигнувајќи времиња од 10' 39" и 10' 48" соодветно. Понатаму, возачот на Астана Роман Кројцигер го постигнал најдоброто време од кандидатите за генерален пласман, со време од 11' 02" доволно за 28. место во етапните резултати.[8] Иван Басо (Ликвигас-Канондејл) и Хоаким Родригес (Катјуша) поставиле времиња во рамките на десет секунди зад Кројцигер во нивната неомилена дисциплина; иако и двајцата добиле 20-секундна предност пред двоецот од Лампре-ИСД Дамијано Кунего и Микеле Скарпони.[8]

Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1

Возач Екипа Време
1  Тејлор Фини (САД) Pink jersey Red jersey White jersey Аксент.џобс-Вилемс Веранда 10' 26"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 9"
3  Алекс Расмусен (ДАН) {{{име на тимот-2012}}} + 13"
4  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 15"
5  Густав Ларсон (ШВЕ) Вакансолел-ДКМ + 22"
6  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) {{{име на тимот-2012}}} + 22"
7  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 23"
8  Марко Пиноти (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 24"
9  Џеси Сарџент (НЗЛ) РадиоШек-Нисан + 26"
10  Нелсон Оливеира (ПОР) РадиоШек-Нисан + 27"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

6 мај 2012 — Хернинг (Данска) до Хернинг (Данска), 206 км[11]
Бегството на денот во Холстебро; Мигел Анхел Рубијано пред Алфредо Балони и Оливје Кесен.

Три возачи – возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Алфредо Балони, Оливје Кесен од Лото-Белисол и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано[12] – се одвоиле од главната група уште на почетокот на етапата; квартетот успеал да ја зголеми предноста на максимални тринаесет минути, по измината една четвртина од етапата.[13] Сите возачи имале отприлика исти времиња од првата етапа, па Тим Скај и Аксент.џобс-Вилемс Веранда останале на врвот на главната група, обидувајќи се да извлечат предност од бегството низ данските патишта долж брегот. Орика-ГринЕЏ биле исто така на чело на групата, бидејќи сакале да го заштитат нивниот главен спринтер Метју Гос. Во бегството, Балони се закитил себеси со првата maglia azzurra на трката,[14] бидејќи успеал да стигне прв на единственото категоризирано искачување во Остербјерг, пред Рубијано и Кесен.

Предноста во еден момент – со преостанати 90 километри - било намалена за половина од претходното; темпото на Тим Скај на чело на групата дозволило да падне предноста на само 5 минути.[13] Како другите екипи доаѓале напред во главната група, особено Ликвигас-Канондејл и Лампре-ИСД, предноста на триото напред, продолжила да опаѓа. Било неизбежно триото напред да биде достигнато и се разбира, на само 40 километри од целта, главната група ги помина членовите на бегството. Сепак, целината на групата била краткотрајна со напаѓањето на колегата на Кесен, Ларс Бак,[12] данскиот возач давајќи им причина на домашните навивачи да навиваат; му било допуштено простор од главна група и успеал да направи разлика од околу 45 секунди на 30 километри пред целта. Останал надвор од групата уште некое време, пред да биде фатен на околу 17 километри до крајот; Астана и Рабобанк го направиле поголемиот дел од работата за да се достигне, откако другите екипи тоа не ги интересирало.[13]

Возачите останале заедно до влегувањето во Хернинг на последниот циклус од 12,5 километри во и околу градот, додека воопшто немало напади од страна на некои велосипедисти и така ограничувајќи ги шансите некој да победи на етапата без масовен спринт. Кругот не поминал без драма, па така водачот во трката Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) доживеал несреќа на третина од кругот. Откако се вратил на нозе, Фини увидел дека му паднал неговиот ланец и изгубил над 30 секунди обидувајќи се да го отстрани проблемот, но со помош од неговите колеги, вклучувајќи ги Данило Вис и Алесандро Балан, успеал да се врати до главната група до крајот.[15] Напред во групата, {{{име на тимот-2012}}} започнале да го создаваат нивниот воз за Тајлер Фарар, додека Фарнезе Вини-Селе Италија се надевале да го доведат Андреја Гвардини, победник на шестата етапа на Тур де Лангкави порано во сезоната, на место за спринт. На последното свртување во етапата, возачот на Рабобанк Тео Бос ја изгубил контролата – поткачувајќи го тркалото на неговиот колега Марк Реншо[16] – и удрил во Александер Кристоф (Катјуша),[17] и предизвикал верижен пад, што довело голем број од кандидатите за етапна победа да отпаднат; возот на {{{име на тимот-2012}}} сè уште бил на чело на групата, но Герајнт Томас го довел Марк Кевендиш до линијата на целта за актуелниот светски првак да ја постигне 31. етапна Гранд Тур победа,[18] пред Гос и возачот на ФДЖ-БигМет Жофре Суп. Фини ја задржал розовата маичка по завршувањето на етапата со главната група, додека Кевендиш го преземал водството во бодовниот пласман од Фини.[12]

Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај 4ч 53' 12"
2  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Жофре Суп (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
4  Тајлер Фарар (САД) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
5  Роберто Ферари (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
6  Марк Реншо (АВС) Рабобанк и.в.
7  Тор Хушовд (НОР) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в.
8  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
9  Вилијам Боне (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
10  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Тејлор Фини (САД) Pink jersey White jersey Аксент.џобс-Вилемс Веранда 5ч 03' 38"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 9"
3  Алекс Расмусен (ДАН) {{{име на тимот-2012}}} + 13"
4  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 15"
5  Густав Ларсон (ШВЕ) Вакансолел-ДКМ + 22"
6  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) {{{име на тимот-2012}}} + 22"
7  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 23"
8  Марко Пиноти (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 24"
9  Џеси Сарџент (НЗЛ) РадиоШек-Нисан + 26"
10  Нелсон Оливеира (ПОР) РадиоШек-Нисан + 27"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

7 мај 2012 — Хорсенс (Данска) до Хорсенс (Данска), 190 км[19]
Возачот на Лото-Белисол Ларс Бак повторно нападнал, втор ден по ред, во текот на третата етапа - следејќи го крајот на бегството - но не успеал да постигне поголема предност пред групата и бил достигнат пред крајот.

Третата етапа на трката била посветена на белгискиот велосипедист Ваутер Вејлант – победник на третата етапа во 2010 во Миделбург, Холандија[20] – кој загинал откако доживеал пад при спустот од Пасо дел Боко во текот на третата етапа на трката во 2011 и подоцна им подлегнал на повредите добиени во падот.[21] Кратката церемонија, вклучувајќи и една минута тишина била одржана од членовите на екипата РадиоШек-Нисан – поранешната екипа на Вејлант Леопард Трек – и била одржана пред етапата во Хорсенс.[22] Покрај Вејлант, градоначалникот на Хорсенс, Јан Тројборг, исто така бил споменат на церемонијата.[23] Тројборг, кој бил клучната фигура да се донесе Џиро во Данска, умрел на 6 мај по добиениот срцев удар во текот на аматерската велосипедска трка во Јитланд.[24]

Шест возачи биле во бегство на етапата, вклучувајќи го и шестопласираниот Рамунас Навардаускас ({{{име на тимот-2012}}}),[25] но не можеле да постигнат повеќе од три и пол минути предност пред главната група,[26] и сите достигнат на околу 25 километри пред целта. Како што направил и претходниот ден, возачот на Лото-Белисол Ларс Бак повторно нападнал, кога групата ги стигнале членовите на бегството,[25] но бил фатен во последниот круг од 14,3 километри до должина и така сите се поставиле за масовен спринт на завршната линија. Тим Скај и {{{име на тимот-2012}}} биле на чело на групата, иако Герајнт Томас подоцна се поставил, Марк Кевендиш не бил директно зад него и со тоа Кевендиш останал без неговиот водач. Орика-ГринЕЏ ги донеле нивните луѓе напред во последниот километар; со Томас Ваиткус и Брет Ланкастер да го држат темпото за Метју Гос, тие го преместиле на чело на групата.[26] Кевендиш го зазел кормилото на возачот на {{{име на тимот-2012}}} Тајлер Фарар и тие заедно нападнале и се одвоиле на околу 200 метри пред целта.

Возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Роберто Ферари се обидел да се премести од левата страна на патот на десната, но тој премногу агресивно свртел, го закачил Кевендиш, испраќајќи го светскиот првак на земја и предизвикувајќи верижна реакција позади во групаа. Меѓу другите паднати возачи биле и водачот во генералниот пласман Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) и спринтерот од Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло.[27] На чело на хаосот, Гос го извел спринтот за да ја земе првата Гранд Тур етапна победа за Орика-ГринЕЏ,[28] и со бонус секундите на крајот на етапата, се сместил на десеттото место во генералниот пласман, воедно преземајќи го водството во бодовниот пласман од Кевенди; возачот на {{{име на тимот-2012}}} Хуан Хосе Аедо завршил втор пред Фарар.[25] Ферари, кој ја завршил етапата деветти, бил деградиран како последен во официјалните резултати на етапата,[26] казнет и му биле додадени 30 секунди во генералниот пласман и му се одземени 25 бода во бодовниот пласман; одлука за која неговиот екипен менаџер Џани Савио изјавил дека немал сомневање дека ќе биде таква, која била одраз на постаките на Ферари.[29] Подоцна, Кевендиш напишал на Twitter, дека Ферари треба да биде „засрамен за остранувањето на носителите на розовата, црвената и светската маичка“,[30] и исто така запрашал за одлуката Ферари да продолжи со трката.

Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 20' 53"
2  Хуан Хосе Аедо (АРГ) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
3  Тајлер Фарар (САД) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
4  Арно Демар (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
5  Марк Реншо (АВС) Рабобанк и.в.
6  Тор Хушовд (НОР) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в.
7  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
8  Ромен Фелу (ФРА) Вакансолел-ДКМ и.в.
9  Фумијуки Бепу (ЈАП) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Андреја Гвардини (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Тејлор Фини (САД) Pink jersey White jersey Аксент.џобс-Вилемс Веранда 9ч 24' 31"
2  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 9"
3  Алекс Расмусен (ДАН) {{{име на тимот-2012}}} + 13"
4  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 15"
5  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) {{{име на тимот-2012}}} + 18"
6  Густав Ларсон (ШВЕ) Вакансолел-ДКМ + 22"
7  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 23"
8  Метју Гос (АВС) Red jersey Орика-ГринЕЏ + 23"
9  Марко Пиноти (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 24"
10  Џеси Сарџент (НЗЛ) РадиоШек-Нисан + 26"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

9 мај 2012 — Верона, 33,2 км, екипен хронометар (TTT)[31]
Членови на екипата {{{име на тимот-2012}}} во текот на етапата. Нивниот вкупен резултат му овозможи на Рамунас Навардаускас да стане првиот литвански возач, кој ја носел розовата маичка.

По седми последователен пат,[32] првата етапа на Џиро на италијанска почва била одржана како хронометар; овојпат бил одржан во и околу Верона, на патека од 33,2 км. Патеката започнувата кај Базилика ди Сан Зено, одејќи напред кон општината Сан Пјетро ин Каријано, околу 10 километри надвор од Верона пред да се враќа повторно кон Верона, завршувајќи на најголемиот плоштад во градот, Пјаца Бра.[33] Како и етапите со поединечен хронометар, секоја од екипите е поставена во обратен редослед од тоа како се рангирани во генералниот пласман на крајот на претходната етапа,[34] со исклучок на Аксент.џобс-Вилемс Веранда – втор во пласманот – кој започнал по водачите во генералниот пласман {{{име на тимот-2012}}}, бидејќи Тејлор Фини ја го имал водството на трката за Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[34] Така, Аг2р-Ла Мондијал, кои биле последни во пласманот,[25] кои заостанале за {{{име на тимот-2012}}} за две минути и 18 секунди, биле првата екипа, која поставила време на етапата.[34] Аг2р-Ла Мондијал поставила време од 38' 49" на патеката, единствено Еускалтел-Еускади – кои стартувале три минути подоцна - забележале послабо време на крај.[35]

Андрони Џокатоли-Венецуела имале подобро време од Аг2р-Ла Мондијал, со што на кратко го презеле водството во табелата, пред Лампре-ИСД значително да го подобри нивното време, за над една минута, со помошта на италијанскиот национален првак Адријано Малори на чело на „возот“ на екипата, со нивните главни кандидати за генерален пласман Микеле Скарпони и Дамијано Кунего во средина.[36] Нивното биле останало до настапот на деветтата екипа на етапата, екипата на Хоаким Родригес Катјуша, кој го подобрил дополнително најдоброто време на Лампре-ИСД за половина минути, забележувајќи време од 37' 09",[35] за да му помогнат на Родригес во генералниот пласман - преместувајќи го во првите десет. Времето на екипата се задржало до втората екипа од крајот, {{{име на тимот-2012}}} бил за пет секунди побрз,[36] за нивна втора победа на екипен хронометар оваа година по победата на Трката околу Катар; резултатот и тимската работа го направиле задоволен спортскиот директор Алан Пајпер по завршувањето на етапата.[37] Престојот на Фини во maglia rosa бил завршен, бидејќи Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја завршиле етапата со 31 секунда за времето на {{{име на тимот-2012}}}; водството на трката било преземено од Рамунас Навардаускас, откако највисоко пласираниот возач во екипата пред етапата, Алекс Расмусен,[38] задоцнил зад времето на екипата.[36] Подоцна, Фини изјавил дека неговите падови на претходните денови биле клучен фактор во загубата на водачката маичка.[35]

Резултат од етапа 4
Екипа Време
1 {{{име на тимот-2012}}} 37' 04"
2 Катјуша + 5"
3 Астана + 22"
4 {{{име на тимот-2012}}} + 22"
5 Омега Парма-Квик Степ + 24"
6 Орика-ГринЕЏ + 25"
7 Ликвигас-Канондејл + 26"
8 РадиоШек-Нисан + 28"
9 Тим Скај + 30"
10 Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 31"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Pink jersey White jersey {{{име на тимот-2012}}} 10ч 01' 53"
2  Тајлер Фарар (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 10"
3  Роберт Хантер (ЈАР) {{{име на тимот-2012}}} + 10"
4  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 11"
5  Тејлор Фини (САД) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 13"
6  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 19"
7  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 21"
8  Себастиен Роселер (БЕЛ) {{{име на тимот-2012}}} + 25"
9  Кристијан Ванде Велде (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 26"
10  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 30"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

10 мај 2012 — Модена до Фано, 209 км[39]
Рамунас Навардаускас на почетокот на етапата во Модена. Навардаускас го одржал неговото водство во генералниот пласман, но неговата предност била намалена на пет секунди од неговиот колега од {{{име на тимот-2012}}} Роберт Хантер.

Следејќи го стариот римски пат Вија Аемилија,[40] Пјер Паоло де Негри од Фарнезе Вини-Селе Италија го поттикнал бегството на денот и кратко потоа му се придружиле неколку други возачи, како возачот на Лото-Белисол Оливје Кесен – која бил дел од бегството на втората етапа - и Брајан Булгак и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Алесандро де Марки.[41] Квартетот брзо го засилил темпото за да се издвои од главната група, предводена од екипата {{{име на тимот-2012}}} на водачот во трката Рамунас Навардаускас. Откако го поминале Форли, стигнувајќи до средината на етапата, водството на бегството било над шест минути.[41] Потоа, {{{име на тимот-2012}}} постојано ја намалувал нивната предност, со хронометарските возачи Алекс Расмусен и Себастиен Роселер, кои го контролирале темпото на чело на главната група како што наближувале сè поблиску до крајот; ФДЖ-БигМет исто така имале возачи напред, во надеж да го постават нивниот спринтер Арно Демар за крајот во Фано. Потоа, Катјуша го презела водството во главата група - намалувајќи ја нивната предност за 2' 30" – како што првата група го започнало искачувањето на првото категоризирано искачување на етапата, од четврта категорија Габиче Монте, каде Де Негри прв поминал низ целта, а Кесен отпаднал во текот на искачувањето. Главната група ја намалила нивната предност на половина, отколку што било кога биле на искачувањето.[40]

Де Марки нападнал кратко по врвот на искачувањето, одржувајќи ја предноста од околу една минута пред главната група, се предводена од Ликвигас-Канондејл, кои сакале да го зачуваат двократниот победник на Џиро Иван Басо од проблеми,[40] за разлика од возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тејлор Фини, кој доживеал несреќа четврта етапа по ред.[42] Де Негри и Булгак биле достигнати од главната група не долго по искачувањето, додека Де Марки успеал да се одржи пред групата до околу 20 километри пред крајот.[41] Во рамките на тоа растојание, имало неколку мали напади, како што бил на поранешниот италијански национален првак Џовани Висконти (Мовистар Тим) и возачот на Лото-Белисол, Адам Хансен, но сите стигнале до последниот краен спринт на завршната линија. Самиот спринт бил воден од две екипи; Орика-ГринЕЏ, екипата на водачот во бодовниот пласман Метју Гос и Тим Скај, со светскиот првак - и поранешен колега на Гос – Марк Кевендиш, кој сакал да ја постигне втората победа на Џиро. Како што било направено и на втората етапа, Герајнт Томас го донел Кевендиш до позиција за спринт на околу 200 метри и покрај најдобрите напади на Гос, Кевендиш преовладал во однос на Гос, додека Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) го победил Роберт Хантер ({{{име на тимот-2012}}}) за третото место.[43] За само пет секунди разлика, Хантер ја пропуштил розовата маичка,[44] и маичката останала на Навардаускас. Гос и Кевендиш - кој бил придружен од неговата тукушто родена ќерка Делаја Грејс – обајцата се сместиле во пласманот меѓу најдобрите пет со бонус секундите, кои ги добиле на крајот на етапата.[45]

Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај 4ч 43' 15"
2  Метју Гос (АВС) Red jersey Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
4  Роберт Хантер (ЈАР) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
5  Сака Модоло (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани и.в.
6  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
7  Елија Фавили (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
8  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Арно Демар (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
10  Јонас Аен Јоргенсен (ДАН) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Pink jersey White jersey {{{име на тимот-2012}}} 14ч 45' 13"
2  Роберт Хантер (ЈАР) {{{име на тимот-2012}}} + 5"
3  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 11"
4  Метју Гос (АВС) Red jersey Орика-ГринЕЏ + 13"
5  Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај + 14"
6  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 16"
7  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 19"
8  Кристијан Ванде Велде (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 26"
9  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 30"
10  Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 30"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

11 мај 2012 — Урбино до Порто Сант’Елпидио, 210 км[46]
Мигел Анхел Рубијано пред Јенс Којкелајре во текот на етапата. На крај, Рубијано отишол до етапна победа со предност од над една минута и го обезбедил водството во планинскиот пласман.

По изминатите искачувања од четврта категорија на минатите етапи на трката, на шестата етапа имало и искачувања од повисоко категоризирани искачувања, со три од трета категорија и едно од втора категорија Пасо дела Капела на чакал,[47] сите распоредени по 90. километар.[48] Петнаесет возачи претставувале четиринаесет екипи - само Катјуша имал повеќе од еден возач во бегството, со возачите Гатис Смукулис и Александар Кушински – придонеле за првиот потег на етапата, како забрзувале и полека се одвоиле од главната група во првите 20 километри на етапата.[49] На петнаесеттиот, четири возачи брзо отпаднале, вклучувајќи го водачот во планинскиот пласман Алфредо Балони (Фарнезе Вини-Селе Италија), а во останатите единаесет возачи, најдобар пласман имал возачот на {{{име на тимот-2012}}} Лук Робертс, кој бил 25. пред етапата.[41] Ликвигас-Канондејл, кои немале возач напред, се обиделе да го намалат јазот помеѓу групите, иако единаесетте возачи ја одржувале предноста блиску до девет минути пред првото искачување на денот, Чинголи.[49]

Возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Голаш водел на ова искачување, додека Мигел Анхел Рубијано (Андрони Џокатоли-Венецуела) нападнал на сите три преостанати искачувања, добивајќи доволни бодови да го замени Балони како водач во планинскиот пласман на крајот на етапата.[48] Откако им дозволил на првите две искачувања да му се придружат другите членови на бегството – еден возач, велосипедистот од Мовистар Тим Пабло Ластрас, кој ја напуштил трката по несреќата со возачот на {{{име на тимот-2012}}} Џек Бауер[50] – Рубијано тоа не направил по врвот на Монтегранаро и забрзал сам до победа. Рубијано продолжил да ја зголемување неговата предност пред главната група во следните неколку километри, воедно зголемувајќи предноста и пред другите членови на бегството до максимални минута и половина,[49] додека имал три минути пред самата главна група. Рубијано продолжил до етапна победа[51] и имал околу 70 секунди предност пред групата составена од возачот на Лампре-ИСД Адријано Малори, Голаш, Александар Дјаченко од екипата Астана и Чезаре Бенедети претставувајќи ја дебитантската екипа Тим НетАп.[48] Групата била предводена од возачот на Орика-ГринЕЏ Дарил Импи со 41 секунда за втората група, но Малори остварил значајно време за да стана нов водач во генералниот пласман на трката, 15 секунди пред Голаш.[52] Рубијано се поместил на четвртото место во пласманот зад Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}}), половина минути зад Малори.[53]

Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Мигел Анхел Рубијано (КОЛ) Андрони Џокатоли-Венецуела 5ч 38' 30"
2  Адријано Малори (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 10"
3  Михал Голаш (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 10"
4  Александар Дјаченко (КАЗ) Астана + 1' 10"
5  Чезаре Бенедети (ИТА) Тим НетАп + 1' 10"
6  Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ + 1' 51"
7  Филипо Поцато (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија + 1' 51"
8  Фабио Сабатини (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 51"
9  Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 51"
10  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 51"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Адријано Малори (ИТА) Pink jersey White jersey Лампре-ИСД 20ч 25' 28"
2  Михал Голаш (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 15"
3  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 17"
4  Мигел Анхел Рубијано (КОЛ) Blue jersey Андрони Џокатоли-Венецуела + 30"
5  Кристијан Ванде Велде (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 32"
6  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 36"
7  Питер Стетина (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 37"
8  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 39"
9  Енрико Гаспарото (ИТА) Астана + 39"
10  Лук Робертс (АВС) {{{име на тимот-2012}}} + 41"

Етапа 7[уреди | уреди извор]

12 мај 2012 — Реканати до Рока ди Камбио, 205 км[54]

Првото завршување на врв се случило на седмата етапа, со искачувањето од втора категорија во Рока ди Камбио, на надморска височина од 1.392 м.[55] Иако на етапата имало само уште едно искачување – Коле Галучио – етапата била сметана умерено планинска,[56] иако поголемиот дел од етапата се состоела од испрекинати ридови и спустови и се одржувала на надморска височина од над 500 метри, освен во првите 50 километри.[55] Првичното бегство на етапата било создадено рано на етапата, кога бранот од четири возачи се одвоил од групата.[57] Фумијуки Бепу (Орика-ГринЕЏ) бил придружен во бегството од возачот на Вакансолел-ДКМ Мирко Селваџи, како и двајца возачи претставници на континенталните екипи; Рето Холенштајн за Тим НетАп и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини; квартетот брзо стекнал предност пред главната група, па така по 27 километри предноста била над девет минути.[58]

Главната група, на последното искачување на етапата кон завршницата на врвот Рока ди Камбио.

Групата полека ја намалувала предност, но времето на четворицата возачи напред низ искачувањето и потоа низ средниот спринт во Л’Аквила и напорите од {{{име на тимот-2012}}}, Катјуша и Лампре-ИСД донеле времето да се намали на само две и пол минути.[58] Потоа, Работини нападнал во групата напред, издвојувајќи се брзо, додека го главната група се случиле неколку мали напади, меѓу кои возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Стефано Пираци, кој бил достигнат во вториот потег, додека Валерио Ањоли се обидел да го следи за Ликвигас-Канондејл.[57] Пираци го достигнал Работини, додека Хосе Ерада од Мовистар Тим и Даниеле Пјетрополи (Лампре-ИСД) го достигнал Ањоли, а подоцна Ерада стигнал со првите двајца, а возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Иван Сантаромита ја создал целосната италијанска група напред со Ањоли и Пјетрополи. Неколку возачи на Андрони Џокатоли-Венецуела нападнале на искачувањето, што само ги довело водачите напред во групата, а Работини бил достигнат, откако не успеал да го одржи темпото поставено од Ерада и Пираци.[57]

Пираци се обидел да го нападнал Ерада во неколку наврати во рамките на последните 5 километри на етапата, но не можел да обезбеди доволно големо растојание од него. Потоа, Пираци ја изгубил неговата шанса за етапна победа правејќи грешка на кривина во десна во последниот километар и пол; го згрешил аголот за влез во кривината и со тоа му дал предност на Ерада да го зголеми водството, но групата била блиску до нив.[58] На крајот, Ерада бил достигнат во последните 700 метри, на најстрмиот дел од искачувањето, со наклон од 10% на некои места. Лампре-ИСД се задржал на чело на главната група, каде Пшемислав Њемјец го штител Микеле Скарпони, пред Скарпони да нападне на ридот, а возачот на Астана Паоло Тиралонго го следел; Скарпони го задржал водството до последната кривина, каде Тиралонго дошол позади него и ја освоил неговата втора етапна победа на Џиро.[59] Бидејќи колегата на Скарпони Адријано Малори отпаднал назад во групата на почетокот на искачувањето,[60] Рајдер Хесједал – петти на етапата, пет секунди зад Тиралонго – го преземал водството на трката, станувајќи првиот канадски возач, кој ја носел розовата маичка.[61] Со петнаесет секунди заостанување, Тиралонго се поместил на второто место пред возачот на Катјуша Хоаким Родригес.[62]

Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана 5ч 51' 03"
2  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
3  Френк Шлек (ЛУК) РадиоШек-Нисан + 3"
4  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 3"
5  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 5"
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 9"
7  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 9"
8  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 9"
9  Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 11"
10  Џанлука Брамбила (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 11"
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} 26ч 16' 53"
2  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 15"
3  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 17"
4  Кристијан Ванде Велде (САД) {{{име на тимот-2012}}} + 21"
5  Питер Стетина (САД) White jersey {{{име на тимот-2012}}} + 26"
6  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 26"
7  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 35"
8  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 40"
9  Дамијано Карузо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 45"
10  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 46"

Етапа 8[уреди | уреди извор]

13 мај 2012 — Сулмона до Лаго Лачено, 229 км[63]

По трет последователен ден, возачите настапувале на етапа означена како умерено планинска етапа,[64] истовремено достигнувајќи ја најјужната точка на трката со завршницата во Лачено.[65] Повторно, имало само две категоризирани искачувања; искачувањето од четврта категорија Валико ди Мачероне било обележено на 65,5 километри,[66] за потоа да има спуст и да се оди кон крајот, со второто искачување на денот – Коле Молела – на само 4,4 километри пред крајот.[66] Првичното бегство на етапата било создадено рано на етапата, кога бранот од четворица возачи – возачот на Мовистар Тим Андреј Амадор, Жилиен Берар од Аг2р-Ла Мондијал, возачот на Вакансолел-ДКМ Томаш Марчински и Мигел Мингез (Еускалтел-Еускади) – се одвоиле на 15 километри од почетокот на етапата.[67] До средина на етапата, водечкиот квартет ја одржувал предноста од над 11 минути, откако групата се определила да не лови членовите во бегството.[65][67]

Доменико Поцовиво нападнал на 6,8 километри пред крајот, со што ја освоил својата прва етапа на Џиро со 23 секунди, пред неговиот најблизок конкурент, Бењат Инчаусти.

Амадор и Марчински се одвоиле од другите членови, откако нивната предност била намалена на четири минути на околу 65 километри до Лаго Лачено. Со поставувањето на {{{име на тимот-2012}}}, Астана и Колнаго-ЦСФ Бардијани на чело на групата, предноста на Амадор брзо се намалувала и тие биле достигнати на 17 километри пред крајот.[67] Темпото на Астана, главно наметнато од победникот на Амстел Голд Рејс Енрико Гаспарото довел бројни возачи во проблеми,[65] вклучувајќи го и етапниот победник Мигел Анхел Рубијано (Андрони Џокатоли-Венецуела), но откако Гаспарото сопрел, темпото било оставено на Аксент.џобс-Вилемс Веранда и Ликвигас-Канондејл, пред да дојде Коле Молела.[65] На 6,8 километри пред крајот, победникот на Џиро дел Трентино Доменико Поцовиво нападнал и брзо добил 30 секунди предност пред некој да направи некаков потег, кога Бењат Инчаусти (Мовистар Тим) се обидел да го следи; не можел да го достигне, па Поцовиво победил на првата етапа на Џиро со 23 секунди предност.[68][69] Инчаусти успеал да дојде до второто место, со мала група предводена од третопласираниот Хоаким Родригес од Катјуша, четири секунди зад него. Рајдер Хесједал ја задржал розовата маичка, а Родригес се поместил пред Паоло Тиралонго на второто место – девет секунди зад Хесједал[70] – додека Инчаусти и Поцовиво дошле до петтото и тринаесеттото место во генералниот пласман соодветно.[67]

Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани 6ч 06' 05"
2  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 23"
3  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 27"
4  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 27"
5  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 27"
6  Дамијано Карузо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 27"
7  Џанлука Брамбила (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 27"
8  Бартош Хузарски (ПОЛ) Тим НетАп + 27"
9  Хосе Рухано (ВЕН) Андрони Џокатоли-Венецуела + 27"
10  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 27"
Генерален пласман по етапа 8
Возач Екипа Време
1  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} 32ч 23' 25"
2  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 9"
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 15"
4  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 35"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 35"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 40"
7  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 45"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 46"
9  Френк Шлек (ЛУК) РадиоШек-Нисан + 48"
10  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 52"

Етапа 9[уреди | уреди извор]

14 мај 2012 — Сан Џорџо дел Санио до Фрозиноне, 166 км[71]
Дневното бегство покрај градот Беневенто, во првите 10 километри од етапата. Брајан Булгак води пред Пјер Казо и Мартајн Кајзер.

Без категоризирани искачувања на патеката, етапата - иако со влажни коловози - била сметана како битка помеѓу спринтерите во Фрозиноне,[72] со двајцата први возачи во бодовниот пласман, возачот на Тим Скај Марк Кевендиш и возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос, кои посакувале етапна победа и со Марк Реншо (Рабобанк), кој исто така сакал да ја присвои првата победа во Светската турнеја од неговите поранешни колеги во екипата ХТЦ-Хајроад.[73] Возачот на Лото-Белисол Брајан Булгак влегол во бегството по вторпат во пет етапи и подоцна му се приклучиле Мартајн Кизер од екипата Вакансолел-ДКМ и возачот на Еускалтел-Еускади Пјер Казо.[74] Триото во бегството постигнало максимално предност пред главната група по еден час од етапата, со предност од четири минути, но ниеден од трите возачи не бил во можност да се бори за преземање на розовата маичка од Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}}), па така екипите во генералниот пласман им дозволиле да се одржат напред.[75] Со Орика-ГринЕЏ на чело на групата, предноста била намелена и со 35 преостанати километри од етапата, нивното водство било сведено под една минута. Кизер ги напуштил другите двајца возачи и започнал соло-бегство во надеж за подолг опстанок од групата до Фрозиноне.[75]

Неговите надежи завршија на половина до крајот, кога бил достигнат на околу 17 километри пред крајот.[75] На малите ридови околу Фрозиноне имало неколку мали напади; двоецот од Лото-Белисол Денис Ванендерт и Гаетан БИле, Матео Работини (Фарнезе Вини-Селе Италија) и Сони Колбрели (Колнаго-ЦСФ Бардијани) биле во првиот квартет на напади, но исто така и Хоаким Родригес, втор во генералниот пласман за Катјуша, нападнал сам за освојување неколку секунди пред Хесједал.[76] Со помошта од колегата Анхел Висиосо, Родригес се обидел за подолг напад, но веднаш бил достигнат од главната група.[74] Неколку други мали напади се случиле до крајот, но групата останала целосно до последната лева кривина на 400 метри до целта. Допирот помеѓу Гос и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Филипи Поцато довело до нивен пад, при што доживеале пад и другите возачи, вклучувајќи го и Кевендиш. Поцато го обвинил Гос за падот, додека спортскиот директор на Орика-ГринЕЏ Мат Вајт ја насочил вината кон Поцато.[77] Со намален број на спринтери на целта, возачот од РадиоШек-Нисан Џакомо Ницоло бил најдобро пласираниот за спринт, но брзиот Франсиско Вентосо од Мовистар Тим ја завршил етапата со победа, негова втора етапна победа во кариерата.[78] Вентосо бил следен на линијата од возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Фабио Фелине, Ницоло и Дамијано Карузо од Ликвигас-Канондејл, водачот во пласманот за млад возач.[79] Хесједал исто така бил во првите десет на етапата,[74] и ја одржал неговата предност во генералниот пласман.[80]

Резултат од етапа 9
Возач Екипа Време
1  Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим 3ч 39' 15"
2  Фабио Фелине (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
3  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
4  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл и.в.
5  Даниел Шорн (АВТ) Тим НетАп и.в.
6  Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
7  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} и.в.
8  Матијас Брендле (АВТ) Тим НетАп и.в.
9  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 9
Возач Екипа Време
1  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} 36ч 02' 40"
2  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 9"
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 15"
4  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 35"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 35"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 40"
7  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 45"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 46"
9  Френк Шлек (ЛУК) РадиоШек-Нисан + 48"
10  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 52"

Етапа 10[уреди | уреди извор]

15 мај 2012 — Чивитавекија до Асизи, 186 км[81]

Иако организаторите на трката ја обележале етапата како „умерено планинска“, само едно искачување било категоризирано на патеката,[82] со тоа што завршницата било предвидено на крајот на искачувањето во Асизи. Искачувањето било во два дела, достигнувајќи 15% на одредени места во првиот дел и потоа мал спуст, со просечен наклон од 8,5% во последните 1,2 километри со елементи на искачувањето на калдрма.[83] Возачот на Катјуша Хоаким Родригес – одеднаш на второто место, девет секунди зад водачот Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}})[84] – бил фаворит за етапата,[85][86] има освоено бројни рки на слични стрмни завршници во претходните дванаесет месеци, вклучувајќи две етапни победи на Вуелта а Еспања 2011 и победа на априлската Флеш Валон.

Катјуша и {{{име на тимот-2012}}} на чело на групата на етапата, штитејќи ги нивните соодветни возачи на првите две места во генералниот пласман, Хоаким Родригес и Рајдер Хесједал.

По неколку, дотогаш неуспешни, мали напади во првите неколку километри на етапата, конечно се создало бегство на возачи; составено од возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер – втор ден по ред – како и возачот на Еускалтел-Еускади Мигел Мингез, кој исто така бил втор ден по ред во бегство на трката. Биле придружени од возачот на Аг2р-Ла Мондијал Гијом Бонафон, Матијас Брендле од Тим НетАп и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили и овој квинтет се одвоил од групата во првите 10 километри.[87] Групата успеала да ја зголеми нивната предност на максимални пет минути по изминати 50 километри; Бонафон бил најдобро пласиран од петте возачи во генералниот пласман, заостанувајќи зад Хесједал скоро 24 минути,[88] Катјуша и {{{име на тимот-2012}}} ги штителе нивните највисоко пласирани возачи, со што биле на чело на групата. Фаили се обидел да се одвои од другите членови на бегството на околу 30 километри пред крајот,[87] со што Кајзер и Брендле отпаднале од групата; возачот на Рабобанк Стеф Клемент подоцна ги достигнал овие два возача откако се одвоил од главната група.[88]

Со помошта од Клемент, триото подоцна му се придружило на Бонафон, Мингез и Фаили на групата напред и одржувале предност пред, предводена од екипата на Хесједал {{{име на тимот-2012}}}, на околу една минута; нивното силно темпо на чело на групата довело разликата да се намали на околу дваесет секунди со околу 10 преостанати километри. Бегството било достигнато 2,5 километри подоцна,[88] а неколку екипи се поместиле напред за подобра позиција за искачувањето кон Асизи. Томас Ваиткус (Орика-ГринЕЏ) и Том-Јелте Слагтер (Рабобанк) се обиделе да се одвојат од групата на искачувањето, но тоа траело додека возачот на Аг2р-Ла Мондијал Џон Гадре и возачот на Тим Скај Ригоберто Уран не забрзале во главна група.[87] Даниел Морено ја водел групата, штитејќи го Родригес, но кога се повлекол, Паоло Тиралонго го повлекол потегот за Астана. Потоа Слагтер се обидел уше еднаш, но само Родригес и возачот на Тим НетАп Бартош Хузарски го следеле; Родригес се одвоил со спринт на околу 150 метри пред крајот, но тоа било доволно за етапна победа - негова прва победа на Џиро, со што тој успеал да освои етапи на сите три Гранд Тур[89] – и со бонус секундите на целта, ја преземал розовата маичка по првпат во неговата кариера.[90] Хузарски бил втор, Слагтер завршил дури седми зад Хесједал.[91]

Резултат од етапа 10
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 4ч 25' 05"
2  Бартош Хузарски (ПОЛ) Тим НетАп + 2"
3  Џовани Висконти (ИТА) Мовистар Тим + 2"
4  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 6"
5  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6"
6  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} + 6"
7  Том-Јелт Слагтер (ХОЛ) Рабобанк + 6"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 6"
9  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 6"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 6"
Генерален пласман по етапа 10
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Pink jersey Катјуша 40ч 27' 34"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 17"
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
4  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 52"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
7  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"
9  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 09"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 1' 10"

Етапа 11[уреди | уреди извор]

16 мај 2012 — Асизи до Монтечатини Терме, 255 км[92]
Групата, предводена од членови на различни екипи, преминуваат искачување на патеката.

Средината на трката била обележена со најдолгата етапа во целиот тек; 255 километри долгата етапа била идеална за спринтерите,[93] и покрај искачувањето Вико при крајот на етапата, на околу 11 километри пред целта во Монтекатини Терме.[94] Во првите 10 километри на етапата, шест возачи – возачот од Еускалтел-Еускади Адријан Саез, возачот на ФДЖ-БигМет Микаел Делаж, Оливје Кесен (Лото-Белисол), Мануеле Боаро од {{{име на тимот-2012}}}, возачот на Вакансолел-ДКМ Стефан Денифл и Симоне Понци од Астана – стекнале предност пред главната група,[95] и тие успеале да ја зголемат на максимални пет минути. Меѓутоа, групата ја одржувала разликата, и покрај Денифл - најдобро пласиран во групата - заостанувал зад новиот водач Хоаким Родригес (Катјуша) скоро 42 минути.[96]

Групата, сликана на 15 километри пред крајот на етапата. Предводена од двоецот на Ликвигас-Канондејл Иван Басо и Ерос Капеки, како и водачот во генералниот пласман Хоаким Родригес, во розова маичка на третата позиција.

Со Рабобанк, Тим Скај и Катјуша на чело на групата, разлика на бегството се движела од две до четири минути; на врвот на првото од двете искачувања на етапата, Поџо ала Кроче по 100 километри, разлика на бегството - сега без Понци, кој отпаднал и се вратил во групата по првиот час од етапата – изнесувала само две минути.[96] Временската разлика брзо се намалила на околу 30 километри пред крајот, па така таа била само неколку десетици секунди. Во ова време, Боаро - добар специјалист за хронометри,[97] национален јуниорски првак и завршил втор зад Адријано Малори на италијанското првенство 2011 - ги нападнал другите членови на бегството. Боаро успеал да се одржи пред групата до последниот круг,[95] 14,4 километри во должина, кога Мовистар Тим го презел водството.

Мали напади се случиле на искачувањето Вико,[96] но брзо биле неутрализирани потоа; со очекуваниот масовен спринт на крајот. Тим Скај се обидел да се подготви за крајот со Марк Кевендиш, но погрешното читање на последната кривина од првите возачи Питер Кенох и Герајнт Томас го попречило светскиот првак, дозволувајќи им на Томас Ваиткус (Орика-ГринЕЏ) и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Роберто Ферари да се пробијат напред и да се борат за победа. Зад нив, спринтерот од Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло се најде на патеката по вторпат на трката,[95] претходно вмешан во падот на етапата 3. Ферари завршил прв и ги победил другите соперници за неговата прва етапна победа на Џиро,[98] со возачот на Омега Парма-Квик Степ Франческо Кики, кој го отспринтал Ваиткус за второто место. Кевендиш несреќно завршил четвртти,[99] но успеал да го презеде водството во бодовниот пласман од колегата на Ваиткус, Метју Гос.[100] Немало никакви други промени во носителите на маичките, додека Родригес го задржал водството на трката и во втората половина на трката.[101]

Резултат од етапа 11
Возач Екипа Време
1  Роберто Ферари (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела 6ч 49' 05"
2  Франческо Кики (ИТА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
3  Томас Ваиткус (ЛИТ) Орика-ГринЕЏ и.в.
4  Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај и.в.
5  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
6  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
7  Даниел Шорн (АВТ) Тим НетАп и.в.
8  Арно Демар (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
9  Данило Вис (ШВА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в.
10  Жофре Суп (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
Генерален пласман по етапа 11
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Pink jersey Катјуша 47ч 16' 39"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 17"
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
4  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 52"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
7  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"
9  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 09"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 1' 10"

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Маичките, кои се појавуваат во табелата на левата страна, покажуваат од кој велосипедист се носени на соодветната етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна ги покажуваат оние наградени на велосипедистот по етапата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на етапа 1: Хернинг-Хернинг“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  2. Моричи, Антонино. „Контадор зборува за Џиро: Ги видов сите етапи“. La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 5 мај 2012.
  3. „Џиро д'Италиа 2012 ќе започне во Данска“. ESPN.com. ESPN. Associated Press. 1 април 2011. Посетено на 5 мај 2012.
  4. Оутс, Рус (5 мај 2012). „Џиро д'Италиа 2012 Етапа 1: Трката започнува во Данска со хронометар“. SB Nation. Vox Media. Посетено на 5 мај 2012.
  5. „Етапа 1 - Сабота 5 мај“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 април 2012. Посетено на 5 мај 2012.
  6. „Почетен список на првиот хронометар на Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 4 мај 2012. Посетено на 5 мај 2012.
  7. 7,0 7,1 7,2 Аткинс, Бен (5 мај 2012). „Тејлор Фини победи на првиот хронометар на Џиро д'Италија“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 5 мај 2012.
  8. 8,0 8,1 8,2 Прајд, Кени (5 мај 2012). „Фини победил на првата етапа на Џиро 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 5 мај 2012.
  9. Браун, Грегор (5 мај 2012). „Фини го оствари сонот на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 5 мај 2012.
  10. „Фини го освои прологот на Џиро и стана розов“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 5 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-07. Посетено на 5 мај 2012.
  11. „Профил на етапа 2: Хернинг-Хернинг“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  12. 12,0 12,1 12,2 Вестемајер, Сузан (6 мај 2012). „Кевендиш со спринт до победа на втората етапа на Џиро д'Италиа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 7 мај 2012.
  13. 13,0 13,1 13,2 Аткинс, Бен (6 мај 2012). „Марк Кевендиш победи по долгиот спринт на етапата 2“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 мај 2012.
  14. „Balloni on the run for the blue shirt, Guardini crashed“. Фарнезе Вини-Селе Италија (италијански). Croft Sport Limited. 6 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 7 мај 2012.
  15. „Фини сè уште во водство“. Аксент.џобс-Вилемс Веранда. BMC Trading AG. 6 мај 2012. Посетено на 7 мај 2012.
  16. Холкомб, Брајан (6 мај 2012). „Бос под прашање, Реншо мотивиран по несреќата за Рабобанк“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-05-10. Посетено на 7 мај 2012.
  17. Бул, Ник (6 мај 2012). „Кевендиш победи на етапата од Џиро во Хернинг“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 7 мај 2012.
  18. Галагер, Брендан (6 мај 2012). „Марк Кевендиш со спринт до етапна победа“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 7 мај 2012.
  19. „Профил на етапа 3: Хорсенс-Хорсенс“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  20. „Ваутер Вејлант победи на етапа 3; Александер Винокуров води на Џиро д'Италиа“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 10 мај 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-12. Посетено на 7 мај 2012.
  21. „Велосипедистот Ваутер Вејлант умре по несреќата на Џиро д'Италиа“. BBC Sport. BBC. 9 мај 2011. Посетено на 7 мај 2012.
  22. „Спомен за Ваутер Вејлант“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 7 мај 2012. Посетено на 7 мај 2012.
  23. „After Trojborg death: Large changes in Giro's program Monday“. DR.dk (дански). DR. 7 мај 2012. Посетено на 7 мај 2012.
  24. Јанг, Мајк (7 мај 2012). „Познат дански политичар умрел на велосипедска трка“. University Post (University of Copenhagen). Universitetsavisen. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 7 мај 2012.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Бенсон, Даниел (7 мај 2012). „Гос победил со масовниот спринт во Хорсенс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 7 мај 2012.
  26. 26,0 26,1 26,2 Аткинс, Бен (7 мај 2012). „Мет Гос конечно победи на етапа на Џиро“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 7 мај 2012.
  27. „Goss in the third Danish stage“. Corriere della Sera (италијански). RCS MediaGroup. 7 мај 2012. Посетено на 7 мај 2012.
  28. Лов, Феликс (7 мај 2012). „Кевендиш паднал, а Гос однел победа“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 7 мај 2012.
  29. Fotheringham, Alasdair (7 мај 2012). „Савио се извинил за маневарот на Ферари“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 7 мај 2012.
  30. Браун, Грегор (7 мај 2012). „Ферари треба да биде засрамен за спринтот на Џиро, вели Кевендиш“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 7 мај 2012.
  31. „Профил на етапа 4: Верона-Верона“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  32. Браун, Грегор (9 мај 2012). „Екипите се спремни за екипниот хронометар на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 9 мај 2012.
  33. Мума, Стивен (9 мај 2012). „Џиро д'Италиа 2012 Етапа 4: Трката оди до Верона“. SB Nation. Vox Media. Посетено на 9 мај 2012.
  34. 34,0 34,1 34,2 „BMC последен на екипниот хронометар на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 мај 2012. Посетено на 9 мај 2012.
  35. 35,0 35,1 35,2 Бенсон, Даниел (9 мај 2012). „Гармин-Баракуда до победа на екипниот хронометар во Верона“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 мај 2012.
  36. 36,0 36,1 36,2 Аткинс, Бен (9 мај 2012). „Гармин-Баракуда го довезла Рамунас Навардаускас до розовата маичка во Верона“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 мај 2012.
  37. Браун, Грегор (9 мај 2012). „Гармин го освои третиот Грант Тур екипен хронометар“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 9 мај 2012.
  38. „Расмусен цели кон розовата маичка и место во историјата“. VeloNation. VeloNation LLC. 9 мај 2012. Посетено на 9 мај 2012.
  39. „Профил на етапа 5: Модена-Фано“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  40. 40,0 40,1 40,2 Atkins, Ben (10 мај 2012). „Марк Кевендиш ја освои втората етапа на Џиро во Фано“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 10 мај 2012.
  41. 41,0 41,1 41,2 41,3 Косинс, Питер (10 мај 2012). „Кевендиш со спринт до етапна победа на етапа 5 во Фано“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 10 мај 2012.
  42. Кене, Жан-Франсоа (10 мај 2012). „Фини продолжува во Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 10 мај 2012.
  43. Гладстон, Хју (10 мај 2012). „Кевендиш се враќа со втора етапна победа на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 10 мај 2012.
  44. Вокер, Ли (10 мај 2012). „Кевендиш до двојна победа на Џиро“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 10 мај 2012.
  45. Gallagher, Brendan (10 мај 2012). „Тим Скај го поставиле совршено за спринт со Мет Гос за етапна победа“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 10 мај 2012.
  46. „Профил на етапа 6: Урбино-Порто Сант'Елпидио“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  47. „Џиро - Етапа 6“. The Inner Ring. WordPress. 11 мај 2012. Посетено на 11 мај 2012.
  48. 48,0 48,1 48,2 Робинсон, Марк (11 мај 2012). „Рубијано до соло победа на етапа на Џиро во Порто Сант'Елпидио“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 мај 2012.
  49. 49,0 49,1 49,2 Аткинс, Бен (11 мај 2012). „Мигел Анхел Рубијано со бегство до соло победа во Порто Сант'Елпидио“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 мај 2012.
  50. Гладстон, Хју (11 мај 2012). „Рубијано соло до етапна победа на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 11 мај 2012.
  51. „Адријано Малори води на Џиро“. ESPN.com. ESPN. Associated Press. 11 мај 2012. Посетено на 11 мај 2012.
  52. „Мигел Рубијано соло до победа на шестата етапа на Џиро, Малори во розова“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 11 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 11 мај 2012.
  53. Вокер, Ли (11 мај 2012). „Рубијано соло до победа, Малори во розово“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 11 мај 2012.
  54. „Профил на етапа 7: Реканати-Рока ди Камбио“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  55. 55,0 55,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc7.
  56. Худ, Ендру (11 мај 2012). „Менаџерот на Андрони Савио ја добил неговата победа“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-05-14. Посетено на 12 мај 2012.
  57. 57,0 57,1 57,2 Вестемајер, Сузан (12 мај 2012). „Тиралонго победи во Рока ди Камбио“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 мај 2012.
  58. 58,0 58,1 58,2 Аткинс, Бен (12 мај 2012). „Паоло Тиралонго со искачувања до слава во Рока ди Камбио“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 мај 2012.
  59. „Тиралонго преку искачувањето до победа на првата завршница на врв на седмата Етапа на Џиро; Хесједал стана розов“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 12 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 12 мај 2012.
  60. „Tiralongo wins hilltop finish“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 12 мај 2012. Посетено на 12 мај 2012.
  61. Фотерингем, Алесдер (12 мај 2012). „Хесједал станал првиот Канаѓанец, кој ја носел розовата маичка на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 мај 2012.
  62. Вин, Најџел (12 мај 2012). „Хесједал станал розов по планинската завршница“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 12 мај 2012.
  63. „Профил на етапа 8: Сулмона-Лаго Лачено“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  64. Вудрам, Бредли (13 мај 2012). „Преглед на етапа 8 на Џиро д'Италиа 2012: Велосипедистите ќе се соочат со нови 229 километри на планините“. SB Nation. Vox Media. Посетено на 13 мај 2012.
  65. 65,0 65,1 65,2 65,3 Аткинс, Бен (13 мај 2012). „Доменико Поцовиво нападнал за победа во Лаго Лачено“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 мај 2012.
  66. 66,0 66,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc8.
  67. 67,0 67,1 67,2 67,3 Косинс, Питер (13 мај 2012). „Поцовиво победил на осмата етапа на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 мај 2012.
  68. „Поцовиво победил на осмата етапа на Џиро; Хесједал ја одбранил розовата маичка“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 13 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 13 мај 2012.
  69. „Возачот на Колнаго Доменико Поцовиво победил на осмата етапа на Лаго Лачено“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 13 мај 2012. Посетено на 13 мај 2012.
  70. „Рајдер Хесједал останува во водство на Џиро“. ESPN.com. ESPN. Associated Press. 13 мај 2012. Посетено на 13 мај 2012.
  71. „Профил на етапа 9: Сан Џорџи дел Санио-Фрозиноне“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  72. „Преглед на Џиро д'Италиа Етапа 9: Спринтерска забава!“. Podium Cafe. Vox Media, Inc. 13 мај 2012. Посетено на 14 мај 2012.
  73. Гинис, Руперт (14 мај 2012). „Реншо сè уште чека на етапна победа“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Посетено на 14 мај 2012.
  74. 74,0 74,1 74,2 Бенсон, Даниел (14 мај 2012). „Вентосо победи на деветтата етапа на Џиро 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 14 мај 2012.
  75. 75,0 75,1 75,2 Аткинс, Бен (14 мај 2012). „Франсиско вентосо со спринт до етапна победа по падот во последната кривина“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 14 мај 2012.
  76. Стоукс, Шејн (14 мај 2012). „Родригес во напад за добивање на розовата маичка на деветтата етапа“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 14 мај 2012.
  77. Браун, Грегор (14 мај 2012). „Поцато се извинил за падот на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 14 мај 2012.
  78. „Вентосо го преживеа падот во етапата 9 на Џиро д'Италиа“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 14 мај 2012.
  79. Лов, Феликс (14 мај 2012). „Вентосо го избегнал падор и ја освои деветтата етапа“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 14 мај 2012.
  80. Бул, Ник (14 мај 2012). „Вентосо победи во Фрозиноне, а Гос и Кевендиш доживеаја пад“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 14 мај 2012.
  81. „Профил на етапа 10: Чивитавекија-Асизи“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  82. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc10.
  83. „Етапа 10 Последни километри: Чивитавекија-Асизи“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 15 мај 2012.
  84. „Родригес до победа на десеттата етапа на Џиро, премина во розово“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 15 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-20. Посетено на 15 мај 2012.
  85. Худ, Ендру (14 мај 2012). „Џиро, Етапа 9: Родригес најголема опасност за розовата маичка на Хесједал“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 15 мај 2012.
  86. „Џиро Етапа 10“. The Inner Ring. WordPress. 15 мај 2012. Посетено на 15 мај 2012.
  87. 87,0 87,1 87,2 „Родригес победил на етапата на Џиро во Асизи“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 мај 2012. Посетено на 15 мај 2012.
  88. 88,0 88,1 88,2 Аткинс, Бен (15 мај 2012). „Хоаким Родригес ја презеде розовата маичка на калдрмата во Асизи“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 мај 2012.
  89. Фотерингем, Аласдер (15 мај 2012). „Родригес на искачување нападна и го презеде водството на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 мај 2012.
  90. Абрахам, Ричард (15 мај 2012). „Родригес победи во неизвесен крај и го презема водството на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 15 мај 2012.
  91. Лов, Феликс (15 мај 2012). „Родригес во розово по победата“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 15 мај 2012.
  92. „Профил на етапа 11: Асизи-Монтечатини Терме“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  93. „Џиро Етапа 11“. The Inner Ring. WordPress. 16 мај 2012. Посетено на 16 мај 2012.
  94. „Џиро д'Италиа 2012: Преглед на етапа а11“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. 2 мај 2012. Посетено на 16 мај 2012.
  95. 95,0 95,1 95,2 „Ферари со спринт до победа на етапата 11 на Џиро во Монтекатини Терме“. Cycling News. Future Publishing Limited. 16 мај 2012. Посетено на 16 мај 2012.
  96. 96,0 96,1 96,2 Аткинс, Бен (16 мај 2012). „Роберто Ферари со спринт до етапна победа на Џиро“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 16 мај 2012.
  97. „Мануеле Боаро со импресивен напад на Џиро - спринтот нарушен од падот“. {{{име на тимот-2012}}}. Riis Cycling. 16 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 16 мај 2012.
  98. Рајан, Бери (16 мај 2012). „Ферари до етапна победа на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 16 мај 2012.
  99. Браун, Грегор (16 May 2012). „Кевендиш разочаран за загубата на етапата на Џиро во Монтекатини Терме“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 16 мај 2012.
  100. Richardson, Simon (16 мај 2012). „Ferrari wins Giro stage on his ride to redemption“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 16 мај 2012.
  101. Лов, Феликс (16 мај 2012). „Брзиот Ферари до победа на етапата 11“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 16 мај 2012.